Коментари

Црвен картон за актуелната власт!

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Неспособната власт предводена од Зоран Заев едноставно се плаши од судот на народот и ќе направи се за да ја задржи власта.

Сериозната музика пред почетокот на дефилето во предвечерието на 8 септември, што се одржа по повод 30 години независност на државата, како да го најави пеколот во Тетово.

Набрзо по огномет во Скопје, пламен го осветли Тетово. Изгоре мобилната болница во кои се лекуваа болни од Ковид 19 и однесе 14 човечки животи. Криците на луѓето кои живи изгореа, длабоко ја потресе јавноста во земјата, но не ја допре и актуелната власт. Наместо неотповикливи оставки, премиерот ќе чекал што ќе каже независната истрага.

Македонија во текот на три децении неколку пати се соочуваше со несреќи во кои имаше жртви. Паѓаа авиони (Палер и Авиоимпекс), имаше атентат (претсдателот Киро Глигоров), природни непогоди (поплава во Стајковци) и други несреќи во кои имаше жртви (потона бродот „Илинден“) и т.н.. Имаше и независни истраги, но никогаш не се откри кој го изврши атентатот врз претседателот Киро Глигоров, што се случи со авионот во кој леташе и загина претседателот Борис Трајковски и т.н. Некои тогашни министри си дадоа оставка (А. Пешев, Љ. Фрчковски, М. Јанакиевски и др.). На некои им беше прифатена, на некои не.

Иако министерот за здравство Венко Филипче и раководниот кадар на ДУИ си поднесоа оставки, премиерот Зиран Заев ќе ја чекал истрагата за да види дали ќе ги прифати. Но, дали и оваа истрага ќе ги даде вистинските виновници или пак ќе ги заштити оние кои го сменија името и кои ги уништија институциите?

Со оглед на досегашното искуство, оваа власт нема намера да прифати било каква одговорност, ниту да ги прифати оставките во Министерството за здраство и на раководните кадри во болницата во Тетово, а ќе направи истите да останат на своите позиции. 

СДСМ и ДУИ се плашат дека падот на Филипче и кадровиците на ДУИ значи почеток дека ќе ја изгубат власта. Затоа тие по секоја цена ќе се трудат да ја задржат. Имено самото дефиле покажа дека оваа власт повеќе троши на средства за одбрана на вип личности и за сузбивање на немири против власта, отколку за одбрана на државата.

Неспособната власт предводена од Зоран Заев едноставно се плаши од судот на народот и ќе направи се за да ја задржи власта, па ако треба целиот свој народ кој ја бара правдата, да го нарече дека се терористи.

Дека на оваа власт не и е грижа за народот покажува и бројката од над 6.000 починати од Ковид 19 од почетокот на пандемијата до денес. Причината е едноставна. По се изгледа трка за провизија и не навремено набавка на вакцини, како и сеуште немање на протоколи за лечење.

Власта која нема разбирање за народот и за националните интереси, а единствено се грижи за личните интереси, треба што побрзо да си замине од власта. Дури и оставките нема да и помогнат. Едноставно неа веќе никаква козметика не може да да покрие.

Народот не смее да наседне дури и на странската експертиза која евентуално би рекла дека модуларните болници биле изградени по сите светски стандарди и дека тоа е несреќа. Народот треба да каже стоп на ова раскалашано владеење на СДСМ и ДУИ.

Првиот црвен картон за актуелната коалиција на власт треба да биде изваден од народот уште следниот месец на локалните избори. Потоа следува вториот црвен картон на предвремени парламентарни избори идната година. Еднаш за секогаш да се острани оваа власт, да се врати сувереноста на државата и безбедноста на народот во земјата.

Црвен картон за актуелната власт!

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

To top