Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 132

Martin Trenevski 1
1martin1
АВГАНИСТАН – ГРОБНИЦА НА ИМПЕРИИТЕ
1. Кога минатата година од Доха (Катар) беше објавена веста дека е постигнат договор: за две недели да прекинат непријателствата со Талибанците и да се воспостави примирје во Авганистан, во порталот mn.mk објавив дека таквиот договор e апсурден, нереален и неостварлив! Па не треба човек да е воен експерт за да заклучи дека е невозможно: конфликт што трае со децении да заврши за само две недели!!! Праксата деновиве покажа дека бев во право.
Светот денес е вчудоневиден и со право загрижен од информациите со каква леснотија Талибанците во невиден налет ги освоија големите градови во Aвганистан, за во понеделникот (15ти август) комотно, без испукан куршум, да влезат во главниот град Кабул и дури да прават селфи во претседатлската палата!?
И ние, како земја која со свои трупи учествуваше речиси од самиот почеток на мисијата на НАТО ИСАФ (International Security Assistance Force) во Авганистан, а по неа и во втората НАТО мисија “Одлучна подршка” (Resolute Support), имаме во моментов стотина наши државјани по разни основи во главниот град Кабул и треба да сме загрижени за нивната судбина бидејки едно е што званичниците изјавуваат за да ја смират сопствената совест и јавност, а сосема друго е што се случува или допрва ќе се случува таму, на теренот во Кабул!
Интервенцијата на НАТО во 2001 беше испровоцирана од нападот на кулите близначки во Њујорк (9/11, 2001), а целта беше да се казнат сторителите (?), и инспираторот на таа и многу други терористички акции ширум светот Осама бин Ладен и, по можност да се стави крај на меѓународниот тероризам. Бин Ладен го ликвидираа, но тероризмот и Талибанците (судејки по последниот развој на настаните во Авганистан), секако НЕ!
Со право се поставува прашањето: како е можно најголемата воена алијанса во историјата – НАТО, со најсовремени оружја и неограничени можности и потенцијали практично да биде поразена на фронтовите во Авганистан и приморана да фаќа усвет од боиштето (се процненува дека за изминативе 20 години само САД имаат потрошено во Авганистан помеѓу еден и два трилиони долари, што е една до две илјади милијарди долари (еден трилион=1.000.000.000.000$), а да не зборуваме колку средства вкупно имаат потрошено другите членки и партнери на НАТО!?
САД и НАТО во изминативе две децении настојуваа да оспособат локални, авганистански безбедносни сили (војска и полиција) кои ќе се борат против екстремистите (Во Авганистан се регистрирани дури 52 екстремистички групи, покрај Талибанците, Ал каеда, Ал Нустра и т.н). Операцијата на оспособување на авганистанските безбедносни сили (ИСАФ) се одвиваше во пет транши, т.е. фази, а целта беше да се истренираат и добро опремат 360.000 локални “безбедњаци” колку што креаторите на мисијата ИСАФ сметаа дека тоа ќе биде доволно сами да се грижат за безбедноста во земјата!? Оваа пролет – под  притисок на јавноста во нивните земји, алијансата – во прв план САД, ја сватија апсурдноста на војната во Авганистан и најавија повлекување од боиштето.
Вербата на НАТО-сојузниците за постигнување мир во земјата беше демантирана бидејки се заборавија на една клучна работа: повеќедецениската индоктринација од позиции на екстремен ислам, длабоко всадена кај мнозинството авганистанци. Само за илустрација, пред неколку години на американски генерал-мајор во придружба на неколку високи офицери во камп за тренинг на безбедносни сили му приоѓа авганистански војник-самоубиец, во војничка униформа, и активира прслук со експлозив. Епилог: американскиот генерал и сите присутни беа убиени!
Иднината во Авганистан е многу неизвесна и бројни познавачи на /не/приликите во земјата сега предвидуваат хаос по превземањето на власта од Талибанците. Иако тие се заветија дека нема да има насилие и освети по паѓањето на Кабул, први што пострадаа беа преведувачите. На жените веќе им се ускратува правото да работат во јавни установи, а девојчињата не ќе можат да одат на училиште.
Човек со право може да праша: како е можно воена сила со најсовремени оружја за копнени и воздушни дејствија, сателити за навигација и што ти не друго, да биде победена на бојно поле од религиозни фанатици опремени главно со стари автомати АК47 и понешто друга опрема заробенана од нАТО-сојузниците на фронтовите? Но, исто така, со право се поставува и прашањето кој ги снабдеваше Талибанците со оружје и муниција сите овие години за да можат да се сротивставуваат на воена сила како НАТО, и  з о ш т о???

Одговорот е: Најмногу инволвиран во внатрешните работи на Авганистан секако е Пакистан со своите известителни служби, но и како база за одмор и рехабилитација на Талибанците. Да не заборавиме дека лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладем беше лоциран и ликвидиран во куќа во непосредна близина на воена база на пакистанско тло!

А да прашаме: кој би бил мотивот за децениските војни и странска интервенција во Авганистан? Освен идеолошко влијание (тероризмот и борбата против екстремниот ислам ислам и воведување на шеријатот) секако силен мотив се огромните богатства на суровини и ретки минерали многу барани за АјТи индустријата, со кои располага Авганистан. Можеби тука лежи и нагласениот интерес и на Кина и Русија за случувањата во Авганистан (Русија соопшти дека нема намера да ја затвори својата амбасда во Кабул и нема да ги повлече дипломатите и другиот персонал, бидејки не чуствувала никаква закана по нивната безбедност?  
Освем природните богатства со кои располага, низ историјата се покажа дека авганистанците не прифаќаат странска окупација и доминација. Не случајно Авганистан го нарекуваат “Гробница на империите”! Факт е, ниту Александар Македонски не успеа да го освои Авганистан, ниту Британските колонизатори, ниту Советскиот Сојуз, а еве се покажа: ниту САД како предводници на воената интервенција на НАТО.
Алијансата не смееше ни да помисли да се повлекува, барем не на така хаотичен и неорганизиран начин како што го стори тоа, што се покажа како нивно невидено понижувње, воедно и крајна неизвесност за локалното население.
Каде сме ние како земја, членка на НАТО, во оваа мешаница? Па си го имаме Зоран Заев кој стави на располагање хотели, мотели, одмаралишта за авганистански бегалци – ама да плателе Американците (Заев секако калкулирал и американска подршка за локалните и секако парламентарните избори)!? Ех море зеленко! Па ние не сме си ги средиле ни сопствените проблеми дома (на пример: раселените од Арачиново), а не пак да се грижиме за други.
Но тоа е грдата реалност што ни ја накалеми длабоката држава!
2.Викендов во Москва беше најавена средба на Рускиот патријарх г. Кирил, со патријарсите на Српската и Бугарската православна црква г. Порфирие и г. Неофит. Што беседеле највисоките Божји посланици на земјава од Русија, Србија и Бугарија, не знаеме но секако не станува збор за кафе-средба.
Рускиот патријарх Кирил важи за голем подржувач на СПЦ (со амбиции да постане вселенски патријарх на целата православна екумена) и секако многу влијателен кон БПЦ и можеме само да претпоставиме дека неизбежно МПЦ-ОА била една од темите на московската средба. А каков став презентирал г. Кирил во Москва можеме да претпоставиме барем судејки според неговите досегашни анти-МПЦ-ОА изјави и постапки.
Но би го потсетил патријархот г. Кирил во оваа прилика дека православието и писменоста Русите ја добија од МАКЕДОНИЈА (тоа Путин јавно го призна во неколку наврати), а не од Србија или Бугарија и би требало да има барем малку почит кон МПЦ-ИА и македонскиот народ!
Малку респект кон историските факти и прагматизам, а не слепа врзаност кон илјадагодишните канони не е на одмет Ваша светост г. Патријарх Кирил!
3.Државниот завод за статистика соопшти дека не се јавиле доволно кандидати за попишувачи за обука за пописот на населението најавен за оваа есен. Следствено, доведено е во прашање самото одржување на оваа статистичка операција.
Фала Богу народов се освести и опамети и одбива да учествува во операции што се на негова штета!
Ред е и опозицијата јасно да стави до знаење на власта дека  н е м а  да прифати попис според неуставен закон (за попис) и да ги повика граѓаните да ја бојкотираат оваа антимакедонска операција!!! 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top