Коментари

По победата на опозицијата на Локалните избори Зоран Заев конечно поднесе оставка

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Заврши вториот круг на седмите Локални избори 2021 година на кои  македонскиот народ му даде црвен картон на владечката коалиција СДСМ и ДУИ.

Македонскиот народ на овие избори кои беа еден вид референдум на владеењето на СДСМ и ДУИ, како на локално така и на централно ниво, им даде шут карта, поради што Зоран Заев си даде оставка на позициите премиер на Влада и лидерската позиција  во СДСМ.

Со тој чин паѓа цела Влада, но Заев се надева дека повторно ќе ја изманипулира јавноста со помош на меѓународниот фактор наводно дека ќе има нестабилност во земјата доколку тој си замине.

Тоа се гледа и од изјавата на Зоран Заев која ја даде по изборниот пораз, каде вели дека нема потреба од нови парламентани избори и на СДСМ му престоеле две и пол одлични неповторливи години за државата од кои корист би имал целиот народ и државата. Меѓутоа, тој никако не може да сфати дека доби црвен картон поради корупцијата, неспособноста на власта и дека народот не го сака особено по распродажбата на името и националните интереси.

Едноставно македонскиот народ мора да го принуди Заев да си го одржи зборот за да си замине еднаш засекогаш од власта, а не повторно да го лаже. Покрај него и целата сдсмовска и инсталација на ДУИ мора да си замине од власта доколку Македонија сака да се справи со предизвиците со кои се соочуваме и ни престојат (пандемија, енергетска и економска криза), но и да ги санира последиците предизвикани од владеењето на Зоран Заев.

СДСМ и ДУИ одамна го изгубија кредибилитетот за да ја водат државата.

Меѓутоа пандемијата со Ковид 19, прогласените кризни состојби и преземени мерки, долго го одложуваше падот на нивното владеење. Сепак немањето на капцитет да се справат со кризите, корупцијата, неработењето и другите несоддветни активности кои ги рушеа институциите им го донесе почетокот на крајот на нивното владеење во единиците на локална самоуправа, што доведе и до најава за оставка на Заев.

Сега, по оставката на Заев сите очекуваат формирање на ново парламентарно мнозинство и формирање на нова влада.

Македонскиот народ кој поминува низ низа премрежја едвај чека промени на централно ниво кои ќе доведат до подобар живот, до подобар стандард, но и враќање на достоинството кое им го вети опозицијата.

Политичките партии како ВМРО ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, Левица и другите кои не ја споделуваат мрачната визија на Заев, можат да и донесат светлина на народот. Локалните избори покажаа дека тие сплотени можат да донесат промени како на локално така и централно ниво, односно да однесат победа на следните парламентарни избори.

На 31 октомври 2021 година македонскиот народ го стори своето, му кажа историско НЕ на политиките на Заев и неговиот хибриден режим, му кажа не на криминалот, на корупцијата и неспособноста на власта. 

Сега на ред се партиите кои ја добија довербата од народот. Тие треба да го испорачаат она што му го ветија. Не смеат никако да го разочараат и не смеат да дозволат неказнето да поминат сите оние кои се огрешиле од Уставот и Законите на државата.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top