Коментари

Мартин ТРЕНЕВСКИ : БЕЗЗАКОНИЕТО ПЛАТЕНО СО ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ

Martin Trenevski 1

1martin1 Мартин ТРЕНЕВСКИ

НЕКА ИМ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ ХАНУКА /ПРАЗНИКОТ НА СВЕТЛИНАТА/ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ЕВРЕИ! 

1. Овој празник е посветен на настанот од 165та година пред нашата ера кога повторно бил осветен Храмот на царот Давид и царот Соломон во Ерусалим после цели три години непрекидни борби и прогонства на евреите, а е поврзан со верувањето дека една светилка во тој храм продолжила да гори, иако немало доволно масло, па Ханука се нарекува и Празник на светлината. 

Евреите и Македонците ги поврзуваат многувековни врски и слични судбини низ историјата.. Двајца Македонци – Александар III Македонски и Димитар Влахов се запаметени во колективната меморија на Евреите како најзаслужни за македонско-еврејските врски што резултираше и со раѓањето на државата Израел во 1948 година!

2. Катастрофата што се случи минатата недела во Бугарија, кога во запален автобус со скопски регистрации живи изгореа дури 45 патници, отвори голем број прашања за кои експертите трагаат и веќе обзнануваат свои наоди и одговори.

Се изнаслушавме најразлични информации вп стилот: зошто автобусот скршнал од рутата и удрил во банкината;  што предизвикало силна експлозија и силен пожар; зошто автобусот изгорел за толку кратко време по ударот; зошто патниците немале време да излезат и да се спасат; колку патници имало во автобусот и сл. Но едно е сигурно оваа катастрофа е само уште една – трагична епизода во низата огромни пропусти во системот и нефункционирање на институциите заради коруптивност и некадарност на надлежните во тие институции и непочитување на законите.

Овие констатации, за жал ги потврдуваат и трите несрќи во изминатата година и половина, многу скапо платени со драгоцени човечки животи: 1. автобуската несреќа кај с. Ласкарци во која загинаат 16 патници; 2. Пожарот во модуларната болница за болни од вирусот ковит 19, и 3. оваа, поседнава автобуска несреќа во Бугарија со 45 јагленисани патници до степен на непретпознатливост!

Јавашлукот и неодговорноста можат да се констатираат во сите три наведени случаи но, за жал, одговорност ниту имало, ниту ќе има!? Сопствениците на компаниите Дурмо турс, во чиј автобус загинаа 16 патници и Беса транс со седиште во “Шкуп”, како што е напишано на таблата во нивните канцеларии  во Скопје (!) да ти биле спонзори на коалициониот партнер во Владата, ДУИ и се однесуваат како заштитени бели мечки, без трошка одговорност и законите за нив не важат!? Дурмо турс имале дури и свој сопствен сервис за технички преглед на автобуси и може да замислиме со каква /не//објективност ја пценувале исправноста на сопствените автобуси.

Изгорениот автобус во Бугарија воопшто немал сертификат за меѓународен транспорт на патници, поточно се служел со туѓ сертификат, и иако не смеел да излегува од земјата, констатирано е дека дури 135 пати превезувал патници во странство. За последново патување до Истамбул, кога на враќање се пеплоса и живи изгореа 45 патници, меѓу кои и 12 деца, одговорност, засега, ќе се бара само од двајца царински службеници кои го пропуштиле кобниот автобус да ја напушти Македонија без потребната документација. А сопственикот на Беса транс кој беше недостапен за властите за испрашување, конечно се огласи на фејсбук само со порака: “Алах да се смилувал на нивните (на 45те изгорени патници) души”! Без коментар сум!!!

3. Кај албанците постои институтот “Беса”, што е еден вид заклетва дека нема да го погазат дадениот збор. Бесата кај нив е, или подобро речено  б е ш е, појака од закон!    Но, се чини дека бесата, кај политичарите албанци, полека но сигурно го губи оригиналното значење, или пак не се почитува кога се во прашање нивните интереси.  

Први во поновата историја ја погазија бесата политичарите од коалициониот партнер ДУИ, кога на веќе дадениот збор на Никола Груевски, по победата на парламентарните избори во 2016та година за формирање коалициона влада со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа само после еден телефонски повик на тогашниот Американски амбасадор Џес Бејли. ДУИ го погазија дадениот збор на Груевски и по амбасадоровата директива (дојдена од Вашингтон -според зборовите на самиот Бејли) и формираа коалиција со губитничката партија СДСМ!!!  И ДУИ, но и Заев се одлучни да го сочиваат, па дури и да го зголемат мнозинството во македонското Собрание од проста причина бидејки во спротивно, и двете страни имаа многу да изгубат. ДУИ во сегашната констелација на власта има шест министри, дури 106 директори и кадри на високи позиции, а само во оваа година добија 306 тендерiи! А Заев, или подобро речено кланот Заеви – за нив има предолг список што се би можело да биде доведено во прашање?

Сега и партијата на албанците Алтернатива е на пат да ја погази бесата дадена со потписите на нејзините четири пратеници во Собранието за туркање на актуелната влада по промената на ставот и преговорите со Зоран Заев (З.З.) за влез во владата на СДСМ и ДУИ, што и самите сакаа да ја соборат поради корупцијата и слични беззаконија. Па зарем истата таа копуптирана влада преку ноќ престана да биде корумпирана и нема веќе пречки на партијата Алтернатива да и се приклучи на Владата, или министерските и директорските фотењи се пова/ни од дадениот збор, т.е. дадената беса? Изгледа е така, будејки како да се објасни промената на антивладиниот и анти ДУИ став за 360 степени, и тоа преку ноќ? Добија инструкции од некоја амбасада или друг меѓународен фактор? Тоа најдобро го знаат самите тие. А бесата како завет изгледа останува дел од албанскиот фолклор!?

Со еден збор: сепак преовладуваат прагматизмот и интересите, одколку образот и достоинството! 

Во меѓувреме дознаваме дека Алијанса и Зоран Заев постигнале начелен договор за влез на Алтернатива во Владата со што би го добила Министерството за здравство, едно заменичко место во министерство и недефиниран број директорски места. Се разбира, добитната комбинација за Алтернатива е на сметка на македонските кадри, т.е. кадрите на СДСМ во Владата на РМ, со што во владата ке домиираат албанските министри и заменици на ДУИ и Алтернатива.

4.Специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак неодамна даде изјава дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива, но предупреди дека Унијата не била задоволна од прогресот на реформите на Балканот!? Лајчак смета дека процесот на реформи е многу побавен отколку што се надевавале во Брисел за што како причини ги навел „објективните околности што влијаеле на тоа”: мигрантската криза, но и скептицизмот кај одредени членки.

Според Лајчак, ЕУ морала да биде сигурна дека новите членки нема да донесат дополнителни проблеми и ЕУ не билае задоволна од она што се случува на Балканот – да се зајакне функционалноста и да не внесуваат внатрешни проблеми. ЕУ смета дека го губи Западниот Балкан и наместо да се создава владеење на правото, независни медиуми, граѓанско општество, деполитизирано судство, се зајакнуваат нелибералните, авторитарни тенденции, што води ваквиот Балкан да биде „инструмент за поткусурување” за стратешките интереси на другите играчи. токму затоа, според Лајчак, треба да се забрза процесот на проширување на ЕУ и реално да се согледаа колку силни позитивни сигнали испраќа регионот кон ЕУ. И не само тоа, туку нагласи дека земјите од Западен Балкан требало да го вратат кредибилитетот на процесот!?

А што да му порачаме ние на господинот Лајчак? Па дали тој лично и самата ЕУ согледуваат какви се препреки и блокади поставуваат одредени членки па дури и самата ЕУ (со нови методологии за прием преку ноќ и сл-). Неспорно е дека земјите од Западниот Балкан мораат самите да се реформираат (не може некој од Брисел да го стори тоа за нив), но ред е истиот тој Брисел да ги дисциплинира некои членки кои уценуваат и поставуваат неприфатливи услови на земјите кандидати за членство. ЕУ лесно може да го стори тоа бидејки контролните механизми се токму во нивните раце. Не би смеело да се толерира една Бугарија да поставува услови со кои тотално би ја обезличила Република Македонија како сериозен кандидат за членство, а ЕУ да ја наградува со дури 26 милијарди евра неповратни средства за периодот од наредните седум години!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,

Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top