Коментари

Ламбе Арнаудов: Чекај, чекај Зоране, не оставка, ОДГОВОРНОСТ

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Види, Зоки ти не беше тренер на Беласица од твоја Струмица, па поради лоши резултати на тимот си даваш оставка. Овие твои дела се хаварија на државата, обезличување на народот, урнисување на економијата, загрозување на здравјето на луѓето, присвојување на судството, обвинителството, ставање на полицијата под твоја команда, пцуење на Македонците, поткуп, криминал, уцени, закани и што ли не друго…?

Затоа батко Зоки – ОДГОВОРНОСТ

1. Ќе се соочиш  со истрага за велепредавство зошто што беше креатор на капитулантскиот  договорот потпишан во Нивици спротивно на Уставот на Република Македонија и јасно изразената волја на граѓаните на Република Македонија изразена преку изјаснувањето на Референдумот од 30 септември 2018 година.

2. Ќе одговараш затоа што буквално ги “отепа“ македонскиот јазик и идентитет што во секое демократски уредено општество се казнува како напад на државата. Сосема исто како кога непријателот ја преминува државната граница.

3. Нема да ти се прости ни тоа што сакаш да ја избришеш историјата, културното наследство, посебноста и припадноста од колективната меморија на младите генерации.

4. Ќе  ти  го  паметиме  и  ТЕБЕ  лично  го  препишуваме понижувањето  на  вредностите  на македонскиот  народ  и нечовечно  исмејување на  Република Македонија  во  очите  на Меѓународната заедница, слободномислечката, демократска, благородна елита,  кои  во најмала рака се зачудени од твојата омраза, гнев и негирање на сопствениот народ и држава.

5. Ќе  се  проверат  сите  сомнежи  за  тешки  дела  против  државата,  со  поткопување  на економската моќ и присвојување на имот од општ јавен интерес во полза на поединци.

Тешко тебе, ако се докаже.

6. Не си свесен што значи делото за колективно загрозување на здравјето на народот  и уништување на здравството.  Тука  докази има. 7000 неми сведоци чија тишина ќе се претвори во громогласен вик за несреќата што им ја донесовте на своите сограѓани врз чии тешки судбини сакавте да се збогатите.

7. Ќе се преиспита твоето присвојување на она што секаде е недопирливо и слободно, СУДСТВОТО.

Колку ли само човечки судбини ги зави во црно, поединечно и семејно, заради твојата не  згасната жед  за одмазда и моќ.  Тука морам да признам дека си ЗЕВС во обвинителството  и правосудството кога  беспрекорно  послушно ти служат ИРА и КИРКА божици – змии отровници кои немаат допирна точка со правдата и праведноста.

8. Мисли му ја како ќе објасниш како дел од безбедносните структури кои наместо да ги штитат граѓаните се претворија во злосторничко здружение кое тепа, малтретира и уценува невини луѓе, а на чие чело стоиш ТИ.

9. Од ова најмногу да стравуваш, со право. Ова не спаѓа во точки, членови и  алинеи на кривичниот  законик. Овде  нема  судии,  обвинители,  адвокати,  нема  аболиции,  ниту помилување или потплатување. Има само еден суд и тој е праведен.  Затоа ти, твоите миленици Рускоска, Кацарска, Јовески, наменски поставените поротници, разни НИНЏИ јалан сведоци, што на правда Бога осудивте невини луѓе на робија подолга од два (2) века, спремно да си ја дочекате Пресудата на страшниот суд. Таа е многу тешка. Затоа мој совет е да си ги избришете своите гревови со тоа што ќе одговарате пред граѓански суд. Пресудите ќе бидат полесни и далеку поподносливи.

16274

10.  На крај. Ќе ти пресудат сите луѓе кои ги уценуваш и се под постојана закана за нивниот слободен живот, со поседувањето на прислушуваните материјали. Нивната одмазда ќе те згази. Од чесни правиш криминалци, од патриоти предавници, умните ги оглупи, силните ги направи слабаци, гордите слуги, мирните апаши, здравите ги разболе, луѓето  со образ ги направи ѓонови, домаќините ги претвори во бараби, а дел од најчестивите од јадот што им го нанесе ги испрати во смрт.

Зоране, Зоране, се качуваше многу брзо и многу високо кон врвот, сега кога ќе паѓаш повторно ќе ги сретнеш  истите луѓе по чии рамења и глави газеше трчајќи кон врвот на моќта и богатството.

Главите,  рамењата и рацете на истите тие луѓе сега се слободни, а ТИ ќе бидеш газен под нивните нозе.

Заради сето ова, ќе те потсетам на вториот најупотребуван  збор од луѓето во, на сите јазици после ГОСПОД е НАРОД.

Има една стара и многу поучна турска мудрост:

ЕТМЕ БУЛМА – НЕ ПРАВИ, ДА НЕ НАЈДЕШ.

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top