Коментари

Овие Локални избори треба да бидат почеток на крајот на режимот на СДСМ и ДУИ

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

На 11 октомри 1941 година македонскиот народ се дигна на вооружено востание против германскиот, италијанскиот и бугарскиот фашистички окупатор во земјата. Тоа беше важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ од кој ќе никне современата македонска држава. 80 години потоа, Бугарија сеуште го негира постоењето на македонскиот народ, неговиот јазик и црква. Софија остана заглавена во минатото и продолжува со сонот за Санстефанска Бугарија. Таа ја продолжува политиката на фашистичката бугарска влада за време на Втората светска војна која го негираше постоењето на македонскиот народ и неговиот јазик, а окупацијата на македонската земја ја сметаше за ослободување на бугарските територии.

Денес Софија се обидува да го прикрие фашистичкото минато и да го релативизира геноцидот извршен тогаш врз 7144 Евреи од Македонија, правдајќи се со спасувањето на бугарските Евреи. Една од причините е огромното богаство кое Бугарија го одзеде од еврејската заедница во Македонија, пред 11 март 1943 година, која потоа поголем дел заврши во логорите на смртта.

Соочена со притисок од Бугарија и вето за евроинтеграциите доколку Скопје не прифати дека Македонците се Бугари, дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект, а македонската историја е бугарска, македонските власти  предводени од Зоран Заев и се умилкуваат на Софија и избегнуваат децидно да посочат, за време на Втората светска војна против кого се бореше македонскиот народ.

Ваквиот однос на власта кон вистината и обидот за ревизија на сопствената историја наидува на остри критики од македонската јавност. Но како и во случајот со промена на името извршено под протисок на Грција, кога не се послуша македонскиот народ искажан со бојкотот на референдумот одржан по тој повод на 30. септември 2018 година, само за да се влезе во НАТО, власта се однесува авторитативно.

Спротивно на демократските земји, во Македонија огромна моќ е сконцентрирана во неколку челници на СДСМ и ДУИ. Тие имаат неприкосновена моќ во извршната, законодавната и судската власт. Со таква моќ тие мислат дека се недопирливи и станаа неосетливи кон маките на народот. Нечуствуваат никаква одговорност, дури ни морална за пожарот во модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 пациенти. За нив секогаш е некој друг виновник, најчесто обичниот граѓанин.

Меѓутоа народот многу добро знае да препознае неспособна власт која нема капацитет да се справи со кризите. Тоа го виде со Ковид кризата, потоа со пожарите ова лето, а сега кога ни престои енергетска криза однапред се гледа дека челниците во власта сакаат само да си ги задоволат личните интереси, но не и интересите   на народот.

Дека во преден план се интереси на поединци од власта покажуваат огромните задолжувања и неисполнети проекти како на централно, така на локално ниво. Нема општина каде е исполнето поголемиот дел од предизборно ветување на актуелните градоначалници. Најдобро се гледа во Скопје каде сегашниот градоначалник не исполни ни пола од ветеното.

Време е оваа неспособна корумпирана власт предводена од коалицијата СДСМ и ДУИ да се смени на централно и локално ниво. Најпрво на Локалните избори 2021, кои се одржуваат во недела на 17 октомври, македонскиот народ треба да им каже дека времето на СДСМ и ДУИ истече, за потоа тоа истото да го направи и на парламентарните избори.

Актуелниот премиер Зоран Заев со непристоен гест му покажа на народот дека нема да дозволи да загуби на престојните избори и да дозволи ВМРО ДПМНЕ да ја превземе власта. Тоа значи дека партиите на власт се ќе направат да не се изгуби на локалните избори во недела. Од социјалните мрежи веќе се гледа дека се прават обиди за поткуп на гласови, особено на ромската популација, а потоа дека има закани, заплашувања и т.н

Но тоа не смее да го поколеба македонскиот народ, како што не го поколеба ни 1941 година кога речиси со „голи раце“ тргна во борба против далеку понадмоќниот непријател.  Така, ако на 11 октомври 1941 година македонскиот народ ја започна својата народноослободителна борба против фашистичкиот окупатор, тогаш нека на 17 октомври 2021 година ја започне нова борба но со пенкало во рака против ненародната квинслишка власт во земјата.

Време е градоначалниците на СДСМ и ДУИ, а потоа Зоран Заев и Али Ахмети да заминат во историја. Овие Локални избори треба да бидат почеток на крајот на режимот на СДСМ и ДУИ.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top