Коментари

Марија Емилија Кукубајска : Иван Јорданов, избран за градоначалник на Штип

105a

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

„Денес победи народот со пенкало… За да стигнеме далеку, мора да почнеме веднаш.“

Иван Јорданов, избран за градоначалник на Штип 2021 (роден 1988, Штип, Македонија)

24543

Проф. Кукубајска, според ставови на м-р Иван Јорданов, во неговата изборна програма:

Со најдостојните околу нас, со нив знаеме до каде и што можеме, со нив веруваме во човечни универзални вредности и доблесна посветеност. Замислената иднина се гради со реално остварливи дела и заеднички напори на умствената и физичката способност кај поединецот и народот. Нешто не е во ред со земјата каде несреќата е норма за преживување на обесправениот, и метод за владеење на надмоќниот со послабиот. Лидерот кој ги познава потребите на народот знае дека напредокот им е взаемен: неговото лидерство и владеењето на народот преку него, лидерот. Развојот ќе креира и усмерува квалитетно лидерство меѓу народот и власта избрана од него.

Традицијата и напредокот се родител и дете, наследени искуства и современи иновации во континуитет. Нашата земја и нашиот град ги имаат сите предуслови за развој: учени млади кадри способни за соработка со технолошки напредните, со нив да сме во натпревар, со наш автентичен бренд. Не да извезуваме луѓе, туку изуми и производи на нашите луѓе да пласираме на светските пазари. Клучен фактор за успехот ќе е ефектуирање на човековите ресурси и природните богатства во создавање мрежа за ефикасно и синхронизирано работење.  Да градиме, да ја оплодуваме напуштената почва, да ги обновуваме испразнетите куќи, за нашите градови и села, нашите возрасни и нашите млади да не се гонети од сиромаштија да ги оставаат уназадени, неразвиени – своите полиња, домови, фабрики, универзитети, а да остваруваат профит за туѓите интереси, далеку од својата држава која вложила во нив и на која и’ се суштински потребни. Да создаваме чесно и праведно, со волја и надеж, да бидеме корисници на сопствениот труд, да ја развиваме својата земја и својот град, зашто тие се дел и од континентот и од светот.

Целото човештво има заеднички потреби од здрава храна, здраво домување, незагадена вода за пиење и наводнување, руди и минерали за погон на сателити и на меѓупланетарни летови, за батерии на телефони, електрични коли, сончеви колектори. А Македонија има големи потенцијали за вклучување во напредно производство со култивирање на своите богати ресурси и создавање работни место кои ќе се вреднувани со плати што ќе растат заедно со капацитетите на производството, со конкурентен извоз на меѓународни пазари и со услуги што ќе „увезуваат“ туристи во нашата преубава земја на културни наследства и современи уметнички дела. Тоа што во овој период се покажува дефицитарно е здраво и самосвесно лидерство со некомпромитирани етички вредности, со работење спрема закони и норми за економски и сеопшт напредок. Потребна е непартизирана правна заштита на трудот, непристрасно вреднување на знаењата и способностите на луѓето, и пред се’ младите во Република Македонија.

Нема град, нема село ако е без народ, без вработено население. Нема среќа ни благосостојба без организирана и уредена култура на живеење, работење, творење, образование, здравство. Нема одржливи високоградби ако подрачјето е трусно, а воздухот загадуван, а без постоечки решенија. И како ќе има суперструктура ако инфраструктурата не е функционална. Нема самостоен, индивидуален и заеднички напредок ако резултатите од умствениот и физичкиот труд на народот ги манипулира оттуѓена власт која себе си се регрутира во недопирлива елита која незаконски профитира од трудот на народот. Нема народ без свест, но има лидери без совест, кои неодговорно, неотповикливо располагаат со слободата на народот и неговата своина, неговите лични, семејни и општи добра. Нема одење напред ако владеачките структури брзаат со својот плен приграбен од народот, од неговата почва и од неговата милениумска историја. Ако лидерството го остава народот далеку наназад, да се сопнува, да паѓа, да го снемува невиден и нечуен – нема демократска вклученост, само пропаганда. Но, како ќе има задоволување на потребите на богатите ако сиромашните се неважни за ние кои стекнале привилегии и позиции од парите на обесправени. Здравствената (не)грижа покажува нееднаква распределба на вакцини и лекови против ковид-19 додека се пропагира еднаква здравствена грижа за сите.

Ниеден успех не е невозможен, ако се има љубов, верба и надеж – во себе, во својот народ, во науката, во природата која е обновлива, во Бог кој е постојана стабилност во универзумот. Плодотворен ќе е секој напредок ако создаваме со непогрешно одржливите принципи на духовни, интелектуални и физички вредност – со љубов, радост, мир, трпеливост, добрина, љубезност, милосрдие, верност, само-дисциплина. Така стануваме првенци, во градот, земјата, светот.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top