Коментари

Злосторствата на Зоран Заев – сторените и најавените!

Страшо АНГЕЛОВСКИ

Во саботата наутро имав интервју за македонско радио во Сиднеј, Австралија, а во неделата вечер за исто такво во Чикаго, САД. Она што како впечаток остана во мене е податокот дека, според поставените прашања и заклучоци на водителите и според  прашањата и реакциите на слушателите, веќе не постои македонец во светот кој не е згрозен од владеењето на Заев, не е убеден во неговиот катастрофален пораз во вториот круг на изборите на 31 октомври и, не посакува ништо повеќе одколку предвремени парламентарни избори и  пад на оваа нецивилизациска и злосторничка власт.

Проговоривме за неговите злосторства кои веќе ги изврши врз македонскиот народ и македонската држава, но и за оние за кои се подготвува да ги изврши. Злосторства кои не застаруваат и злосторства за кои се одговара, кога – тогаш.

За веќе сторените злосторства веќе сум говорел и сум пишувал. Тоа е, пред се’, непочитувањето на резултатите од највисоката демократска институција – референдумот и, преку фалсификување на волјата на граѓаните потпишувањето на договорот со Атина со кој, Република Македонија ја доведе во состојба на гарантна окупација. (А, според Уставот на РМ никој нема право да потпише окупација и тоа се смета за велепредавство).

Второто злосторство, она што допрва ќе го почувствуваат и оние кои се радуваат на ова првото, односно на договорот со Атина заради “влез во НАТО“, е бришењето на Република Македонија од енергетската и инфраструктурната мапа на Европа. Имено, заради исполнување туѓи интереси, Зоран Заев и го оневозможи на државава гасоводното поврзување, со што државата остана без ефтин гас за сопствени потреби и развој и без милиони евра од транзитот на гас. Истовремено, остана без брзата пруга за брз превоз на сопствените производи на европските пазари и без милионите евра за транзит на стоки претежно од солунското пристаниште.

И, кога, заради најтешката до сега енергетска криза која се најавува, ќе седиме зимово во студени домови, со рестрикции на електрична енергија, не е лошо да побараме НАТО да ни ги грее и осветлува домовите. Бидејќи, нели, заради него, “ Заев херојски го уништи руското и кинеското влијание“.

ЗЛОСТОРСТВА ВО НАЈАВА

Она што следи, секако е, уништувањето на цели генерации од нашите поколенија со шаренореволуционерните програми во образованието, со фашистичко-инквизицискиот однос кон книгите кои сакаат да ги запалат на клада, со ЛГБТ програмите во образовниот процес… Со еден збор, злосторство кон младите генерации заради уништување на македонското милениумско традиционално постоење.

Потоа, на ред е договорот со Софија, кој наспроти противењето на целокупната македонска јавност, Заев го турка со доза на изживување врз сите кои се чувствуваат како македонци и не сакаат да ја продадат својата историја некому кому не му припаѓа. Згора на се’, за првпат , наспроти она потврденото дека “историјата ја пишуваат победниците“, Заев, во своите злосторнички намери против македонскиот народ и македонската држава, со нескриена пакост во погледот,инсистира нам на македонците, како победници во антифашистичката борба, историјата да ни ја пишуваат поразените – Софија и Тирана. Со тоа, сака да ја реализира идејата за “Македонија – Швајцарија на Балканите“, во која, како конфедерација, ќе нема матичен народ како носител на суверенитетот.

И конечно, со договорот со Приштина, според кој на косовската “армија“ (нешто што не постои според Резолуцијата 1244 на ООН) и се дозволува слободен влез и престој на територијата на Република Македонија. Со тоа, во една идна можна воена разврска на случувањата на Косово, што веќе беше најавено со последните случувања на северот на Косово, територијата на Република Македонија ќе служи како простор за консолидирање и преструктуирање на косовската “армија“ (онаа истата која изврши инвазија врз Република Македонија во 2001 година), за одмор и лекување на истоштените и ранетите, а со тоа, ќе стане легитимна цел на спротивната завојувана страна.

Не треба да си многу паметен за да знаеш дека единствено меѓународното право и меѓународниот поредок, меѓу кои се примарни Организацијата на Обединетите Нации и нејзините Резолуции, претставуваат каков таков гарант за заштита на малите држави каква што е и нашата. И доволно е да се потсетиме што се случи токму после непочитувањето на ООН и нашето авантуристичко признавање на независноста на Тајван – терористички напади од КЗК (Косовскиот заштитен корпус, денес преименуван во Косовска армија) и војна со терористите во 2001 година.

И денес, кога токму оние кои незаконски го донесоа Заев на власт, британските тајни служби, најверојатно стојат зад случувањата на Косово, чиј проект од пред 140 години е создавањето на “албанскиот вилает“, сега, преку овој договор, бараат од Заев да си го исплати “долгот“.

Инаку, во предвечерието на Балканските војни, во 1912 година е одржан сеалбански конгрес, на кој е донесена одлука за формирање на “албанскиот вилает“, како територијално правна единица во рамките на Отоманското царство. Според тогашниот проект, во него требало да влезат неколку вилаети кои веќе се наоѓале во составот на царството – косовскиот, битолскиот, скадарскиот, вилаетот Јанина и дел од солунскиот вилает.

Британскиот проект, за жал, станува се’ пореален од кога било, а Зоран Заев добиените четири-пет години власт треба да ги плати со македонската земја и македонското постоење.

Токму затоа, на 31 октомври мора да биде катастрофално поразен од сите слободномислечки луѓе во државава, вклучително и членови на СДСМ на кои Македонија и сопственото постоење им е помила од киднапираната партија.

И потоа, секојдневен притисок се’ до одржување предвремени парламентарни избори.

За да ги спречиме најавените злосторства.

(авторот е претседател на МААК)

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top