Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 129

Martin Trenevski 1

1martin1

ПОВАМПИРЕНИОТ СТАЛИНИЗАМ –  ГРДА РЕАЛНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

1. Кој можеше да поверува дека во нашата Македонија за последниве години ќе се повампири едно од најголемите политички и општествени зла за последниве 100 години – сталинизмот!? За жал, тоа е нашата грда реалност од која можеме и мораме да се отерасиме (а тоа е наша должност) на следните локални, а се надевам во блиска иднина и парламентарни избори!

   Системот во којшто живееме, т.е. грдата реалност што ни ja наметнаа наследниците на едноумието, имам впечаток дека ги вчудоневиди дури и сценаристите од длабоката држава кои зацртаа смена на легално избраната и патриотска влада на Никола Груевски и нејзина замена со лесно податлива и за западот секогаш исполнителна номенклатура на власт која е спремна на се, ама буквално се што ќе се побара од неа, да исполнат при тоа најчесто нанесувајки непоправлива штета на сопствениот народ и држава. Скоро секојдневните извештаи за пад на Македонија на листата земји во кои владее корупцијата, пад и на списокот земји со се помалку човекови слободи и демократија… и се во тој стил, се непосредна потврда за длабокото тонење на земјата во калта на беззаконието, корупцијата и партизираното судство.

   Длабоката држава што ја интронизира оваа номенклатура на власт преку “шарената револуција”, илегално снимените телефонски разговири (злоупотребени како доказен материјал (?) во монтираните судски процеси) и дирекното мешање во нашите внатрешни работи, претпоставувам им даде потполна слобода на властодршците само да ја исполнат нејзината таргетирана цел: промена на името на земјата и нејзиниот Устав, а како награда за стореното недело од инсталираната номенклатура на власт нив ги награди со давање одврзани раце и толеранција на грабежот на државен капитал и се друго што потенцијално беа во можност да си присвојат!

   Стејт департментот деновиве упати до сега најостра критина на состојбите во македонското општество, во кое царува корупцијата, но прашање е дали тие критики воопшто допираат до владеачката врхушка на власт која освем декларативно, не видовме дека превзема нешто сериозно за да застане на патот на ова зло!? Иако власта глуми дека институционмално се бори против корупцијата (формира демек и комисија за борба против корупцијата, именува потпретседател на владата за борба против корупцијата и сл.) факт е дека ниту еден тендер на државно, градско и општинско ниво не поминува а во него да не е вграден некој процент за приватни џепови или за фондот за поткуп на гласачи!!!

   Два суштествени сектора на власта – полицијата и судството. актуелната власт ги претвори во партински инструменти на владеењето со сеење на страв, типично за режимите во времето на сталинизмот. А нејзината цел не е владеењето на правото и правната држава, туку јасна порака до опозиционерите на власта да не креваат глава, бидејки ќе се соочат со долги и над се  м о н и т р а н и  судски процеси и драконски затворски казни!

   Најактуелен политички монтиран случај секако е четиримесечниот притвор на познатиот бизнисмен Јордан Камчев кого го гонат за купување на некаков плац на Водно. Се обидувам да разберам во што е “гревот” на Камчев, ако воопшто има некаков грев, но едноставно не можам да сватам, иако е очигледно дека се работи за лична освета на Зоран Заев кон Камчев кој во затворот Шутка е изложен на невидена бруталност и физичко малтретирање во инквизициски стил, што предизвика нарушување на неговото здравје за кое и доктори кардиолози констатираа дека е серозно загрозено! Случајот со Јордан Камчев е до тој степен апсурден и очигледно е дека се работи за политичка и лична вендета (освета) на Зоран Заев кон Камчев, поради што за тој случај интерес пројави и канцеларијата на ОБСЕ во Скопје која им најави на неговите адвокати дека непосредно ќе го набљудува тој судски процес, што ќе биде поместено и во годишниот извештај на организацијата за /не/владеењето на правото во РМ за 2021 година.

   И додека го пишувам овој прилог, беше објавена пресудата за поранешниот спикер на Собранието Трајко Вењаноски, поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и високиот полициски службеник Владимир Атанасовски на вкупно 25 години затвор, без  докази и базирана само на изјавата на сомнителен тип од скопското подземје дека наводно биле организатори на настаните од 27ми април 2017 со упадот во Собранието на РМ. Со други зборови, сталинизмот во македонски стил продолжува, судовите како алатка на власта не бираат средства за да се стигматизира и казнува опозицијата, особено поранешни високи функционери на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Или како што констатира коментаторот Бранко Геровски:”Класичен политички реваншизам и брутална одмазда спакувана во судска пресуда”.  Небаре ќе владеат вечно!?

   Не смееме а да не ги споменеме политички монтираните случаи на уставобранителите кои добија драконски казни за тоа што го бранеа Уставот, а кренаа глава всушност против неговото кршење и незаконскиот избор на претседател на Собранието!!! Ќе потсетам дека на 6 јануари годинава и во Вашингтон влезе народот во Конгресот како револт за изборните нерегуларности во САД, а во судирите со полицијата имаше шест жртви! Само неколкумина беа осудени на шест до осум месеци затвор (а не како во Македонија по порачаната оптужба од власта за некаков тероризам вкупна пресуда добија уставобранителите од над 200 години робија!). Би ги споменал и политичките процеси и затворски казни за тотално безвезен случај(!) против екс-премиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за набавката на службеното возило мерцедес “Мајбах”. Ете така владеат актуелниве властодршци – во сталинистички стил, со бруталност и бескрупулозност само за да останат на власт по секоја цена. Но, се чини, нивните брутални сталинистички методи веќе се проблем и за нивните ментори кои, сосема очигледно, веќе очигледно се дистанцираат од нив, засега внимателно – преку соопштенија и осуди, но се надеваме наскоро и конкретно со прекин на подршката.

2. Пописот на населението, иако одложен за септември годинава, повторно ја бранува македонската јавност по изјавата на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски дека попишувачите, според него, “не морале да бидат вакцинирани против ковид 19”.

    Не знам што мисли човеков, но бројни беа реакциите на граѓани дека нема да дозволат попишувач да го пречекори прагот од нивното живеалиште доколку не покажат доказ дека се вакцинирани! Сосема логична реакција на луѓето: зошто некој би ризикувал да биде заразен од опасниот вирус на корона, заради некаков ќеф на власта!?

    Се придружувам на оние кои нема да дозволат невакцинирани попишувачи да внесат немир во вашиот дом!

    Впрочем, апелирам до опозицијата да размисли и за бојкот на пописот бидејки се сомневам дека истиот е проектиран за манипулации на власта (по директива на длабоката држава) со бројноста на малцинствата и прекројување на етничката карта на Македонија!!!

3. Изминатиов викенд бомбасто е најавен мега-проект со изградба на 142 вили на излезот од Скопје во насока на Тетово, наспроти некогашното рекреационо езеро Треска.  Езерото, или она што остана од него, скопскиот градоначалник Шилегов го отстапи (се прашувам со кое право) на општината Сарај која очигледно има намера да го пренамени во гринфилд, односно бетон-филд локација за градежни зафати.

   Рекреационото езерото Треска е градено со донации од скопјани кои одвојувавме по една цела плата за финансирање на неговата изградба и тоа постана едно од најпопуларните места за спас од летните скопски горештини. Граѓаните воопшто не се прашани за неговата судбина и опстанок и ова самоволие на Шилегов, Заев и дружината им треба по секоја цена да се спречи!

   По оние грдосии од згради што никнуваат на поранешното скопско сајмиште на влезот од градот и најавите за нова елитна населба на спротивната страна на градот, имам впечаток како да се прави прстен околу Скопје од повеке страни!? Или можеби грешам?

4. Бугарите посегнаа и по македонскиот Устав како претпоставка за нормализирање на меѓусебните релации. Техничкиот МНР на Бугаријс Светлан Стоев имено побара Бугарите како малицинство да бидат вметнати во Уставот на РМ.

   Најдобар одговор на Стоев стигна од претседателот на ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков кој се заложи и Македонците како малцинство да бидат вметнати во бугарскиот устав.

   Токму така, реципроцитетот е основен принцип за решавање на проблеми, особено меѓу соседите.

5. Македонија со Зоран Заев продолжува да го гаи реномето на “Земја на чудата”. Најново чудо од кујната на ЗЗ секако е Предлог-законот за државјанство во Собрание во кој се поместени предлози, испазарени со коалициониот партнер “Беса”, што се единствени-уникатни и тоа во светски рамки.

  Законот предвидува стекнување на државјанство на Република Македонија, доколку барателите приложат најмалку еден од следниве документи во оригинал или копија заверена на нотар.

-извод од матичната книга на  родени;

-доказ за завршено учебна година  (свидетелство, уверение или диплома);

-доказ за заснован работен однос со М1 / М2 образец;

-работничка книшка;

-доказ  за платен данок согласно законските регулативи кои во тој период  важеле во Република Македонија,односно доказ за платен:

 данок од личен доход на работниците;

  данок од личен доход од вршење земјоделска дејност;

  данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска и професионална дејност;

  данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања;

  данок на приходи од имот и имотни права;

  данок на имот и

  данок на наследство и подарок;

– одлуката на даночниот обврзник од страна на Управата за јавни приходи;

– доказ за платена сметка за следниве услуги:

  електрична енергија,

  греење,

  вода,

  телефонски услуги;

 -патна исправа (пасош) издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

 -лична карта издадена од поранешната СФРЈ или РМ;

 -лична карта за странци;

– здравствена книшка;

– извештај, потврда, отпусно писмо или друг документ за лекување  во здравствени установи во Република Македонија;

 -поседовен или имотен лист на име на барателот;

 -штедна книшка за депонирање на заштеди во банка (правно лице) основана од  Република Македонија согласно закон;

– други докази издадени од надлежни државни органи  со кои ќе се потврди  постојаното живеалиште на територијата на Република Македонија и

   Предлог-законот се предвидува годините на престој во државата да се намалат од осум на седум и елементарно познавање македонскиот јазик.

   Иселеници од Македонија и нивните деца ќе може да се стекнат со македонско државјанство и без да има отпуст од државјанството на друга држава.

   Главна цел на овој закон е практично да се реши статусот на повеќе илјади Косовари кои живеат во Македонија со нерешен статус, и со манипулациите со пописот на населението етничкиот состав на населението дефинитивно да биде променет – на штета на Македонците!

   М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top