Коментари

Заевизмот е најлошото нешто што и се случило на Македонија од независноста до денес

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Украдена демократија

Со земјата владеат криминални картели од СДС и ДУИ за кои не важат ни Устав, ни Закони. Истите тие ги прилагодија за свои потреби, за додворување на своите поддржувачи во меѓународната заедница, за казнување на политички противници, но и за условно или минимално казнување на криминалците кои работат за нивни интереси. Едноставно кажано ја украдоа демократијата во државата и не ја почитуваат вољата на народот.

Опозициските партиии ВМРО ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива. БЕСА и Левица безуспешно се обидоа да изгласаат недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, кој патем си даде оставка по поразот на Локалните избори.

На закажаната седница во Четвртокот на 11.11.2021 година, немаше квором поради недоаѓањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, кој веќе своеволно се имаше потпишано на барањето за гласање на доверба на Владата.

Не доаѓањето на Кастриот Реџепи од БЕСА на денот на гласањето во Собранието, немањето најава од негова страна дека е спречен да присуствува, неговата недостапност по телефон и отсуството од домот, опозицијата го протолкува дека пратеникот е киднапиран од страна на СДС и ДУИ кои очајно се обидуваат да ја задржат власта.

Пратеникот Реџепи се јави истиот ден во попладневните часови преку снимено видео и порача да не се грижат бидејќи бил на сигурно на вистинската страна. Неговите сопартијци ова изјава тогаш ја протолкуваа дека е дадена под закана, додека други пак говореа дека покрај уцени и закани, има купување на пратеници, чија цена достигнува до еден милион евра. Оттука многу малку веројатна е изјавата на Реџепи дадена во Понеделникот дека бил под закана за неговиот живот и дека ја потпишал „инцијативата за гласање недоверба на Владата во моментот кога премиерот Заев, по исходот на локалните избори, рече дека поднесува оставка. Се чинеше дека власта е без кормилар.“

Ако во тој контекст ја спомнеме и изјавата на преставник на ДУИ, кој бранејќи ја промената на ставот на Реџепи, претходно ќе каже дека сега екс пратеникот на БЕСА бил ориентиран кон ЕУ и НАТО и дека неговото срце спие во Брисел и Вашингтон, тогаш се поставува прашањето кој му се заканувал нему, власта или опозицијата, односно многумина шеговите ќе прашаат „а каде спиат другите негови органи (бубрег, јетра и др.), можеби во Софија, Приштина, Тирана или во некоја друга куќа обоена во жолто“.

Без разлика дали овој пратеник бил киднапиран, уценет или купен, чуден е молкот од меѓународната заедница.

Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон и Париз молчат за случувањата во земјата, за киднапираната демократија, за дволично однесување на Зоран Заев, за лагите и криминалот на преставниците на СДС и ДУИ. Секој обичен граѓанин се прашува дали треба тие целосно да ја уништат државата, за да вие можете полесно да ја распарчите меѓу Софија и Тирана. Едноставно да ја продолжите агендата од Лисабон за да го снема македонскиот народ.

Македонскиот народ одлучно ќе се спротистави на сите такви планови.

Согласно Атланската повелба, македонскиот народ има право на своја држава која ја стекна за време на Втората светска војна застанувајќи на страната на антифашистичката коалиција. Обидот на Заевистите да ја ретушираат историјата заради ветото на Бугарија и да не стават во иста торба со фашистите, не водат во правец да го изгубиме правото на сопствена држава. Не тоа не смее да се дозволи.

Обично меѓународната заедница има полна уста кога се во прашање човековите права, демократијата и хуманизмот. Но сега кога демократијата во Македонија е киднапирана од Зоран Заев и Али Ахмети нивниот молк е срамен. Ако сме биле заедно на страната на антифашистичката борба, време е овој впечаток да се поправи и да му се каже на вашите пулени да си заминат од власта мирно. Сигурно на никој не му е во интерес, покрај сите кризи во земјата, некој да предизвика и безбедносна криза, која пак ќе го дестабилизира Балканот.

СДС и ДУИ се најлошто во Македонија во овој момент и тоа мора да се острани, а Заев заради доброто на Македонија мора да си замине. Само така можеме да ги намалиме последиците од политичката, безбедносната, економската, епидемиолошката и енергетската криза, како и да ја вратиме демократијата во земјата.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top