Коментари

Слободан ТОМИЌ – СО ОБРАЗ ИЛИ ЃОН ПО ГЛАСОТ НА НАРОДОТ?

slob

1 slobodan

Еден од најважните германски политичари од 19 век, Ото фон Бизмарк, рекол: Политиката не е егзактна (точна наука), туку уметност! Би додале: Политиката е уметност на возможното! И двете дефиниции важат за престојните локални избори 2021. Затоа, зошто потребата од масовно гласање на престојните локални избори? И апелот: Разбудете се граѓани на Македонија, излезете на избори и покажете дека со Вашиот молк не сте придонеле за уништување на вашата и сегашноста и иднината на генерациите по вас!

Многумина од вас во овој период се окупирани со обични егзистенцијални прашања, книги за децата, место во детска градинка, огревно дрво за зимата пред нас, зимница за ефтина храна на семејството. Многумина се и во изборната кампања за гласањето на 17 октомври годинава, секој со интереси од власта, за работно место, тендерите…

И покрај се’, овие избори се од големо значение за иднината на државата и нацијата. Поразот на власта на локалните избори, брзо ќе предизвика предвремени парламентарни избори или поместување во актуелното парламентарно мнозинство. Се разбира, има и такви кои мислат на апстиненција од гласање, поради незадоволство и разочараност, убедени дека изборите нема ништо да променат.

Сепак, без разлика на мотивацијата за гласање или негласање на престојните локални избори, сите – независно од етничкото потекло и верското уверување – ја сакаат Македонија, сите сакаат подобра и поуспешна Македонија, економски стабилна, заради подобар живот и стандард. Тогаш вреди сите да размислиме, како до подобра и поуспешна Македонија, економски стабилна, заради подобар живот и стандард, ако седиме дома? Има една максима која вели, светот не страда од злото на лошите, туку од молкот на добрите! Затоа, ако мислите дека вашиот глас нема да промени ништо, грешите! Гласот на секој поединец има еднаква вредност! Вашиот глас го менува Вашиот живот, државата и светот! Вечна е максимата: Мисли глобално, делувај локално!

Вашиот глас е ваше право и зад параванот. И покрај сите притисоци и закани, Вие одлучувате кому ќе ја дадете довербата и кој број на гласачкото ливче ќе го заокружите! Зад параванот никој не може со вас да манипулира и да Ве злоупотребува! Зад параванот Вие сте суверенот на Вашиот живот и животот на Вашите деца, на Вашата сегашност и иднина!

Секако, загрижени сте за извесноста од вашето работно место, за школската година на вашите деца, за огревно дрво, за зимница, за високите цени на горивото и храната по пазарите и маркетите, за редовноста на платите, за здравствената заштита посебно во време на пандемија со корона вирусот и неговите бројни мутации, за мирот и стабилноста во земјата и регионот…

Но, останува предизвикот, излезете на гласање и кажете дека сакате светлина и позитивна иднина за вашиот народ, вашите деца, за себеси и нашата земја, нашата Македонија! Место вас тоа никој друг нема да го стори! Излезете на гласање на 17 октомври, бидејќи Македонија е наша, Македонија не и’ припаѓа само на власта!

Запомнете, ние сме слободни граѓани, стравот мора да го победиме со решителноста и самодовербата, дека нештата мора да се променат за лично добро и за подобро на сите! Покажете достоинство пред Вашите деца, покажете достоинство кон генерациите по Вас!

Alea iacta est (Коцката е фрлена) од “големите коцкари“, кои во изминатите 30 години ја прокоцкаа иднината и животот на генерации и генерации, на илјадници несреќници кои ги загубија или си ги одзедоа животите во криминалната приватизација, пирамидалните штедилници и многу други афери и скандали кои вечно ќе останат во нашата колективна меморија.

Европски функционери дури коментираат, дека за секоја македонска “услуга“ кон Европската Унија, “дебело“ е платено: Од промената на знамето во 1995, па косовската криза во 1999, Охридскиот рамковен договор во 2001, територијалната поделба во 2004, Преспанскиот договор во 2018, дури и за “гостопримството“ на Афганистанците годинава. За се’ е дебело платено! Но, од тие провизии офајдени се само поединци во власта, за народот како и секогаш коските, маките, солзите и страдањата.

Затоа и епилогот од средбата на Бриони за Балканот: Влез во ЕУ за Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија ниту во наредните 30 години! Поискрено од тоа здравје или NO PASARAN за Македонија во ЕУ со криминогена и корумпирана власт!

И после се’, ништо друго не ни останува мој народе, без двоумење, Да излеземе на масовно гласање на 17 октомври! Барем за овие 30 години сите научивме и знаеме што се избори!

Виситната е сурова: Со образ или ѓон по гласот на народот?

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top