Коментари

Свекрва : Заевистите рак рана на ова општество

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Власта предводена од Зоран Заев во последните неколку години ја воведе земјата во тотален хаос. Од доаѓањето на власт во 2017 година Заевистите ја обезличија, обезглавија и ја презадолжија земјата. Во земјата на која и се заканува тотален мрак, сиромаштија и зголемен морталитет поради несоодветен одговор на пандемијата, цвета корупцијата и криминалот. Службите кои се повикани да ги спречат ваквите појави, поради партизираност се неефикасни.

Поради ваквото владеење на СДС и ДУИ народот им даде црвен картон на локалните избори. Но наместо одговорните да си дадат еднаш засекогаш неотповиклива оставка, наместо нови парламентарни избори поради немање парламентарно мнозинство, Заевистите продолжуваат да бидат рак рана на оваа општество.

Владеачките структури прават огромни напори да го оддржат Зоран Заев  на власт, наводно дека е потребен за преговорите со Бугарија, бидејќи се мисли дека таа ќе попушти до крајот на годината и ќе го крене ветото, овозможувајќи и на Македонија да започне преговори со ЕУ.

Меѓутоа, изгледа дека ни по парламентарните и претседателските избори во Бугарија нема да може да се сменат работите многу. Во првата изјава дадена по освениот втор мандат по победата во вториот круг на претседателските избори актуелниот претседател на Бугарија Румен Радев вели дека „новата Влада на Бугарија не треба да отстапи од националните позиции особено кога е во залог бугарскиот идентитет и историјата и правата на нашите сонародници зад границите“.

Софија очигледно се плаши да се дозволи народот во Бугарија слободно да ја изрази својата етничка припадност, бидејќи е свесна дека нема да останат многу Бугари и дека најголемиот број ќе се изјаснат за Македонци. Поради тоа Влада во Софија нема да излезе надвор од декларацијата на бугарското Собрание од 2019 година, како и од позициите на БАН со кои се оспорува постоењето на македонскиот јазик и идентитет.

Ако се има во предвид дека ни под притисок на Вашингтон и Брисел, Софија нема да се откаже од своите позиции и да го крене ветото доколку Македонците не “признаат“ дека се Бугари, тогаш зошто Заевистите сакаат по секоја цена да останат на власт?.

Има две работи поради кои Заевистите сеуште се борат да ја задржат власта или Зиран Заев да ја контролира истата.

Една е Заев да го исполни ветувањето на меѓународната заедница која го донесе на власт и да испорача уште еден договор со Бугарија на штета на националните интереси на македонскиот народ и втората да избега од правдата.

Заевистите се рак рана за македонските национални интереси, малиген тумор кој од внатре го разјадува македонското ткиво. Поради тоа мора да се остранат од власта, да бидат подалеку од македонското Собрание, се додека не се сменат луѓето со вистински социјалдемократи кои ќе застанат во одбрана на македонските национални интереси и ќе станат здраво ткиво во македонското општество.

Кога едно општество е заболено од тешка болест тогаш заболеното место треба итно да се лекува. Најдобар начин е заболеното место хирушки да се острани, за да не ги зафати други органи, во овој случај македонски народ со што би довел до негово исчезнување.

Во недостаток на специјалисти, сосема сигурно оваа хирушка операција треба да ја изведе народот. За тоа има дозвола од самиот Заев кој по изборниот пораз кажа дека дава оставка на позицијата премиер и лидер на  СДС. Народот не смее да му дозволи тој да се пишмани и да направи нови злоупотреби на позицијата која ја има.

Зоран Заев мора да си оди за да може Македонија да оди напред.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top