Коментари

АКАДЕМИК И ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА!

1g121

1Djordji Ilievski

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ ВИШ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОР

Процесите во високото образование во нашата жална Македонија го допреа дното! Подолу од ова нема, а немало ниту во времето на социјализмот, а уште повеќе нема во ниту една европска држава. Зошто? Затоа што Државниот просветен инспекторат чека да добие претставка и да оди да изврши надзор, наместо обратно да изготви Протокол за сите законски услови кои треба да ги има еден универзитет и да провери во практика што недостасува на секој факултет одделно. Затоа што Одборот за евалуација на високото образование на чело со проф. д-р Марина Митревска преку пропуштање односно несторување овозможува да постојат толку незаконитости на денешните факултети како никогаш досега!

Да, драги граѓани, драги амбасадори (отсега секое мое писмо ќе иде преведено и доставено до релевантни амбасади!), во оваа држава изгледа во право е оној доцент од Славјанскиот универзитет кој вели: Кучињата лаат, караванот си врвит! Но, ниту еден караван не оди вечно. Како што нема доживотни Ректори, проректори, декани…Само КРАЛЕВИТЕ СЕ ДОЖИВОТНИ И ВЕЧНИ!

Но, да се вратам на насловот од денешната колумна.

На веб сајтот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на пример спротивно на Законот за високото образование може да ја видите следната информација: КАДАР СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ. Сеуште не можам да пронајдам одредба од Законот за високото образование која пропишува скратено работно време во високото образование. Овој закон е lex specialis и многу јасно определува како се станува доцент, вонреден професор, редовен професор, професор емеритус или насловен доцент, насловен вонреден професор. Дали тоа го знаат професорите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, а посебно професорот од казнената област, кој воедно е и Академик незнам. Дали, ова го гледаат инспекторите во Државниот просветен инспекторат исто така не сум сигурен. Но, тие инспектори исто така имаат поголема одговорност затоа што еден од предметите на нивниот надзор се и веб страниците на универзитетите, што тие објавуваат, дали информациите се точни или невистинити. Зошто молчите мои поранешни колеги? Знам дека знаете дека насловните професори може да се ангажирани и тоа со посебен договор, но никако со договор за скратено работно време. Знам дека знаете дека големиот академик Камбовски е пензионер и оттука, посебно е важно да испитате како е можно пензионер да биде и ангажиран со скратено работно време? И плус истиот цица од Македонската академија на науките и уметностите, од бројни комисии и од каде ли уште не. Некои министри од времето на поранешна Југославија едносавно не знаат за доста, немаат усул што се вели кај нас. Тоа покажува колку алчноста нема крај. Нели е срамота за Правниот факултет на УКИМ каде овој академик регуларно на веб сајтот е ставен во групата на пензионирани професори. Таму нема професори со скратено работно време и тоа пензионери. Оваа скандалозна информација покажува реално сомневање за акредитацијата на програмите на овој универзитет имајќи предвид дека децениски овој академик команда со Одборот за акредитација на високото образование. И од таму верувам дека добива хонорари. Нема џебе ни код …. што би рекле некои. Толку несреќно е ставено рака на високото образование, што верувам дека ќе треба многу време истите да се поправат.

Покрај академикот на листата на кадар со скратено работно време е и полицискиот службеник од СВР Тетово – Муазам Халили. Овој професор е вработен со полно работно време во МВР, што значи дека може да биде ангажиран единствено како насловен доцент, но никако со скратено работно време. Точно е пропишано во ЗВО колку проценти од наставата може да спроведува еден насловен професор. Ништо повеќе, ништо помалку. Го повикувам Државниот просветен инспекторат да изврши надзор за овие две јавно објавени незаконитости и донесе конкретно решение во управна постапка.

1vis1Еве ги пензионираните професори на Правен Факултет на УКИМ?

1ra123Ете драги мои, зошто состојбите во високото образование се дно. Ги советувам моите поранешни колеги да изготват Протокол со табела во која ќе биде опфатен секој член од ЗВО и да истражат на секој факултет во државата што му фали и превентивно да ги задолжат во еден нормален рок да ги остранат неправилностите. Репресијата не дава резултат. Посебно, каде се 10 професори на секој факултет кои што ги бара ЗВО од 2018 година. Да, од пред три години, а некој со несторување ги овозможува овие незаконитости. Со тоа се овозможува корупцијата во високото образование да биде на високо ниво. И честитки до моите колеги и нивните блиски кои дипломираа, или пак магистрираа во време кога наместо да го спроведуваат Законот за високото образование си ги злоупотребуваа овластувањата. Одговорност ќе има. Точно се знае кој и каде се унапредил во своето образование. На крајот оштетени ќе бидат универзитетите кои не сфаќаат дека инспекторите ќе мораат да понштуваат многу избори, одлуки и дипломи!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top