Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 124

Martin Trenevski 1
1martin1
Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЗАЕВ СЕПАК СЕ ПАЗАРИЛ НО НЕ СЕ ИСПАЗАРИЛ ВО СОФИЈА
1.  Зоран Заев, со цела тајфа негови министри, минатата недела беше во еднодневна екскурзија во Софија, небаре да ги одоброволи бугарските лидери – или како што кажа самиот во една прилика: да ги моли и да коленичи за да го омекнеле нивниот негаторски и блокирачки став за евроинтеграциите на Македонија! И по кој знае кој пат – повторно, Заев направи протоколарен гаф за што јавно му замерија и бугарските медиуми, но и бугарски политичари. Првата средба на Заев (во посета на Бугарија бил  б е з  официјална покана!!!) беше со доскорешниот премиер Бојко Борисов, иако тој  лично (Борисов) ни постави вето минатиот декември за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ! Реакција на овој потег на Заев веднаш уследи и тоа од лидерот на партијата “Има таков народ” Слави Трифонов, чија популарност нагло расте! Тој коментираше дека Заев се среќавал со “небитни луѓе”.
   Најмногу вимание, особено кај нас дома, во Македонија, предизвика непознаницата: дали Заев носеше во својата актовка некаква понуда – небаре за компромис со Бугарија за спорните прашања, и ако носел, во што се состоела понудата на македонската влада? Уште поконкретно, се поставува прашањето: на какви отстапки е спремен сега Зоран Заев само по секоја цена да започне преговори за членство во ЕУ, и тоа што е можно поскоро!? (Интересно е инсистирањето на Заев за почеток на преговори – по секоја цена, што, според добрите познавачи на приликите е  н е в о з м о ж н а   м и с и ј а   во блиска иднина, барем судејки по тоа како стојат работите)!
   Иако Владата на РМ со соопштение се обиде да негира дека имало било каква понуда од македонска страна за да се отстрани бугарската блокада (Владата континуирано го лаже сопствениот народ), од Софија пристигна потврда дека сепак имало понуда и тоа во писмена форма била презентирана на претседателот на Бугарија Румен Радев и на техничката влада, а сега таа понуда била предмет на разгледување од бугарска страна! 
   Сосема извесно е дека понудата на Заев е срочена во некои кабинети на Илинденска б.б. и како по обичај  б е з  консултации со македонската стручна јавност и пратениците во македонскиот Парламент!? (Се прашувам: Што се замислува овој, муртинецов? Дека ја поседува Македонија, дека е нејзин сопственик, губернатор, што ли, та самиот одлучува и суди за нејзината судбина и иднина??? И што е најстрашно – неговите сулуди идеи и отстапки така ноншалантно да ги пласира на туѓа маса како наш, општомакедонски став? Какво невидено безобразие и бескрупулозност!!!)
   Но ајде да видиме, како по обичај од странски/соседски извори, што содржи конкретниот предлог со којшто мудреците или подобро речено малоумниците од белата палата покрај Вардар пошле на гости во Софија? Еден од соговорниците – привремениот бугарски премиер Стефан Јанев, самиот потврди дека некаква конкретна понуда во форма на предлог од македонска страна сепак била ставена на маса!? Со еден збор: Заев сепак доставил писмен документ како предлог до официјална Софија што

сега се разгледува во бугарската влада и во кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, а што го потврдил и Кирил Атанасов, секретар за комуникации во кабинетот на бугарскиот Претседател. 

   Иако официјалните структури во Софија одбиваат да соопштат детали од  понудата на Заев, бугарските медиуми сепак откриваат понекој детал. Така, весникот „24 часа“ соопшти дека  македонскиот премиер Зоран Заев предложил компромис за јазикот, според кој бугарскиот и македонскиот јазик да се дефинираат како исти јазици (!?), но меѓународно признати како различни!?
   Владата на Р.Македонија – фатена во лага, како по обичај ја демантираше информацијата на бугарскиот весник, објаснувајќи дека таков предлог не е ставен на преговарачка маса, а визитацијата на Софија ја тумачи како “позитивен исчекор што овозможи да се разговара за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предлог”.
   Кој “португалски предлог” бре несреќи едни? Па такво нешто веќе не постои бидејки бугарската страна го одби истиот ден кога португалскиот претседател го донесе и го презентирасше во Софија!

   Да се навратиме на писанието на Заев презентирано сред Софија. Според бугарските медиуми тоа содржи пет можни опции за решавање на спорот со цел кревање на бугарската блокада. Меѓу останатото и отварање на досиејата од Македонските архиви од периодот на Студената војна со цел обелоданување на репресијата што се вршела од тогашните југословенски власти врз Бугари од Македонија, како и предлог за ставање на Бугарите во Уставот, како граѓани кои живеат во Македонија.
   Најконтроверзни од петте “понуди”, или отстапки на Зоран Заев се “дека говориме на ист јазик, што меѓународно се признати како два различни јазици“, како и муртинската понуда да се донесе декларација дека двата народа се братски!? Згора на се, на средбата со техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев, Заев наводно ветил дека ако на средбата во Брисел на Советот на ЕУ за општи работи на 22 јуни Бугарија го поддржи почетокот на преговорите со Македонија, ние ќе сме направиле неопходни компромиси за спорните историски теми!? (Со што ќе правиш компромис бре Зоране, несреќо една, и кој те овластил???).
     Што е многу – многу е, па макар било од Зорана Заев и неговата антимакедонска клика подржувачи! На ова зло што ни го наметна длабоката држава само за да го помогне грчкиот патолошки антимакедонизам и бришење на Македонците од мапата народи на оваа планета. мора да му се стави крај! Чаре? Нови парламентарни избори (без вплеткување на Дејвид Стивенсон и слични нему), истовремено со локалните избори закажани за октомври оваа година. А како да се изнудат предвремени парламентарни иѐбори? Па убаво, да се блокира работата на Македонскиот парламент со оставки (напуштање) на пратениците на опозицијата; да се продолжи па дури и да се интензивираат блокадите на македонските сообраќајници со општонародни, а не партиски собирања на секој којшто е против оваа узурпаторска власт, но да се мотивираат и малцинствата, бидејки злото што ни го наметнува власта и последиците ги чуствуваме сите ние граѓаните на Македонија.
   Време за акција нема многу! Започнаа летните одмори; панденимаја со вирусот е речиси при крај и народот се ослободи од стегите на блокадите, затоа да дејствуваме сега, веднаш, бидејки муртинецов е целосно посветен на реализацијата на сценариото на длабоката држава за наше целосно разнебитување и ништење како посебна нација.
   Тоа им го должиме на оние што ги дале животите за оваа земја и народ, но и на идните генерации!
2. Бруталната и без сомнеж шизофрена антимакедонска кампања од Брисел повторно е во погон. Се разбира, како и до сега, зад таа кампања стои – кој друг, ако не европратеникот Ангел Џамбаски. Нејзиниот гласноговорник (но чиј гласноговорник навистина е тој? На софиското ВМРО или на некој многу помоќен антимакедонски ментор што го става него во функција како некој арлекин?) Џамбаски се огласи од Брисел со најнова шизофрена теза дека: Македонија била бугарска и од двете страни на границата кај Деве Баир живее една нација!? Во неговоро најново фашизоидно видео тој тврди дека една нација живее на двете страни од границата кај Деве Баир, а тоа е бугарската и дека немало две нации или два народи.
   Едно нешто навистина ме изненадува! Не ме чудат налудничавите испади на Џамбаски на антимакедонска основа, но ме изненадува што од Европскиот Парламент, каде членува Џамбаски, нема никаква реакција на неговите шизофрени и над се расистички реакции. Па нели Европската Унија и Парламентот во Стразбург се израз на вредности и стандарди, најзначаен мировен и културен проект во поствоена Европа што треба да е пример за однесување на само на членките, но и на земјите кои имаат аспирации да им се придружат!?
  Се чини, а праксата го потврдува тоа, дека сепак не е така како што си замислуваме ние од страна, кои чукаме на портите и чекаме со стекнатите вредности (а не како неквалификуваната Бугарија – со подршка на старите сојузници) прием во ексклузивниот клуб наречен Европска Унија!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top