Коментари

Со кое право Заев носи Авганистанци незаконски и без да праша некој ?

Dzeposki

1Dzeposki Александар Џеповски

До кога Зоран Заев ќе си игра мајтап со Македонија и Македонците?

Нема пари за пожарникарски возила, за сите ранливи категории и социјални случаји во Македонија, сите пискаат, врискаат и бегаат од Македонија, специјално младите и сега оддеднаш тој е во ситуација да собира Авганистанци кои немаат ама никаква допирна точка со нас во ниту еден поглед. Америка го направи хаосот и Америка треба да го чисти ѓубрето каде го остава а не да доаѓа на трошок и глава на Македонија. 

Трагедијата е толку голема што Македонија нема пари, се презадолжува а Заев еве и со оваа голгота на Авганистанците и нивното вдомување е всушност нов трик на Заев да профитира, затоа што тоа ќе го наплатува преку фондациите за бегалци од Обединетите Нации и ќе дели со се уште владетели од сенка и страна Бејли и Стивенсон кои преку своите врски со Сорос ќе замижуваат на фалсификат фактури од шампионите за криминал и трговија на отрови СДС и партнерите им зелени. 

Прашање за милион евра : Дали Заев се консултира со некој, го крши ли уставот и по кој закон самиот изиграва дека е над законот?

Замислите Грујо да речеше и на шега како не би било лошо да се земе некој Авганистанец на 3 месеци? Ова испадна како народната село гори баба се чешла. Вакво нешто немало и нема да има, Заев е симбол на мизерија, криминал и пропаст во кое царува безредието и тиранијата преку фашистички методи и искривени идеологии. 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДОБРО СЕ КРЕНА ПРЕКУ МИТИНГОТ ПРОТИВ ВАКЦИНИРАНИ ПАСОШИ И ВАКЦИНИ СО СИЛА КОИ НЕ ДАВААТ ЕФЕКТ ПА ТАКА ДА ПРОДОЛЖИ И ЗА НЕКОЈ ДЕН ПРОТИВ НОСЕЊЕ АВГАНИСТАНЦИ КОИ НЕМААТ НИКАКВА ДОПИРНА ТОЧКА СО МАКЕДОНИЈА И ХРИСТИЈАНСТВОТО. 

ПОТРЕБНИ СЕ СЕКОЈДНЕВНИ ПРОТЕСТИ СО ГОЛЕМА МАСОВНОСТ СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ СОБОРИ ЗАЕВ И СДС И ДА СЕ ОСЛОБОДАТ БРАЌАТА ОД ЗАНДАНИТЕ КАДЕ ТИЕ ЛЕЖАТ ЗА МАКЕДОНИЈА И БОГ КОЈ ЈА СОЗДАДЕ МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И НАДВОР ДУШМАНИТЕ ЗАЕДНО СО БЕГАЛЦИТЕ. 

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top