Коментари

Лаги, притисоци и закани се одлика на оваа власт

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва 

Во недела со пенкало во рака да ставиме крај на расипничката и антимакедонска политика на СДС.

24259

Во Недела гласајте за кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ заокружувајќи го Брјот 7,  

2462

За Општина Карпош нашиот долгогодишен и верен коалиционен партнер Стевче Јакимовски заокружувајќи го бројот 1,

2431naj

За градоначалник на Скопје за Данела Арсовска заокружувајќи го Бројот 82.

СДСМ и ДУИ пред тежок изборен пораз на Локалните избори 2021 !!!?

Во првиот круг на седмите Локални избори 2021 народот го направи првиот чекор во рушење на хибридниот режим на Зоран Заев. Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја победи коалицијата на власт СДСМ и ДУИ со 2:1.

ВМРО ДПМНЕ победи во 22 општини, а СДСМ во 9 и ДУИ во 3 општини. Останаа уште 44 општини каде победникот ќе се бара во вториот круг во недела на 31 октомври, а во 2 општини ќе се повтори целата изборна постапка.    

Политиката исполнета со лаги, неисполнети ветувања и непочитување на вољата на народот, политиката на уцени и заплашувања од страна на СДСМ и ДУИ доби жолт картон во првиот круг на Локалните избори 2021, а црвениот треба да го добие во вториот круг кога треба да падне одлука кој ќе ги води останатите општини. Најголемата битка ќе се води во поважните градови како Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.

Резултатите од првиот изборен круг покажаа дека мнозинството од народот сака промени и дека својата иднина ја гледа со опозицијата. Согледувајќи дека на овие локални избори ќе доживеаат тежок изборен пораз кој ќе влијаа и врз централната власт челниците на СДСМ и ДУИ започнаа повторно со ветувања, закани и  заплашувања.

Како и пред секои избори и овој пат таргет на власта се гласачкото тело во администрацијата чија бројка е над 131.000 и пензионерите чија бројка е околу 327.000. Премиерот Зоран Заев се обидува нив да ги придобие со ветување за зголемување на плати и пензии. Односно дека од 1 јануари минимална плата би била 18.000 денари, а пензиите секој 1 јануар и секој 1 јули ќе растат согласно просечните плати.  

Во нормални услови ветувањето за зголемување на минималните плати може да го излаже гласачкото тело, но во услови кога пред себе имате човек кој ретко кога ја говори вистината, потоа кога имате пандемија и енергетска криза пред вратите, народот не е наивен и е свесен дека тоа тешко може овие ветувања да се исполнат и дека тоа ќе биде уште една неисполнето предизборно ветување. Од друга страна ниту усогласувањето на пензиите не им ја гарантира на пензионерите основната материјална и социјална сигурност, туку само покачување на пензиите сразмерно со порастот на просечната плата може да ги ублажи последиците, што исто така е тешко да се поверува дека оваа влада може да го испорача во овој момент.

Лаги, притисоци и закани се одлика на оваа власт.

Тоа го покажува и случајот со актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат во Куманово Максим Димитриевски. Тој неодамна објави дека неговото возило било следено, а потоа запрено од полициски службеник и спроведено на вонреден технички преглед.

За опозицијата ова е уште еден пример на притисоци и закани со кои се служи режимот на Заев за да ги сочува позициите.

Ваквото однесување очигледно е постапка на очајник кој гледа дека во вториот круг неговите градоначалници ќе изгубат и тој ќе добие црвен картон на локално ниво. Но, Заев се надева дека во последен момент може нешто да извлече со помош на меѓународната заедница. Поради тоа тој се обидува што побргу да го испорача она што го ветил на Бугарија. Меѓутоа на тој пат на распродажбата на македонскиот идентитет барем за кратко му застана историчарот Ванчо Ѓорѓиев кој поднесе оставка во Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Поради оставката, како што пренесуваат медиумите, тој бил изложен на закани  од висок функционер на МНР.

Тоа е всушност стилот на владеењето на СДСМ од моментот на доаѓањето на власт. Имено сите што им беа на патот за распродажбата на националните интереси преку судството беа изложени на политички прогон. Сепак народот кој тој го нарече најголемо зло тоа го виде, се ослободи од стравот и на локалните избори на сегашната власт и даде жолт картон.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е прочитан од народот и полека но сигурно доаѓа крајот на неговото владеење. Но за да се спречи распродажбата на националните интереси на Бугарија, да се дојде до промени и подобра иднина потребно е македонскиот народ и сите граѓани на оааа парче напатена македонска земја мора да се обединат и на 31 октомври 2021 година масовно да излезат на локалните избори народот за да му дадат црвен картон за режимот на Заев. Тоа ќе биде увертира за предвремени парламентарни избори по кој тој и неговата клика дефинитивно ќе замине во историјата.

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top