Коментари

Свекрва : Зоран Заев секој ден бара начин како да ја задржи премиерската фотеља по најавената оставка

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрв

Злото мора да се победи за да државата не доживее некоја нова поголема катастрофа

Зоран Заев секој ден бара начин како да ја задржи премиерската фотеља по најавената оставка. По притисоците од коалициониот партнер ДУИ за да ја задржо премиерската позиција, наводно за да не се загрозат евроинтеграциските процеси, сега Заев вели дека ќе ја активира оставката откако ќе види како ќе одат преговорите со Алтернатива и со Бугарија. Меѓутоа ако се има предвид фактот дека Софија нема намера да ги смени позициите кон Македонија, која е причината по секоја цена Заев да остане на власт?

По поразот на Локалните избори лидерот на СДСМ Зоран Заев најави оставка на позицијата премиер на државата и лидер на партијата СДС. Веднаш потоа се огласи лидерот на ДУИ Али Ахмети кој рече дека „Заев имал договор со коалициските партнери, дека тој имал договор со него и дека ако го изгубил Скопје не смее да даде оставка, бидејќи државата има сериозни предизвици“. Односно дека имало сериозни проект кои си ги ветиле.

На ова изјава на Ахмети подоцна се надоврзуваат и вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бухар Османи, кои „апелираат“ да остане на премиерската функција за да не се загрозат евроинтеграциските процеси и државата да не влезе во нови проблеми. Иако ДУИ се огради, но претходно имаше дури и закана од нивен член за повторно облекување на чизмите кои по 2001 година ги чувале на таван.

Меѓутоа од Софија дуваат истите ветришта. Можната нова влада нема намера да остапи од изградените позиции изразени во Декларацијата на Народното собрание на Бугарија во однос на македонското прашање. Ако е така, ако нема изгледи за евроинтеграции во блиска иднина, тогаш која е причината за барањето на ДУИ тој да остане на премиерската позиција, како и размислувањата на Алтернатива за влегувањето во владата на Заев.

Евроинтеграциите на земјата не зависат само од Зоран Заев и тие не можат да бидат загрозени доколку тој замине од премиерската фотеља. Евроинтеграциите на земјата зависат само од вољата на Софија и Брисел, но и од состојбата во целата држава. Едноставно на ЕУ не и е потребна држава во која цвета корупцијата и криминалот. 

Оттука може да се заклучи дека барањето Заев да остане на премиерската функција и неговото одолговлекување е стравот од последиците доколку дојде до смена на власта и на виделина се појави криминалот во редовите на коалиционите партнери СДС и ДУИ.

Исто така, чудно однесувањето на Алтернатива, партијата која до вчера ја критикуваше власта, политиката на ДУИ и заедно со Алијанса, Беса и ВМРО ДПМНЕ бараше предвремени парламентарни избори поради корупцијата и криминалот во коалиционата влада на СДС и ДУИ, а сега договара со Заев учество во власта. Нивното оправдување дека ова го прават заради можноста од почеток за преговори со ЕУ не стои, особено ако Софија порачуваат дека не го менува ставот по однос на евроинтеграцијата на Македонија.

Влегувањето на Алтернатива во Владата само ќе помогне да се продолжи агонијата во земјата, но нема да ги реши евроинтеграциите, ниту пак состојбата на албанската заедница во земјата, за кои што се залагаат. Всушност Алтернатива само му купува време на Зоран Заев, за да ја спреми својата остапница.

Според генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен таравари доколку Алтернатива влезе во власта, таа Влада нема да трае долго време. Сепак народот не може да ги заборави настаните кои се случија за време на оваа ненародна власт.

Несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија, претходно во модуларната болница во Тетово и на автобусот кај Ласкарци покажа колку во земјата е распространет јавашлакот и корупцијата. Ако институциите си ја вршеа работата како треба, автобусот на „Беса Транс“ немаше 135 пати да излегувал од земјата со друга лиценца и т.н. 

Тоа е знак дека оваа коалициона власт на СДС и ДУИ предводена од Заев, поради незнаење, неспособност и немање капацитет да се справи со кризните ситуации во земјата, со корупцијата и криминалот, треба да си замине, а не да бара начин како остане на власт.

Имено, во овој момент Македонија треба да се решаваат многу посуштествени проблеми одколку да се троши енергија на спорот со Бугарија. Ако сме изгласале Разолицијата за црвените линии со кои се штитат националните интереси во преговорите до Бугарија, која пак нема ни за педа да се помести од досегашните позиции, тогаш Македонија треба своите сили да ги насочи во борба со пандемијата, економската и енергетската криза.

Челниците на СДС и ДУИ, за да ја избегнат правдата ќе се обидат да останат на власт по секоја цена. За таа цел тие ќе се додворуваат на меѓународната заедница, со тоа што се спремни да тргуваат со националните интереси, да го распродаваат македонскиот идентитет и држава, и покрај Резолуцијата за цврвените линии во преговорите со Бугарија.

Затоа на земјата и требаат што побргу нови парламентарни избори. Ова зло мора да се победи за да државата не доживее уште некоја нова поголема катастрофа.   

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top