Коментари

Ламбе Арнаудов: Заминувањето на грешникот кривоклетник

lambe-arnaudov

1 Lambe

Ламбе Арнаудов

Зоране! Ти си убедливо најлошиот човек во државава. Ама, не си најлош во партијата твоја. Таму има и полоши од тебе. Не сите. Само оние кои помеѓу тебе и државата се избраа себе си.

Сега гледај. Ти сигурно заминуваш засекогаш, на радост на народот и татковината. Многу се огреши кон народот и Македонија, ти се насобраа гревови што сите душмани на Македонија заедно досега толку многу не направиле. И, што е најлошо сите кога ти укажуваат на гревовите што им ги нанесуваш на луѓето, ти се колнеше во сé најмило и најсвето што еден човек може да поседува и безобзирно ЛАЖЕШЕ. Вистинско олицетворение на КРИВОКЛЕТНИК.

Во деновиве што следат судбинската поврзаност помеѓу тебе и твоите нарцисоидни себични “новороденчиња“ ќе биде раскината.

Таквите типчиња, кога е во прашање изборот меѓу тебе и себе, повторно без срам и намус ќе се изберат себеси.

– Ти сигурно ќе одговараш за своите злодела, тие ќе се оградуваат од тебе.

– Ти ќе тврдиш дека не си само ти крив, тие ќе се правдаат дека не те познавале или дека ти си ги наведувал на криминални дејствија.

–  Истите тие кои те фалеа дека одлично се справуваш со ковид кризата ќе те обвинуваат за смртта на нивните блиски и пријатели.

–  Кога на површина ќе излезат многу незаконски дејствија што си ги правел, први тие ќе те осудат и ќе кажат како не му е срам.

–  Градовите во Македонија се мали, улиците се тесни, ќе се сретнеш со нив. Ќе погледнат во затворениот мобилен или ќе застанат пред некој излог и ќе речат во себе: “Кај излезе ова ѓубре пред мене?“.

– До крај те подржуваа кога и ги нанесе најголемите зла на Македонија, менувајќи го името, бришејќи го идентитетот, јазикот македонски го стави во изумрени, сопствената историја ја замени за непријателска, туѓа, од нашата најмлада генерација, нашите деца направи АЗИЛАНТИ во сопствената татковина. ТИЕ, “твоите деца кои ти се родиле и мораше да ги гледаш“ сега ТЕБЕ ќе те посочат како предавник од прва категорија, а себеси ќе се воздигнуваат како патриоти кои ти си ги довел во заблуда.

Кога некојси чесен човек ќе ги укори дека не се во право што така те казнуваат бидејќи виделе арно од тебе, ќе одговорат: “Кој знае од која причина и со која намера ми помагаше. Сигурно имал некоја голема корист, а со нас се покриваше.“

–  Тие се орбитални луѓе, добро го познаваат законот за грешниците. Центрипеталната сила твоја е мала, веднаш ќе преминат кај другите и ќе тврдат дека секогаш таму припаѓале, а дека ти си грешка на природата со ниска, краткотрајна и помалку заслепувачка вредност кој сите си ги излажал и од нив си направил несвесни твои соучесници и за тоа ти се многу лути и ќе бараат секаква одговорност од тебе.

– Ако те прогласат за виновен, што искрено не ти посакувам, ако не си, тие твои Зоранчиња никогаш нема да се задоволат од било која висина на казната. Обесете го! Ќе зборуваат.

Но, да знаеш, тие не се виновни, ти ги направи такви, со што посеа зла маја и го затру  македонското општество.

Во една прилика лично в очи ти кажав Зоране, те познавав многу одамна и ти реков дека можеби си добар човек но времено те нападнал нечистивиот нате ма го. Сега гледам многу долго те држеше, по се изгледа ти е вродено. Многу гревови направи.

Еве ти прилика, одважи се. Излези храбро и достоинствено пред народот барај прошка и сега во Божиќните пости заколни се дека се каеш и дека никогаш повеќе тоа нема да им го правиш на народот и на Македонија и онака друга прилика никогаш повеќе нема да имаш.

Зошто грешките, гревовите и кривоклетвата се лични и само твои, а страдањата нé погодуваат сите нас во Македонија. Живи луѓе гореа во болници, во автобуси, невини дечиња, грижни мајки и млади луѓе, умираат од ковид и тие кои не требеше, донесе беда, сиромаштија, енергетска и економска криза. Дословно не остави без правото на здравствена заштита и осигурување и квалитетно школство што со Устав и Закон ни припаѓа, од сите граѓани на Македонија направи социјални, правни и економски робови.

Ај сиктер таму со се тие што сакаш да ги поставиш, кои се длабоко инфицирани од чумата што со себе ни ја донесе на сите нас и преку нив можеби полошите од тебе да го толчиш македонскиот народ и да ја разнебитуваш Македонија.

МАКЕДОНИЈА НЕ ТЕ САКА!

МАКЕДОНИЈА СЕ РАДУВА!

МАКЕДОНИЈА  НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ДА ЈА ГАЗИ политичко џуџе задоено со длабока омраза и гнев кон својот народ и татковина, што сите јасно ја видовме во тебе!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top