Коментари

Ламбе Арнаудов: Каде си моја МАКЕДОНИЈО?

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Во пресрет на чествувањето 30 години независна Македонија и пет тажни години од кога со Македонија владеат зли демони во ликот Зоран Заев и персонификација на СДСМ и сите останати уценети, потплатени или карикатури од политички гарнитури, со право се прашувам како еден од втемелувачите на независна, суверена, самостојна и демократска Македонија:

Каде си моја Македонијо?

Одговорот е кристално чист и јасен. Македонија е во срцата на македонскиот народ, обожавана до небеса, почитувана, безбедна, сигурна со бескрајна верба во нашиот исконски завет, за вечна симбиоза со својата татковина и целосна припадност, секогаш, сега и во вечни векови.

Ти порачуваме, мајко на сите мајки наши, дека ТИ Татковино мила имаш право да бараш од нас да го дадеме животот за тебе, но НИКОЈ не смее да оправдува кукавици и предавници.

Затоа, вие помладите, вие кои доаѓате пронајдете го 5-тото годишно време исполнето со љубов и патриотски дух кон татковината Македонија, тоа не е далеку и не е во туѓите туку токму таму каде што треба, во вашите срца.

Слушајте ги вашите срца, тие навреме ќе ви кажат кога доаѓа моментот ПОСЛУШНОСТА да престане да биде одговорност. Тогаш срцето ќе те научи дека не треба да му служиш на поединецот туку на татковината и твојот народ. Направете го ова веднаш и никогаш нема да ја преиспитувате својата совест. Бидете убедени дека ќе му се допаднете на ГОСПОД. Спротивставете го вашето храбро срце и исполнето со бескрајна љубов наспроти болните умови и клептомани кои ја крадат вашата самобитност, идентитет, име, историја, јазик, култура, наследство и материјални богатства, со што не само што ја загрозуваат вашата иднина туку ве туркаат во заборав и духовно исчезнување. Немате право на молчење, тивка публика, станете, исправете се гордо, претворете се во активни играчи за да имаат со што и кого да се гордеат вашите идни поколенија. Ќе победите, тоа ви е должност, но и императив бидејќи го поседувате најсилното оружје што постои, ВАШИТЕ СРЦА, НЕПОБЕДЛИВИ СРЦА. Слушајте ги срцата, тие ве водат на вистинскиот пат секогаш.

Ќе победите и затоа што водите праведна борба и сте на вистинската страна.

На измамниците и изродите не им верувајте ништо, особено не кога театрално ги ставаат рацете на срцата. Не, тие немаат срца, во градите нивни чука ладен метален часовник што едвај чекаат да чукне последен пат за Македонија во која ќе останат само гробови и понекоја камбана и ќе ги направат среќни и радосни што успеале.

Добро погледајте ја оваа ЗБИРШТИНА од самоповикани крстоносци, бедни ништожници. 25 години се караа, се пцуеја, се понижуваа, леви, десни, црвени, зелени, црни, си посакуваа меѓу себе сé најлошо за сега обединети и среќни уживаат под нивниот заеднички именител, ПРЕДАВСТВО. Историјата е немилосрдна, познава вакви касапи на сопствената татковина и извесно време ги толерира залудно надевајќи се на нивно освестување, а потоа сурово ги казнува и ги фрла во заборав.

И сега, било кој од нив да прашаат зошто така се однесуваат изговорот им е еднаков: “Знаеш не може ништо да се направи.“ Од сé што не може да се направи, само едно можете да направите, да бидете предавници. Тоа можете, лесно е за вас, а со апокалиптични последици за народот и татковината. А не може ништо да се направи, па не правете го ни тоа. Срам да ви е.

А, не е така. Животот нé научил во секој човек, во секој народ, во секоја држава мала, голема, поголема, без оглед на изгледот, секогаш гледај лав во нивните срца. Не потценувај никого и најмалиот, само со срце ќе ти ја скрши главата.

На времето кога активно играв фудбал и истовремено срамежливо но решително се бавев со некаква дипломатија и за двете иако толку различни професии важеше едно исто правило.

И фудбалот и дипломатијата се игри што секогаш се играат напред, понекогаш на страна и никогаш назад.

Тој што игра назад во фудбалот го губи натпреварот, со играњето назад во дипломатијата ја губи државата.

Почитувани сограѓани, сопартијци и неутрални граѓани: гледајте во секого лав, почитувајте секого и пријател и непријател, но првенствено потпрете се на своето храбро срце, открите го лавот во себе и не плашете се од ништо и никого. Ќе бидете корисни за татковината, за луѓето, за своето семејство и за себе.

ЛАВОВИ СО ХРАБРИ СРЦА ЗА ЛАВОВСКА ХРАБРА МАКЕДОНИЈА.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top