Коментари

Пописот ќе даде шкакливи одговори

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Пописот во Македонија е закажан за септември, во време кога се очекува бројката на заболени со Ковид 19 да го достигне својот врв. Иако четвртиот бран го зема својот данок, шопишувачи кои треба да го спроведат истиот немаат обврска да бидат вакцинирани, што пак преставува алиби тие да не бидат примени во домовите на граѓаните поради страв од зараза. Ова ќе го доведе во прашање успешното спроведување на пописот кој веќе еднаш беше одложен заради пандемијата.

Важноста на Пописот 2021 е огромна, со оглед дека од 2002 година не е извршен попис во земјата. Пописот треба да ја даде вистинската слика во земјата, врз која треба да се градат идните стратегии за развој. Сепак најважниот показател треба да биде домографската слика, која по сите проценки треба да е изменета од последниот попис.

Од осамостојувањето на земјата до денес, многу фактори влијаеа врз демографската слика. Воената разврска при распадот на СФР Југославија, транзиција на општетсвениот капитал во приватен, вишокот на работна сила на пазарот на трудот, корупцијата во власта и конфликтот во 2001 година предизвика во изминатите три децении масовно иселување од земјата.

Иако во последните две години пандемијата го намали бројот на иселувања од земјата, се смета дека бројот на население е паднат под 2 милиони. Со загриженост се говори за заминувањето на младите образовани работноспособни кадри и за увоз на наобразован кадар. Посебно е индикативно што власти ќе гради кампови за мигранти и на местот на заминатите млади образувани Македонци, како да сакаат да ги задржат необразувани бегалци.

Во земјата имаме неспособна власт која до ден денешен не успееја да го спречи заминувањето на младите. Ако имате власт која не успеа и целосно да го решат прашањето со внатрешно раселените лица од воениот конфликт во 2001 година, ако ни Рамковниот договор не им помогна на раселените Македонци, тогаш со ваквата политика целосно може да се измени демогрфската слика во одредени делови од земјата. Сето горе наведеното овозможи намалување на бројот на населението во земјата, а со тоа и бројот на Македонците.

Во ситуација кога немате извршено попис од 2002 година, ако имате власт која намерно ја обезличува земјата, ако имате власт која ја протежира албанизација на земјата и ако имате пандемија, сосема е неблагодарно да се прават било какви проекции.

Иако од земјата заминуваат припадници од сите заедници, сепак е познато дека Источна Македонија е празна, а од Западна, Битола, Крушево, Ресен и др. се полупразни градови, и т.н.

Во Македонија остана постарата популација, која сега е на удар на вирусот. Без разлика на возраста нивниот опстанок ќе биде важен за идната демографска слика. Попишувачите ако бидат примени во нивните домови ќе добијат прилично шкакливи одговори меѓу кои дека Македонците станаа граѓани од втор ред.

Никој кој е припадник на македонскиот народ не би требало да има проблем да се изјасни на пописот за својата етничка припадност, што е многу битно за зачувувањето на името, јазикот и идентитетот на Македонците.

Сепак факт е дека во власта има луѓе кои поради лични интереси повеќе не се чуствуваат Македонци, туку станаа поголеми Грци од Грците, поголеми Бугари од Бугарите и поголеми Албанци од Албанците. Како инаку да се објасни фактот дека тие го сменија уставното име, ја направија земјата двојазична, на продажба го ставија јазикот, историјата идентитетот. Отука постои стравување дека овие луѓе не семо што нема да се изјаснат според својата етничка припадност, туку ќе работат спротивно на интересите на македонскиот народ.

Иако се ближи почетокот на пописот власта сеуште неможе да го најде потребниот број попишувачи. Многу луѓе би сакале да заработат како попишувачи, но ретко кој паметен се осудува во екот на пандемија да работи како попишувач и да ги посетува домовите на граѓаните, каде може да биде заразен или  да ја пренесе болеста.

Затоа најдобро оваа власт да си замине, а пописот да се изврши догодина кога реално се очекува да се намали моќта на заразност на вирусот.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top