Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 143 : НИ ПРЕТСТОИ СОСЕМА НЕИЗВЕСНА ПОЛИТИЧКА ПРОЛЕТ!!!

Martin Trenevski 1

1martin1

1. Македонската политичка пролет, што ја најавив пред некоја недела, веќе многу јасно е на повидок. Во неделата, на 31 октомври, пролетта, што се наѕираше веќе по првиот круг на редовните локални избори на 17ти октомври, веќе е јасно видлива по триумфалната победа на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери на 31 октомври во вкупно 42 општини, вклучувајки го и главниот град, Скопје.

Триумфот на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на резултатите беше пропратен во “Македонски стил” – со зурли и тапани пред штабот на партијата. Од друга страна  – од ул. Бихаќка, каде е седиштето на владеачката СДСМ, уследи оставката на лицето Зоран Заев од функцијата премиер и од сите партиски функции. Заев, познат по бројните празни и никогаш неисполнети ветувања за изминативе пет години од кога го донесоа на власт, за прв пат, барем вербално, поднесе оставка од двете функции и се завети дека ја напушта премиерската фотеља, но и партиското водство на социјакл-демократите и рече дека тој лично ја презема одговорноста за лошите резултати на изборите! Дали најавената оставка воопшто ќе се реализира засега е отворено прашање бидејки не е прв пат Заев или нокој од неговата партиска дружина да понуди оставка, а тоа да не се оствари, демек “да не му биде прифатена”. Колку за потсетување, да го споменеме само на инцидентот на 8ми септември кога живи изгореа 14 пациенти болни од корона вирус во Тетово, што Заев го прогласи за “банално прашање”, доддека министерот за здравство Венко Филипче си тераше кампањи за локалните избори – бидејки оставката што ја понуди “од морални прочини” не му беше прифатена!?

Членовите на победничката коалиција пред партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје во еуфорија го прогласија Скопје за “ВМРО-вски град”, но претседателот на Партијата Христијан Мицкоски истата вечер на прес-конференцијата предупреди дека со право може да се радуваат на победата, но нема место за еуфорија бидејки претстои многу работа за да се исправи грдото наследство од сега веке претходната власт. Сега почнуваат промените за подобра Македонија, рече Мицкоски.

Во вториот круг во 43 општини и градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 20 општини, СДСМ во седум, ДУИ во седум, Алијанса за Албанците – Алтернатива и Беса по две, и по едно градоначалничко место имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ.

Скопје, за прв пат во изминативе 30 години од стекнувањето на независноста ќе има жена за градоначалник, независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а независни кандидати се  Максим Димитриевски во Куманово, и Зоран Ногачески во општина Дебарца.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа порача дека партијата извојувала голема победа, по која, како што порача, почнуваат промените за подобра Македонија. Иако Мицкоски се заложи и за предвремени парламентарни избори, премиерот Заев во своето обраќање се спротивстави рече дека “такво нешто не е потребно”.

ВМРО-ДПМНЕ во идниот четиригодишен период ќе раководи со 42 (0д вкупно 80 општини во државата), и градот Скопје. СДСМ so16, ДУИ ќе раководи во вкупно 10 општини (но конечно го загубија Тетово), коалицијата Алијанса/Алтернатива во две. Беса ќе раководи со две, а Гром на Стевче Јакимовски, ДПА и ЛДП/ДОМ со по една општина, додека три општини ќе бидат под раководство на независни кандидати. 

2509176

По објавувањето на резултатите од вториот круг локални избори

Од поголемите градови коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освен Скопје, од поголемите општини ги освои Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Гевгелија, Штип, Кочани, Радовиш…

 Коалициониот партнер во владата на Заев, ДУИ, иако настојуваше со сите сили, го загуби градалничкото место во нивното традиционално упориште Тетово, каде победи Билал Касами, кандидатот на нивниот коалиционен партнер во владата на Заев, Беса, но го загуби и Гостивар каде втор мандат доби досегашниот градоначалник Таравари. За да не го загуби и Кичево, каде односот на гласачите Македонци и Албанци е пата-пата, ДУИ мотивира десетици чартер авиони од Швајцарија со гласачи за да го подржат нивниот кандидат.

Но дури сега почнуваат главоболките и за победниците на овие локални избори (ВМРО-ДПМНДЕ и коалицијата), како и за губитничката СДСМ и нејзината коалиција! За првите, власта по поразот е делегитимирана и треба веднаш да си замине, а во меѓувреме да се формира техничка влада што ќе организира предвремени избори. Од друга страна, коалиционите партнери на владеачката СДСМ, особеноно ДУИ и помалите партии се категорични Заев да не се повлекува туку да го доврши четиригодишниот мандат!

Реакции уследија и од меѓународната јавност. Американскиот Стејт Департмент се огласи со соопштение во кое се вели дека “ja  подржува владата на македонија”(!?), Претседателот на соседна Србија Ачександар Вучиќ коментираше дека не се само грешките во кампањата причина за поразот на Заев, туку и застојот во евроинтегративниот процес и блокадите кон Македонија од Бугарија за почеток на преговорите за членство.

Иако општините што беа избрани во првиот круг на локалните избори (17ти октомври) се конституирани, веќе се појавија и првите сериозни проблеми. Имено, советниците од СДСМ  во Штип и скопската општина Аеродром одбија да дадат заклетва доколку пред името на државата не стои придавката “северна”, на што не обврзаа со капитулантскиот договор од Нивице, Преспа!!!

Засега од соседна Грција нема званични реакции на овие појави, но сосема сигурно е дека ќе следат, а можно е нашиот јужен сосед да и се придружи на Бугарија во блокадата за почетокот на преговорите на РМ за членство во ЕУ.

Како што стојат засега работите, ако вака продолжат, повеќе од сигурно е дека ни претстои  многу неизвасна македонска политичка пролет!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top