Коментари

АРХЕОЛОГИЈАТА -ДАТОТЕКА ВО ЗЕМЈИНИОТ КОРТЕКС

105a

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

ДАЛИ Е ИМУНА НА МАНИПУЛАЦИИ!? 

Јас ја разбирам археологијата како старо поле за нови откритија во културниот, научниот и сестраннапредок на народите. Археологијата ја разбирам и како датотека, подземна и подводна, која чека лозинки од високо свесни, разумни истражувачи и толкувачи на минато, и идно време, на иднината на минатото. Такви истражувачи кои, во слободно и  напредно општество, етички и професионално ќе ја читаат, чуваат и афирмираат еволуцијата на народите, ќе ревидираат фалсификувани тези, штетни импровизации или митологизации на минатото. Категоријата минато време не е само граматика, но  хронолошка каузалност и во археологијата.Во дигиталната ера се планира укинување на лозинките низ интернет, но историјата сепак останува таа учителката која бара запознавање со националните вредности, зачувани и после насилни или природни промени, и миграции.

Не е политички некоректно да се сака и почитува својот народ и земја, своето генетско, духовно и материјално наследство. Затоа, никако не е историски коректно со политички декрети да се брише археолошкото и антрополошко сведоштво за народите и културите. Археологијата е комуникација меѓу нивните почетоци и дострели. Таа е вродена колку и научна потреба на народите и културите да го утврдуваат својот континуитет, за да не бидат жртви на дискриминации, воени и политички конфликти, диктирани ревизии и уценети „прифатливи парадигми“ кога високота технологија  точно утврдува, ако не е манипулирана. Напредокот на народите е заснован на комплементарни, меѓузависни сведоштва, но е составен од специфични разлики во културната и јазична матрица.  

Афро-Еуразија се смета за Стар свет, и за Македонскиот народ во тој свет не може да нема место, во предисторијата, современоста или иднината. Историчарот Иродот од Мала Азија (484-425 п. н.е.) запишал дека мудреците на Фараонот Псаметих I (664–610) докажале астро-физички кој е најстар народ, кој постоел 184.000 години. Тое биле Македонските Мушки, Фриги, Бриги.

Во условно кажано Античка Европа, на тлото на Античка Македонија, се пронајдени наколни живеалишта на Охридско, Преспанско, Дојранско, Костурско езеро, тие се рани докази за континуитетот на македонската цивилизација. Светилиштата „Камени Столици” од Црна Лома, и Илина Гора, и Осинчани крај Скопје, и „Штерпа“ кај Богданци и неолитскиот обелиск од „Милисин“ под Кожув Планина, Гевгелиско, се само мал број од прекубројните докази за македонскиот идентитет во југоисточна Европа, на полуостровот кого Османлиската власт го нарекла Балкан, Румелија. Највисоко лоцираниот и врвно цивилизиран антички град во Европа, подигнат на 1.472 метри надморска височина, е античко македонскиот дворец и град на планиндкиот вр­в Ви­со­ка, на Се­леч­ка Пла­нина, Република Македонија. Доказите за милениумски развој, зрелост и оригиналност на македонската културна историја се и квантитативно и квалитативно сеуште пребогати за современи археолошки истражувања, иако тоа историско наследство било ограбувано и од туѓи окупатори на Македонија, и од домашни криминалци.   

Во пештерата “Црвени Стени”, локалитет Камени Гумна, во Егејската територија од Македонија (анектирана од Грција, 1913 година), откриени се остатоци од Хомо Сапиенс стари најмалку 250.000 години. Предисториски македонски доказ е и наодот во Костурско, локалитет Ш’пел (Дупјак), како и Глинената плочка од Градешница, Враца, Пиринска Македонија (анектирана од Бугарија, 1913 година). Докази за моќта и вредноста на Античка Македонија се и македонските гробници од војската на Александар III Македонски, во неговиот воен гарнизон во с. Селце, изграден за одбрана од Илирите и Таулантите (северно од Ќафасан, кон Корча). И од овој западен дел од Македонија, 1913 година биле анектирани 1.115 км2 од новоформираната држава Албанија.

Фактите за автентичноста на Античка Македонија отсекогаш се евидентни, но некои од нив сеуште чекаат научна одбрана, се’ додека политиката, можеби, не ги дискредитира, елиминира. Тие секако се богатства и за светската цивилизација, но парадоксално е како „светската политика“ селективно ги одзема правата на поедини народи и нивните потомци – да не ги запознаваат постигнувањата на своите предци. Со политиката на подели па владеј, немакедонците на Балканот, заедно со Западот, ја распарчиле територијата на Македонија по Отоманското повлекување, а 100 години подоцна, денес, чинат се’ на дипломатски начин да го дискриминираат, антагонизираат и конечно ликвидираат милениумското постоење на Македонскиот народ во Македонија и во дијаспората.  

1mu121 

За претставување на постоењето на посебни култури на планетата Земја се има погрижено и  современата астрономија. 1977 година беа испратени во космосот две фонографски снимки преку Voyager, да сведочат за карактеристики на луѓето, да патуваат 40.000 години до најблиското соѕвездие, Камелопардалис! Слики и звуци од човековите раси да бидат разбрани од интелигентни ентитети меѓу ѕвездите. Но, како ние народите на нашата прекрасна планета, да се разбираме и почитуваме меѓусебно, среде постојани воено-политички судири и идеолошка нетрпеливост? Со генеричка планетарна Федерација која мутира и унифицира идентитети? Како да соработуваме без војни на културите, и без клептократија во владеење со богатствата на послабите? Со тоталитарна тиранија? Меѓу сите фактори, тука е и археологијата, да помага со трајни и оригинални вредности, против неодржливи манипулации. Агендите за промени немаат право насилно да го мутираат карактерот на универзалните културни и национални наследства, како во примерот со Македонија!

Археолошките истражувања на планетата отпочнале пред само 3-4 века. Во 17 век е откриен неолитскиот Стоунхенџ, стар 5.000 години; во 18 век – Помпеја, стара 2.600 години. Најстарите археолошки остатоци се откривани во 20 и 21 век: Јерихо, Тел ес-Султан, Западен Брег, Израел, 10.000 години; Гобекли Тепе, југоисточна Турција, 12.000 години. Во една од најстарите четири опсерватории во светот, НАСА го вбројува и 3.800 годишното Кокино, Бронзено доба, Република Македонија. Во Република Македонија (која со условно диктиран договор е преименувана во Северна Македонија, 2019 година) се откриени 5.000 македонски археолошки локалитети (без оние кои се инкогнито, илегално оттуѓени, ограбени, присвоени). Но, останати се повеќе од десетици илјади други населби и утврдувања кои чекаат стручни истражувања. На истражувањата треба да им се овозможи непристрасна научна мотивираност, од интерес за државниот интегритет и културниот идентитет. Истражувањата не смеат да доцнат или отсуствуваат со фактички докази за македонската историја. Македонскиот народ сеуште има пребогати идентитетски трезори, иако политичките актери, со бескрупулозни методи на брза постапка, мирнодобски ги присвојуваат.          

1mu1212  1mu1213

Лок. Тумба, Оптичари, долниот лик – лок.Тумба, Породин  

За успесите во македонската археологија и нејзиното истражување и промовирање во Македонија и светот заслужни се бројни македонски научници, меѓу кои врвните академици Блага Алексова и Вера Битракова, и професорите со меѓународно реноме, Драги Митревски, Иван Микулчиќ и Виктор Лилчиќ Адамс.  

Кога сите археолози во Македонија и светот, во својата професија би се вложувале со возвишена и вдахновена улога, вредноста на минатото не би била двојно закопувана во пост-историчност. Јапонија е умна и не го дозволува тоа, зашто знае достоинствено, благородно и рационално да се едуцира и опремува во својата света средба со историјата и предците. Големите дела човештвото ги градело од минати знаења и искуства, со нови вдахновенија и замисли, за надвременска свест и дела.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top