Коментари

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ : МАКЕДОНСКИОТ СРАМ НА ЗОРАН ЗАЕВ И ПЕНДАРОВСКИ

1g121

1Djordji Ilievski

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ ВИШ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОР

Деновиве се изнаслушавме за разните скандали на функционерите, за криминалот и корупцијата, непотизмот… Извештајот на американскиот Стејд департмент и порача на Владата на Зоран Заев „наместо најави да превземете конкретни мерки против корупцијата кои го има на високите ешалони на Власта и институциите“. За да на последново искажано премиерот на нашава земја (како милува да ја нарекува), за мене Македонија да изјави дека: „Јас, министрите и директорите не сме корумпирани, тие на шалтерите се, односно оние од третиот ешалон…“. Трагикомично искажано од Зоќи (вака милува да го нарекува Русјаков-нека ми прости). Добро, ако е третиот ешалон Зоране, како што искажуваш. Дали тие од третиот ешалон имаат раководители!!! ДА имаат, тие раководители, кој ги поставил?? ТИ бре Зоране ( сите се партиски поставени во овие години). За криминалот и корупцијата со рекети, марихуани се од „третиот ешалон“ Не бре Зоране, тука се вмешани твои луѓе блиски. Можеби се овие твоиве од третиот ешалон.

Сигурно, од твојот „трет ешалон“ ти е и специјалниот советник и финансиер на твојата партија СДСМ, преку бордот на Телеком до Судски совет, Тања Чачаровска Илиевска (адвокат) за член на Судскиот совет. Ова Зоране, не е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ и НЕЗАВИСНО СУДСТВО, туку ова е како што пишувам во мојата најнова книга Македонија со хибриден криминален режим, ова не е правна држава. Партизирани и корумпирани институции под контрола твоја Зоране!.

Уште нешто Зоране, за твојот  „третиот ешалон“, скандал…Македонската олимписка делегација на Олимписките игри за Токио, почнувајќи од твојот миленик претседателот на МОК, Даниел Димевски, на списокот ја ставил својата сопруга, да небиде покусо таму се наоѓа сопругата на директорот („трет ешалон“) на АМС-Наумче Мојсовски. Зошто само тие, па директорот на МОК Владимир Богоевски да покаже сила го пријавува својот син како дел од олимписката делегација. Браво за овие од „третиот ешалон“,партиски поставени луѓе од тебе, Зоран Заев. Ова е голем скандал, привилегии за моќници. Зоране, кој го постави овие партиски луѓе. Дали има овде злоупотреба, непотизам и парични криминал. Ајде Николовски, определен за криминал. Но за каков криминал???. Понатака,претседателот Пендаровски, треба да одговори. Дали му е партизирана Комисијата за помилување (СДСМ-ДУИ) или е експертска комисија?

Еве зошто!

Претседател на Комисијата за помилување е Сабит Кранли, поранешен судија во Врховен суд, неговиот внук Ветон Кранли е поставен за Началник на организиран криминал во БЈБ, кај Оливер во МВР, после итното пензионирање на Лазе Велковски. Понатака, братот на Ветон Кранли, Емин Кранли е Началник на ОВР Ресен. Ова не е   непотизам, нема партиски помилувања, дали се случајни овие роднински врски?. Ајде Заев, Пендаровски, Николовски и Оливер, чекам одговор. Што се крие зад сето ова. Или, одговорите на ова: Во Комисијата за помилување во кабинетот на Пендаровски е и пензионираниот судија од Кичево Божин Аврамовски, поранешен претседател на  судот во Кичево. Претседател Пендаровски, одговорете! Дали е точно, на предлог на неговата ќерка која е Генерален секретар на град Скопје  кај Шилегов, од СДСМ е поставен за член на оваа комисија. Чекам одговор!!!. Ајде Заев, Пендаровски, Николовски и Оливер, испитајте. Дали е точно дека ќерката на Божин Аврамовски, Викторија Аврамовска Мандиќ е позната по тоа што во изминатиот период сите тендери ги доделила на сопругот на нејзината сестра Димитар Петрески. И, Дали е точно дека Викторија Аврамовска Мандиќ со реформите во СДСМ од пред некој месец е поставена за член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Претседател Пендаровски само да Ве потсетам за поднесената Преставка под бр. 12-38 од 26.04.2021 година, а во врска неприменување на владеењето на правото во областа на високото образование во нашата држава-Македонија.

Чекам одговори, од Вас од првиот ешалон. Повелете

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top