Коментари

Преговарачот Заев работи против македонските национални интереси

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Во земјите од некогашната ЈУ федерација и во поново време заедно со Албанија т.н. Западен Балкан за разни политички збиднувања пред меѓународните институции настапуваат претседатели и премиери на тамошните земји, да одиме по ред.

Во Словенија во и надвор од својата земја имаат заеднички настапи и претседателот Борут Пахор и премиерот Јанез Јанша, додека Зоран Милановиќ – претседател на Р. Хрватска е одговорен за лиферување на информации кои значат многу за неговата земја надвор од своите граници. Тежината е одговорна оти Хрватска исто како и Словенија е земја членка на ЕУ.

Во Република Босна и Херцеговина настапи имаат функционерите од 3-те етнички заедници, кои го сочинуваат босанското колективно претседателство.

Овде да напоменеме дека горе споменатите три држави не се членки на т.н. Западен Балакан.

Во Република Србија свои настапи во и надвор од српската држава има претседателот Александар Вучиќ.

Во Република Црна Гора до вчера за започнувањата на својата земја задолжен беше претседателот Мило Џукановиќ но, со поразот на неговата партија на неодамна одржаните парламентарни избори свој настап пред меѓународниот настап има и премиерот Кривокапиќ, во Косово таа улога ја има премиерот Албин Курти.

И последна замја која не е од некогашната ЈУ федерација, а истата е дел од Западен Балкан Република Албанија како гласноговорник се јавува претседателот Еди Рама.

За жал, во нашата земја свој настап има аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха кој всушност ги претставува во свое име  погубните македонски национални интереси на меѓународна сцена.

Потврда за тоа е Преспанскиот договор со јужниот сосед (Република Грција) за промена на уставното име на државата со додавање на придавката “Северна“ и Договорот за добрососедство и соработка со источниот сосед (Р. Бугарија).

Пред извесно време се појави една вербална негативна релација помеѓу претседателот Пендаровски и зајчето каде Пендаровски нагласи дека нема логика затвореник (Зоки Кичеец), кој е пуштен да се лекува и во исто време прави сообраќајка, да му се одреди мерка притвор. Тоа го нема во ниту една земја на земјинава топка.

Последниве неколку денови Зоран Заев во јавноста се јавува со предлог да се избрише зборот “бугарски“ пред фашистички окупатор оти според него не биле само бугарите фашисти, него имало и наши соработници кои биле на спротивната страна од партизанскиот отпор за слободна и независна Република Македонија.

Во оваа прилика како прилепчанец, дали според искажаните зборови на зајчето вредеше да се прославува празникот 11-ти Октомври – денот на македонското револуционерно востание каде во мојот роден град херој Прилеп и Куманово пукнала првата пушка против бугарскиот окупатор.

Иронијата да биде уште поголема Зајчето на денот и празникот беше во градот херој Прилеп со цел да добие политички поени за неделните локални избори.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека пред 80 години во Прилеп бил нападнат участакот каде биле стационирани бугарските фашистички сили, животот го имаат положено многу македонски дејци кои под слоганот “Слобода или смрт“, сакале на своите идни поколенија да остават слободна земја на Балканскиот Полуостров.

Овде може да се нагласи и една поговорка дека пред фактите и вистините и боговите молчат.

Во оваа прилика ќе напоменам само 3 масакри извршени во прилепската околија од страна на бугарите и тоа:

Во селото Долгаец брутално се убиени околу 70-тина жители од тоа прилепско село кое сега е под долненската општина.

Во месноста Дабница исто така, има погубено неколку македонски дејци за слободна Македонија и во село Гостиражни – родното село на сега мојот упокоен татко прим Д-р Видое Јованоски се убиени 12 недолжни лица. Во спомен на нив на чешмата пред железничката станица во истоименото село има подигнато споен плоча на убиените селани.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top