Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 133

Martin Trenevski 1

1martin1

ПЕКОЛОТ ИМА ИМЕ, СЕ ВИКА АВГАНИСТАН

1. Нашава единствена планета земја се соочува со два вида пекол- едниот е политички (состојбите во Авганистан) и вториот, природен (климатските промени)! Човек не може да биде начисто кој е полош!? Или можеби е најсоодветно да се рече: и двата подеднакво!!!

   Фанатизираната до лудило на религиозна основа дружина, или можеби е посоодветно да се нарече: движење – талибанците, успејаа после дваесетина години упорно настојување со оружје, но овој пат без испукан куршум, да ја соборат легално избраната влада на Др Ашраф Гани и од 15ти август, и небаре како на прием спокојно си влегоа и го завзедоа главниот град – шестмилионскиот Кабул!  И покрај прес-најавите дека ќе ги почитуваат човековите порава, практично тие веќе ги започнаа злосторствата кон сопствениот народ.

  За пеколот како последица од климатските промени летово видовме и доживеавме доволно докази, од поплави какви што не се паметат, бури од невидени размери, пожари, негло топење на мразот на Антарктикот и раст на морињата…, но оваа тема ќе ја оставиме на политичарите кои се во состојба и на кои им е должност да превземат (а не превземаат!?) мерки овие трендови да се успорат, или  стопираат.

  Но што да се прави со пеколот наречен Авганистан, сега под тотална контрола на талибанците? Впрочем и Македонија две децении беше дирекно инволвирана со своја војска во таа земја и не можеме и не смееме да сме на страна од тамошните случувања!

  Последниве случувања во Авганистан отвораат многу, дури би рекол и премногу прашања на кои – кога-тогаш ќе мора да се дадат одговори.

  Прашање број еден: Дали прекинот на мировната мисија и повлекувањето од боиштето во Авганистан на начин како што беше изведено од главниот актер – САД, беше во ред, или….. Одговорот без дилеми е: НЕ! Постапката на САД од американската јавност беше оценета како капитулација на најголемата воена сила во светот пред фанатизираните талибанци. Тоа предизвика невиден хаос во земјата што го осудија од сите страни. Дури и поранешниот британски премиер Тони блер, кој додека беше на власт често го посетуваше боиштето и обожаваше да се слика со британските војници, најоштро го осуди начинот на којшто бешто беше означен крајот на НАТО мисијата таму!

   Прашање број два: Како е можно известителните служби на САД, Германија, Обединетото Кралство, Франција и останатите сојузници во НАТО, длабоко инволвирани во настаните во Авганистан,  да не предвидат таков неславен крај на мисијата на Алијансата, иако тоа беше очигледно судејки на начинот како речиси без отпор паѓаа големите градови пред налетот на талибанците?

   Многу е нејасен, па дури и дискутабилен овој податок бидејки на 14 август (ден пред падот на Кабул на 15ти август) исплива доклумент во кој стои дека оние авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата треба да бидат спремни да платат 2.000 долари, па дури и повеке!? Чудно, зарем не? Некој како да знаел што ке се случува следниот ден!?

   Прашање број три: Сега, кога талибанците (освем теророт над неистомислениците и жените) работат на формирање влада и меѓународно признавање, со право се прашуваме: кој на светов ќе признае и ќе даде легитимитет на таква влада што со насилие ја собори легитимната влада на Др Ашраф Гани? Такви најави, за жал, веќе има од некои големи играчи во светската политика кои случувањата во Авганистан ги гледаат пред се како пораз на Америка и нивната политика, но и од некои исламски/арапски земји. Неспорно е дека во случувањата во Авганистан во голема мерка влијание имаа(т) неговите соседи, најмногу Пакистан, но и други меѓународни фактори.

   Прашање број пет: Дали огромните природни богатства со кои располага Авганистан не беа мотив за инволвирање на фактори од страна во внатрешните случувања во земјата? Секако да, бидејки станува збор за резерви на ресурси што се проценуваат на десетици  милијарди долари и многу земји планираат и се надеваат да земат дел од тој колач.

   Прашање број шест: Како беше можно одбрамбентите сили на Авганистан (војската и полицијата, на број помеѓу 300.000 и 360.000), кои ги обучуваа и опремуваа експерти од НАТО, речиси без никаков отпор да го положат оружјето пред талибанците и да се предадат, како што и се случи !? Одговорот е едноставен: не се работело (или барем не доволно) на идеолошката подготовка на бранителите и очекувањето тие да ја превземат обврската да ја бранат сопствената земја од злото наречено талибанци!

   Прашање број седум: Дали американците можеби однапред биле предупредени за последиците од нивното непромислено повлекување и за хаосот што можел да се предвиди? Се чоини дека можело барем судејки по пишувањето на “Волстрит џрнал”. Угледното списание пишува дека Стејт департментот бил запознаен за можноста од блицкригот на талибанците, како резултат на повлекувањето на американските и војниците од НАТО што предизвика нивна молскавичната инвазија и речиси без борба воспоставија контрола врз целата земја!!!

  Прашање број осум:  Дали сојузниците (НАТО), поконкретно американците, бидејки одлуката за повлекување беше нивна, водеа сметка за локалните авганистанци кои работеа како преведувачи или помошен персонал за сојузниците. Се чини дека не воделе туку се е сведено на импровизациите на меѓународниот аеродром во Кабул каде по пополнувањето на апликации/барања за американски визи барателите ги трпаат во транспортни авиони на пат без повраток во непознато!

   Прашање бр. девет: Сосема е сигурно дека фанатизираните талибанци не ни помислуваат дека еден ден треба да организираат избори за да добие легитимитет нивната власт – според западните демократски стандарди. И не само што ќе ја зацврстуваат и централизираат нивната централна власт и владеењето на шеријатското право (за прекршок да сечат раце, да вадат очи и да малтретираат физички и секако жени), туку уште сега се насетува и нивната глобално опасна и неприфатлива улога на домаќини и на други организации на екстремниот ислам (претходницата на терористичката ИСИС веќе е присутна во Авганистан, како и на терористички организации од Пакистан).

   Следствено,  се поставува прашањето: која сила (воена или друга) ќе им се спротивстави на талибанците и на кој начин бидејќи тие се загроза за мирот и безбедноста во светот? Бидејки – освем со оружје, не гледам друг начин како светот да се соочи евентуално да го елиминира тоа зело. Таквиот пристап дефинитивно ќе биде врашки тежок (да не речам скоро невозможен) судејки според тоа колку и какво се оружје им оставија буквално на послужавник САД и НАТО сојузниците! Колку за илустрација: се смета дека талибанците контролираат повеќе од 2.000 оклопни транспортери, 60 хеликоптери „Блек хокс”, a според Службата за ревизија на САД од 2003 до 2016 година Америка на авганистанците врачила 208 единици авијаиција  и воени дронови „Скен игл”. сега во рацете на талибанците!

   Од 2003 година САД на авганистанските сили им дале воена помош од најмалку 600.000 парчиња пешадиско оружје, како полуавтоматски пушки М16, 162.000 единици опрема за врски и комуникација и 16.000 прибори за ноќно гледање.

   Талибанците денес се една од најопремените армии, многу поопремени и од армитие на повеќето членки на НАТО и пошироко во меѓународни рамки!  

   Патем, кога пишуваме за заробената НАТО (САД) опрема во Авганистан, не е лошо да потсетиме дека таму ни останаа и десетина хермелини на АРМ со кои нашите војници го чуваат штабот на НАТО мисијата и американската амбасада. Предлагам, Владата на РМ да побара од стратегискиот партнер да ни компензира со исто толку оклопни возила, а 210 милиони долари од буџетот на РМ за купување на такви орудија да се прнаменат за набавка на повекенаменски хеликоптери (за гасење пожари и сл.)

  Прашање бр 10: Сега, кога веќе се во тек потрагите по соработниците авганистамнци на НАТО членките и партнерите, неминовно се поставува прашањето што и како со тие луѓе! Многу членки на НАТО и на ЕУ се изјаснија дека немаат намера да примат бегалци од Авганистан (главно жени и деца на преведувачи и друг локален персонал). Ние им обезбедивме хотели и слични живеалишта – што ќе ги плаќале американците додека тие трајно не ги згрижат бегалците во САД.

   Да се разбереме, ние знаеме што значи солидарност (Скопје е град на солидарноста, зарем не?) и добро е да им излеземе во пресрет на тие очајници. Но не требаше ли за оваа работа да расправа Собранието? Со тоа и самата акција ќе добиеше поголема подршка, наместо лицето З(оран З(аев) сам да одлучува и да жонглира со бројки – те ке биле 180, те 650, а сме можеле да примиме и до 1.800 бегалци!?  Кој го овласти него така да манипулира и да одлучува за бројки!? И кој ни гарантира дека работите ќе останат на тоа што му го ветиле неговите спонзори? Дали межеби не се работи воедно и за “дил” својствен на лицето Заев: Јас вам (на американците) помош за бегалците – вие мене (на СДСМ) помош за претстојните иѐбори – локални, а најверојатно после нив и парламентарни.

   За американците тоа би бил “бонбона дил”, како то би рекла Шекеринска. Впрочем, нивната претходница Александар Сорос веќе ја посети Македонија и истовари вреќи со два милиони долари во готово!

Мр Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top