Коментари

На Македонија и се случи народ, народот си дојде по своето

pobeda

pobeda

СДС на чело со нивниот лидер Зоран Заев се фалат дека се најдобри, но најдобри се само во криминал, корупција, предавства, крадење и лажење, тука им нема рамен.

Заради тоа, големата промена започна со овие локални избори, каде во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина. Ова е победа на народот над злото кое се надвиснало над Македонија, а кое е олицетворено во партијата СДС и З. Заев.

Невидено и нечуено манифестирање на зло што си поигрува и ја изигрува судбината и иднината на македонскиот народ. Мудроста рекла оти неизлечива болест е малоумието.

Премиерот З. Заев и неговото опкружување раздаваат што ќе стигнат и каде ќе стасаат. Те гледа во очи и те лаже. Таквите луѓе историјата ги именува како предавници, или, народот има уште поубав збор за тоа–неранимајковци.

Затоа, спасот од ова зло е вториот круг на локалните избори на 31 октомври, кога бројот на освоените градоначалнички места ќе стане уште поголем. А, потоа, се знае, создавање на ново парламентарно мнозинство и формирање на нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за дефинитивно да се стави крај на оваа фашизоидна политика.

За две недели решаваме дали ќе ја задржиме оваа осакатена, измрцварена и понижена држава за да може да се врати во нормала, или потполно ќе ја загубиме.  Да направиме една голема победа со што конечно ќе ги тргнеме од власта овие одродници од својот род.

Затоа почитувани, имајте целосна верба во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и заедно со него да работиме и да се избориме Македонија повторно да стане горда држава и земја на просперитет и развој, земја од која нема да има иселувања, земја во која судството, обвинителството и полицијата нема да бидат ничија своина. Ова македонскиот народ го заслужува во неговиот опстој се додека светот светува и векот векува.

Создади нова иднина, промени, проекти, победи. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АМИН!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top