Коментари

Предизборни трикови на власта!

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Во досегашната кампања за Локалните избори 2021, закажани за 17 октомври, челниците на СДСМ и ДУИ и нивните кандидати за градоначалници и советници со разни трикови се обидуваат да ја повратат изгубената доверба кај народот. За да ја придобие администрацијата и пензионерите актуелната власт им ветува зголемување на платите, пензиите, но и намалување на работните часови. А нивните кандидати за градоначалници пак преставуваат половични решенија или проекти кои никогаш нема да бидат ниту започнати или завршени.

Последните четири години на владеење на СДСМ и ДУИ ќе останат запаметени по промена на името и распродажбата на националните интереси на централно ниво, а на локално по неисполенти ветувања. Поради лагите на актуелните власти, народот ја изгуби довербата. Свесни за опаѓање на својот и зголемување на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ,  во своите говори предизборната трка за Локаните избори 2021, челнииците на СДСМ и ДУИ користат заплашувања и разни трикови за да ги зачуваат позициите.

По четири години речиси никакви активност, актуелните градоначалници на СДСМ и ДУИ започнаа интезивна градежна кампања. Во последните месеци, на секој чекор се гледаат раскопани улици, се поставуваат банкини, се асфалтираат, пешачки патеки, се градат мостови и т.н.. Меѓутоа народот е свесен дека тоа е само предизборна шминка и дека многу започнати проекти нема да бидат завршени целосно пред Локаните избори. Така на пример мостот кај салата „Јане Сандански“ во Аеродром, кој се најавува дека ќе биде завршен до крајот на месецот, од левата страна на Вардар, во општината Гази Баба, завршува на неасфалтирана земја, дрва, куќи и напуштени градби.

Свесен дека ако ги загуби Локалните, ќе ја изгуби и власта, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев прави очајнички обид да го поткупи бројното гласачко тело. Тој најави зголемување на плати на администрацијата, намалување на работните часови во Петок, покачување на пензиите од 1 јаниари, од кои поголем дел земаат најниска пезнија до 11.000 ден.

Дали требаше да има избори па на СДСМ и ДУИ да им текне дека во денешно време не може да се живее со 10.000 пензија или со минимална плата од 15.000?.

Меѓутоа, во услови на пандемија кога при таканаречено бесплатно лечење луѓето плаќаат енормни суми за тестови и лекови, кога се најавува покачување на цените на струјата и прехрамбените артикли и до 50%, тогаш не може да се излажат пензионерите со јануарското усогласување на пензиите кое ќе изнесува околу 150 денари.

Истовремено власта се обиде да се додвори на одредена целна група со предлог за намалување на работните часови од 40 на 36 часа неделно. Таа изнесе во јавноста предлог во Петок да се работи само 4 часа. Многумина се запрашаа зошто намалување на работни часови во Петок, а не некој друг ден или зошто работниот ден да не трае 7 часа, ако власта сака поефикасна администрација. Откако видоа дека пробниот балон пукна по реакцијата на јавноста, власта демантираше дека ќе има намалување на работните часови, но, малку е познато дека дел од административците секој Петок на пладне одат во џамија, а некои не се ни враќаат, што преќутно се толерира од раководствата, особено таму каде има раководен кадар од ДУИ.

Што се однесува до актуелните градоначалници од СДСМ и ДУИ, по долгогодишен сон малку се размрдаа и пред избори почнаа да ги раскопуваат улиците, да асфалтираат, да ги интезивираат градбите. Но голем дел од започнатите активности можат да бидат само гола пропаганда и шминка за пред народот, но и начин како да се испразнат касите, за да не им остават ни денар на опозициските кандидати затоа што знаат дека ќе изгубат на престојните Локални избори.

Врз основа на досегашното работење на градоначалниците, како и предложените кандидати на СДСМ и ДУИ, меѓу кои има и наранимајковци,  народот не само што нема доверба кон овие две партии, туку во никој случај при нормално гласање нема да дозволи повеќе неработници и рекетари да бидат на чело на нивните општини. Едноставно сакаат да ја сменат сегашната локална власт и да ја доверат на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која во своите редови има вистински домаќини, кои на чело на општините ќе се грижат за потребите на секој граѓанин.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top