Коментари

ВЕРДИ, ПРОКЛЕТСТВОТО НА РИГОЛЕТО, ЖЕНАТА Е НЕВЕРНА И МАФИЈАТА НА ВОЈВОДАТА ОД МАНТОВА

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Во темната, трагична опера Риголето, со аријата „Жената е неверна“, Верди ја исмева неморалната мафија на Војводата од Мантова, тој што го вработил Риголето за келнер во неговиот ноќен клуб и за обезбедување против народот кој не ги сака неверните жени. Во Риголето се пее за жените кои го „користат газдата“ кој ги злоупотребува клиентите кои му се предаваат. Во трагичен крај, криминалните ликови меѓусебно се пресметуваат. 

Се оградувам од можни политички коректни замерки за оваа Вердиева претстава на жената како неверен протагонист, и ќе се послужам со цитат од оваа италијанска опера (1851) која и во 2014/15 беше една од 10те најпопуларни во светот. Во Риголето се пее за жента на лагата која го користи народот што го заведува: „Менува глас, менува мисла, секогаш со привлечно лице, и да плаче и да се смее – секогаш лаже. Секогаш е мизерен тој што и’ верува“. Жената е измамничка, секогаш превртлива, никогаш не може да и’ верува тој што бара стабилна и верна врска. Таквиот етички став може да се воопшти и на пријатели, на деца и родители, како и на власта и народот. Лагата е отфрлена од вистината како страно тело, иако „Луѓето на лагата“ се најпопуларни последните децении (Др. Скот Пек). Само релативистички игри со вистината можат да ја прифатат лагата како не-морално, конфликтно, идеолошко… оружје за владеење со другиот, со народот, со општеството.

Симболот на правдата како жена без у-вид

Во музичката уметност, како и во правните и општествените науки, прогресивноста на лагата го релативизира својот однес кон реалноста за она што е морално и правно прифатливо. Со дедуктивно размислување се очекува човекот и власта да извлекуваат здрави заклучоци во процесот на стекнување и примена на знаења за успешно управување со себе си и со општеството. Секоја наука и нејзината практична вредност се реализира преку моќта да демонстрира убедливи докази и одржливи факти за реалноста. На тоа е заснована и применливоста на правото како наука за законите. Законодавството нема да е моќно да поставува и брани вредности, вистини, ред, мир и слобода за општествен и севкупен напредок, ако измамата е акт за релативно толкување на реалноста, и оправдување на симболот на правдата како жена со врзани очи. Што е праведно, а што не, што е одржливо, а што промовира илузии за прогрес, што ги докажува замките и загубите во регресивниот прогрес низ историјата и сегашноста – треба да се брани како неменлива правна категорија, предуслов за развој на личноста и на општеството засновано на закон и заштита на народот, на човековите права. Нема правда ако владетелот е диктатор, ако се режира траги-комедија на демократија, пост-хумано аморално, анти-народно, анти-државно управување со сцените на животот во театарот на светот. Оваа тема од Риголето, во аријата на расипаниот Војвода од Мантова, сведочи за цената што ја плаќаат криминалните умови, но и нивните жртви. Таа е релевантна и денес. Се одвива по улици и спортски стадиони, видео игри, комерцијални и политички реклами и филмови, во светот, и во Македонија. На државно и на индивидуално ниво.

https://www.youtube.com/watch?v=xCFEk6Y8TmM  Генијалниот Павароти како расипаниот Војвода   

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top