Коментари

Александар Џеповски: Мицкоски доаѓа под хитно и не смее да биде атерџија како Груевски

Dzeposki

1Dzeposki Александар Џеповски

Криминалот, рекетот и сите национални предаства и омаложувања треба да се казнуваат и да се нема никаква жал спрема никого ни за една секунда. 

Ако постои смртна казна, се знае каде треба со сите почести да отиде, но бидејќи нема прашање е колку тие ќе си добијат ако се земе предвид дека по 18 години добија браќата кои на мравка не згазија. 

Би сакал да упатам голема благодарност до Села, Касами и сите други Албнаци без да ги набројувам кои во овие моменти му подаваат рака на Македонија и ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски. Заедно верувам длабоко дека ќе се борат против сиромаштијата и корупцијата  и дека ќе ја донесат Македонија на ниво на кое заслужува и луѓето да почнат да се ослободат и живеат нормално и достоинствено. 

Заминувањето на СДС и Заев е голема лекција за Македонија како и заминувањето на ДУИ за Албанците. 

Сите во нашиот регион се заситија од политичари криминалци кои се богатат преку криминал и рекет па би требало да се почне од кај нас и да се даде пример на другите. Знаеме и видовме како атерџиската политика на Груевски кој беше ” смртно уплашен ” од Јенките се круниса само со затвор за Велија и условни и никакви казни за другите и како благодарност на сето тоа опозицијата го дотера во егзил и илјадници без причина ги изпозатвори. 

Ова е сега да се биде или не, ако не се искористи убаво и паметно и ако не ги осуди заслужено и праведно СДС и ДУИ за сите нивни ” егзибиции ” – поправен испит ќе нема после тоа. Одговорноста е голема и ќе има голема чест само со правда и чист образ да се води земјата кон поубаво утре. Верувам во новите лидери но најмногу верувам во народот кој трпел и трпи многу со надеж дека ќе гледа убави денови за долго. 

НИКОГАШ НЕ ЗГАСНАЛА НАДЕЖТА ВО ПОУБАВО УТРЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ДОЈДЕ БЛАГОДЕТОТ БОЖЈИ А СИ БЕГА ЃАВОЛОТ СО СВОИТЕ ДЕЦА ЗАСЕКОГАШ ОД МАКЕДОНИЈА. 

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top