Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 138

Martin Trenevski 1

1martin1

КОГА МЕЧКАТА ИГРА ВО СОСЕДНИОТ ДВОР

1. Kон крајот на деведесетите години од минатиот век бев именуван за генерален конзул на РМ во Торонто, Канада. Бројни беа активностите со огромната македонска заедници во седуммилионскиот Торонто, но и во Хамилтон, Виндзор и речиси без исклучок во секое населено место во провинцијата Онтарио каде имаше Македонци со свои цркви и етнички културни и спортски здруженија. Се разбира, многубројни беа и средбите со нашите луѓе (бизнисмени, печалбари, понекој културен работник…) од поделена Македонија кои од разни причини се одлучиле животот да го продолжат зад големата бара, далеку од родната грутка. 

   Еден ден ми се јави млад бизнисмен и замоли за средба  во Генералниот конзулат на РМ сместен на раскрсницата на авениите “Јанг” и “Еглинтон” во поширокото централно подрачје на мегаполисот Торонто. Се разбира дека прифатив и го поканив да повели во конзулатот следниот ден. “А може ли да дојде со мене еден мој колега – бизнисмен”, запраша нашинецот. “Се разбира, нека повели”, енергично одговорив.

   Утредента во договореното време се појавија двајцата бизнисмени, костумосани како што доликува и нашинецот ги претстави своите планови за евентуални инвестиции во татковината на неговите родители и се интересираше за условите што ги нуди Македонија за привлекување странски инвестиции.

   По размената на информации меѓу нас двајцата, го прашав придружникот од каде е и со што се бави. “Од Авганистан сум и добив политички азил во Канадa”, одговори тој. “A имаш ли роднини-фамилија таму”, повторно прашав. “Па сите ми се таму – татко, мајка, браќата…сите! Сам сум овде во Канада”, рече Авганистанецот и додаде:” Се слушаме речиси секој ден – преку сателитски телефон”.

   Разговорот со гостинот постануваше сепоинтересен бидејки семејството на гостинот, како што рече, живеело во провинцијата Кандахар, на југот од земјата, каде се воделе најжестоките борби помеѓу Талибанците и трупите на НАТО. Но соговорникот рече и нешто што навистина длабоко ме замисли, па дури и ме запрепасти. Според него, еднаш неделно огромен американски транспортен авион слетувал на импровизирана писта во таа област каде се задржувал два часа, нешто растоварал, па потоа нешто друго товарел и спокојно – без вознемирување на “домаќините” (талибанците), полетувал во непознат правец.

   Често пати се навраќав на оваа средба и се прашував: Што би можел да носи и растовара американски транспортен авион во зона на најжестоките борби во провинцијата Кандахар? Чоколади, пијалоци, лубриканти…? Не верувам. А пак што би можел да товари и транспортира во правец од каде што дошол, беше исто така дилемата што ме мачеше. Единствен логичен одговор на двете дилеми ми се наметнуваше беше дека се растоварале вреќи со кеш, а за возврат си товарал хашиш од висококвалитетниот опиум чие производство по интервенцијата на НАТО во Авганистан во  2001 се зголемил повеќекратно, во однос на производството пред интервенцијата на Алијансата.

   Впрочем, вакви операции имало многу и во минатото. Некако магловито ми се навраќаат сеќавањата на операцијата “Иран-Контра” што ја раководеше пред неколку децении потполковникот Оливер Норт од “воената соба” во Белата куќа кога се тргуваше илегално со дрога, а од профитот се набавуваше оружје за контрашите на тогашната власт во Никарагва.

   Навистина чудни совпаѓања, или невидлива пракса во меѓународните односи!?

2. Една народна мудрост вели: “Кога мечката игра во дворот на соседот, варди се таа да не прејде во твојот двор”! Оваа мудрост е особено актуелна деновиве кога на нашата северна граница со Косово врие. Србија допреми огромни количини на војска и воена техника и опрема, а со борбени авиони и хеликоптери ја надлетуваат некогашна јужна покраина. Претседателот Вучиќ од друга страна го предупреди ген-секот на НАТО Јенс Столтенберг доколку бидат загрозени Србите на северот на Косово, а НАТО (КФОР) не ги заштити, дека со војска на Србија ќе навлезе за тие самите да ги заштитат.

    Сегашнава криза не може да не остави нас рамнодушни бидејките (според погоре цитираната народна мудрост), кризата може многу лесно да се прелее кај нас. Впрочем, тоа еднаш веќе го искусивме кога под притисокот на Милошевиќ на македонска територија преминаа над 350.000 Косовари кои ги угостивме(!?), најповеќе на наша сопствена сметка, неколку месеци.

   Повод за најновиот излив на непријателства е незадоволството на Србите незадоволни од одлуката на Приштина за замена на старите регистарски таблички за автомобили, со нови – со назнака “Република Косово”!

   И додека граничните премини меѓу двата соседа ги чуваат специјалните сили на косовската полиција, претседателот Александар Вучиќ му укажал на Столтенберг дека Србија апсолутно со ниту еден потег не го прекршила Бриселскиот договор или Резолуцијата 1244, ниту пак на каков било начин го загрозила зачувувањето на мирот и ја оптужува меѓународната заедница дека за новонастанатата криза упорно молчи!

   Каков ќе биде расплетот од новонастанатата криза меѓу двата наши соседа кои се на работ на нова војна засега е неизвесно, но загрижува фактот дека македонските безбедносни структури (војската и полицијата) како пет пари да не даваат за тоа што се случува на северот и ниту се подготвени да реагираат за мечката да не заигра и во нашиот двор, што вообичаено се случува со наплив на бегалци во соседство, во потрага за спас од страшилото на војната. Чудно, навистина чудно!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top