Коментари

Муцето сака втор мандат

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Во овие летни горештини кога живата на термометарот на отворено достигнува над 40-тиот Целзиусов степен на македонската политичка сцена започнаа на големо подготовките за предстојните локални избори кој и званично треба да се одржат на 17 Октомври оваа година.

Актуелниот градоначалник во градот под Марковите Кули, ортопедот Илија Јованоски низ прилепските политички кулоари се подготвува за втор мандат номиниран од матичната партија или пак со собирање на потписи да оди како независен кандидат за градоначалник во градот херој Прилеп.
Борбата во актуелниот СДСМ-овски политички кадар се води помеѓу актуелниот градоначалник Илија Јованоски и некогашниот прв човек за министерството за транспортни врски и актуелниот доскорешниот директор на царинската управа Горан Сугарески.

Циничната личност Иле Јованоски секогаш настапува со благ и милостив глас од една и тапкање по рамо на политичкиот противник било да се работи од неговиот политички табор од една, или за противник од актуелната позиција од друга страна.

Во овие 4 години кабинетскиот градоначалник Илија Јованоски успеа во своите намери да даде решение за засновање на работен однос на негови роднини од една и на деца на блиски пријателки од друга страна.

Јованоски само ја направи главната сообраќајна артерија во тесното градско подрачје. Во оваа прилика само да се потсетиме дека претходниот градоначалник Марјан Ристески направи тротоарски паркиралишта за моторни возила каде можеа да опстојуваат со плата вработените во ЈП ПУП.

Јованоски многу ветуваше во предизборната кампања, еве некои од неговите ветувања:

изградба на детска градинка во ООУ Блаже Конески, изградба на затворен базен и изградба на спортска сала во ООУ Кире Гаврилоски. Јованоски постави пограшни личности на јавните претпријатија кои се под капата на локалната самоуправа.

Имено во ЈП Водовод и канализација е поставен по вокација инспектор со дебело криминално досие.

Во ЈП Комуналец поставена е личност која има направено потоп во прилепска фирма која по бројните “арамилаци” заврши под стечај и во ЈП Пазари е поставена личност со блиска роднинска врска со актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Дипл. екк. Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top