Коментари

Злите јазици треба да престанат да шират невистини

doom
????????????????????????????????????

1doom Македонска нација

Електрнското издание „Македонската нација“ е вистинска македонска енциклопедија,чувар на македонската традиција, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. Во време кога заради евроатланските интеграции актуелната власт го стави на распродажба името, историјата и идентитетот на македонскиот народ,  веб порталот „Македонска нација“ стана трн во око на антимакедонските сили како во земјата, така и во соседството. Поради тоа и основачот и Главен и одговорен уредник на „Македонска нација“ Маноил (Мане) Јаковлевски е постојано изложен на удар на антимакедонските елементи во земјава.

Со години наназад овие сили го обвинуваат Мане Јаковлевски на социјалните мрежи дека е соработник на УДБ-а и дека така го има добиено Олимписко село. Пред осамостојувањето на Македонија тоа беа службите на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на земјата, хајката по него го продолжија антимакедонските сили. Едноставно тие беа сили против независноста на земјата, против македонските патриотски сили, против патриотизмот на Јаковлевски, како и против неговата чесност и смелост преку порталот „Македонска нација“ да биде чувар на македонската традиција, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. 

И покрај објавените документи со кои се докажува дека Мане не бил соработник на УДБ-а  и дека го купил „Олимписко село“ за околу 2 мил. евра, овие луѓе продолжуваат да ги шират истите невистини. Со оглед дека повеќе пати повторувана лага станува вистина, во „Македонска нација“ повторно ќе бидат објавени документите од кои се гледа дека Мане Јаковлевски не бил соработник на УДБ-а, како и тоа дека го купил „Олимписко село“.

Мане отсекогаш бил посветен на својата татковина Македонија и имал за цел да го исполни аманетот на Илинденци, Македонија да стане самостојна и обединета. Поради тоа пред осамостојувањето на Македонија, тој бил следен и прогонуван од УДБ-а.

УДБ-а го насочува своето внимание кон Мане Јаковлевски во 1976 година, кога бил извршен атентат врз југословенскиот конзулат во Гетеборг, Шведска. Целата вина за подготовката и налогот за атентат му била препишана на Мане, кој претходно ја посетил македонската дијаспора во овој град. Поради овој настан на Мане не било дозволено четири години да влезе во Југославија и да дојде во родното село Зубовце. Дури по ургенции на негов вработен во ресторанот „Ново Скопје“, кај висок македонски функционер, на Мане му било дозволено да се врати во родниот крај, но кога дошол цело време бил под присмотра на припадници на УДБ-а.

Мане бил под присмотра на агентите на УДБ-а и во Берлин, Југословенската тајна служба која била една од најорганизираните тајни служби и имала центри во странство, ги прислушкувалеа неговите телефонски разговори и биле отварани неговите писма, прочитани и копирани.

Следењето на Мане продолжува и по осамостојувањето на Македонија во 1991 година, кога постоеше опасност од судир со тогашната ЈНА, Тоа се гледа од досието „Сина птица“ на МВР на Република Македонија – Служба за државна безбедност – II Управа, со евид. број 106 од 02.12.1991 година, се наоѓа предлог за примена на мерката „ТАЈНА КОНТРОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ СООБРАЌАЈ СПРЕМА МАНОЈИЛ ЈАКОВЛЕСКИ – „МАНЕ“,

predlog

1bel1212

Во образложението стои дека СДБ „располага со потврдени сознанија дека М. Јаковлески, освен со парична помош со која редовно ги помага активностите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во последно време превзема активности спротивни на политичката платформа и статутарните одредби на оваа Партија. Имено, од добиените потврдени сознанија, тој „се поврзал со екстремното и милитантното крило на партијата кое заговара насилно и воружено загрозување на поредокот на Република Македонија загарантирано со Уставот.За таа цел веќе превзема активности за испитување на можноста за нелегално купување на оружје во странство и негово нелегално внесување во Републикава. Овие активности ги врши организирано со договор со лица од Републикава и странство, и по нивни насоки“.

Според документите, „за Службата за државна безбедност непосредниот повод да ги прислушкува телефонските разговори на Јаковлески, бил заклучокот што беше усвоен на дводневното советување на секциите на ВМРО-ДПМНЕ, во Берлин (Германија), на 30 септември и 1 октомври 1991 година, добиен од соработниците (кодоши). Заклучокот бил да се преземат акции на политички мисии што ќе помогнат во решавање на сегашната сложена положба на Македонија, веднаш да се реализираат контакти со земји што директно влијаат на политиката на Балаканот. А, тоа се соседите на Македонија – Албанија, Грција, Бугарија и Србија.“

Исто така, од овие документи, „Потврдата на приватна исправа Солеминизација на договор за купопродажба на недвижен имот“, склучен меѓу претпројатието во стечај „Метропол“ и Интермс СООЕЛ експорт импорт, водливо е дека Маноил Мане Јаковлевски купил имот, односно го купил „Олимписко село“ за 1.918.160.00 ЕУР. Со овие документи треба да престанат злите јазици да шират невистини.

1bel1213

1bel1214

belgrad

belgrad 1

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top