Коментари

Александар Џеповски : Убаво му одеше на Заев, да продава и препродава за пусти пари

Dzeposki

1Dzeposki

Александар Џеповски

Заев има проблем со Бугарите и Албанците од Швајцарија. Старите убаво велат – од кол на кол и ќе се наденеш за мерак.

Се некако убаво му одеше на Заев, да продава и препродава за пусти пари. Дали било тоа име, земја, црква и поздрави честитки на сите душмани наши, него тоа ама ич не му значело ништо и само велеше – дај што ќе дадеш и ќе ти ја исполнам желбата. Арно ама … не било баш така.

Дури и врапците знаат колку големи пари беа во игра и кои желби требаше Црпе да ги исполнува но и да му бараат и преку леб погача. Си мислеше муртинецот и се занесуваше колку бил тој паметен и види сега, математиката била погрешна од пуста алчост.

Воедно, тој требаше и треба да ги дели сите тие нечесни крвави големи пари со менторите ЕУ и НАТО и на крај од 100 милиони евра да речеме само едно милионче за Црпе. За да има повече пари тој дрпаше од македонската економија и воедно ги рекетираше сите бизнисмени па сето тоа допринесе да биде најомразен во Македонија.

Големиот негов проблем е ветувањата кон Бугарите и Албанците во Швајцарија.

Круна на тие негови ветувања и лаги од кои мислеше дека некако ќе се извади беше делба на Македонија од кои еден дел на Бугарија и друг дел на Албанија, во пакет со лажни истории и документи. Како резултат на сето тоа му беше испратен сребрен куршум, мафијашка порака и закана дека ќе биде скинат. Затоа сега Црпе брза да не биде Премиер (ЕУ и НАТО инсистираат да остане) има голема заштита и се мисли каде да кидне да се сокрие и да не го најдат, затоа што на врат му дишат Албанците од Швајцарија.

Сето ова јас и многи други го посочувавме и најавувавме во стил на Нострадамус а тој пет пари не даде и се мислеше недопирлив.

Ние Македонците немаме друга татковина и таа ни е само една а тој ја даваше и распродаваше секому.

ЗАЕВ ЕДНО ЗАБОРАВИ И ПОТЦЕНИ А ТОА Е ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БОЖЈА ЗЕМЈА, БИБЛИСКА ПА ВОЕДНО ЗАШТИТЕНА ПРЕКУ РУСКАТА СУПЕРИОРНОСТ И СИЛА, А РУСКИОТ ПОГЛАВАР СЕ ПОКЛОНУВА САМО НА ЕДНО СВЕТО МЕСТО – ВО ОДРИД. КОЈ РАЗБРА, РАЗБРА, КОЈ НЕ…НЕКА МУ ЈА МИСЛИ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top