Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 148

Martin Trenevski 1

1martin1 

ЗА БУГАРСКАТА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНИЈА

1. Политичките неизвесности во Македонија по неуспешниот обид на опозицијата за туркање на Владата на Зоран Заев (З.З.)  како полека да се разбиструваат!? Сега е сосема извесно: Заев и неговата коалиција сепак обезбедија мнозинство од 64 пратеници – благодарение на трговијата што ја направи тој со партијата на Албанците Алтернатива, со која за нејзините четири пратеници во македонскиот Парламент си добија три министри, од кои еден потпретседател на влада, исто толку заменици министри, четириесет директорски места на јавни претпријатија и бројни раководни позиции. Сега, антимакедонската влада на З.З. ќе има дури девет министри-албанци (шест од ДУИ и три од Алтернатива), од вкупно 16 министри. Бројот на вработувања што го изнуди партијата Алтернатива од премиерот на заминување З.З. засега не е соопштен.

   И што да се коментира на овие случувања!? Несомнено лицето З.З. е спремен да даде се што ќе се побара од него за да остане на власт (сега протежира за негов наследник во премиерската фотеља анонимус /Димитар Ковачевски/којшто само ќе ги спроведува неговите насоки и директиви, по правило на сметка на македонските интереси).

   Но, мора да укажеме и на превртливоста во политиката кога се во прашање интересите. Алтернатива пред еден месец потпиша дека е за туркање на владата на З.З, “заради криминалите на Владата и нејзината коруптивност”, но преку ноќ го сменија ставот и и се придружија, небаре истата таа влада повеќе не е криминална и корупотивна! Да видиш и да не веруваш! Сепак сум на стојалиште дека странскиот фактор преку нивните амбасади одиграа клучна улога и во оваа операција, како во многу други случаи до сега!? Така и ќе биде, за жал, и во иднина се заради неслогата помеѓу водечките македонски партии на политичката сцена во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. А ние сите заедно само тонеме и тонеме на секој план, особено во економската свера, бидејки тендерите им се од интерес во прв план, но реториката останува константа, т.е. евроинтеграциите, кои никако да почнат.

   Заев прифатил и меѓународна ревизија на некои веќе пресудени судски случаи, како на пример “Диво насеље” (2014), кога во судир со уфрлени терористи од Косово загинаа осум македонски специјалци и 14 терористи и случајот “Монструм” (2012), кога во близина на Смилковскто езеро крај Скопје беа убиени во езекуционен стил пет млади македонци. Оваа отстапка на лицето З.З. предизвика бура од негативни реакции од стручната и пошироката македонска јавност.

2. Најновите рокади на македонската политичка сцена упатуваат на заклучокот дека не станува збор за реконструкција на владата, туку за нова влада со нов премиер кој истовремено ќе биде и нов претседател на СДСМ. Се очекува дека СДСМ на непосредни избори ќе избира нов партиски лидер од неколкуте кандидати што ќе го гласа членството на директни избори. Воедно, тој ќе биде и новиот мандатар за новата влада, што значи дека ќе нема реконструкција на актуелната влада. Според Уставот на РМ нов мандатар предлага претседателот на државата. Голема е веројатноста некои од актуелни министри да си ги задржат позициите и во новата влада. Нешто што е повеќе од сигурно е дека министрите од ДУИ нема да бидат сменети.

   Првичните изјави на челниците на новата коалиција се дека предност во новиот состав на Владата ќе дадат на евроинтеграциските процеси на земјава и на програмските ветувања до граѓаните.

 3. Со наближувањето на денот 14ти декември, датумот што го францускиот претседател Макрон го определи за постигнување на договор за спорните прашања помеѓу Македонија и Бугарија и за тргање на бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на годинава, во редовите на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ преовладува загриженост за веројатноста лицето З.З., на заминување, да ги прифати уцените од бугарска страна и да потпише договор за бугарскиот диктат на сметка на македонските интереси.

   На ова уследи реакцијата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој најави дека партијата нема да почитува договор што З.З. би го потпишал со Бугарија! „Мојата порака  е дека таков едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме“, коментираше Мицкоски.

4. Најголемата автобуска несреќа во Европа во изминатава деценија, со најголем број загинати (задушени и живи изгорени) – вкупно 45 македонси граѓани, никако да се расветли. За нечија одговорност засега не станува ни збор. Бугарски експерти дозирано пуштаат информации за пропусти од нивна страна во стилот: “банкините на патот биле погрешно поставини”, а македонските експерти откриваат дека автобусот на Беса транс бил преправан, не бил лиценциран за превоз на патници во странство и дури 135 пати ја поминал границата со документ од друг автобус и сл.

   Се добива впечаток дури дека како да постои некаков таен договор меѓу двете страни за одолговлечување на истрагата и дефокусирање на јавноста, особено на семејствата на жртвите од автобуската катастрофа. Најверојатен мотив: кој ќе го плати осигурувањето, односно обештетувањето на семејствата за жртвите во катастрофата!? Имено, доколку се докаже дека причина за сообраќајката со автобусот се лошите услови и погрешна сигнализација на автопатот Струма, тогај осигурувањето ке треба да го плати бугарската страна, но ако се докаже дека вината сепак е во возачот на автобусот, тогаш тоа треба да го стори македонската страна.

   Останува да почекаме што ќе кажат истрагите на двете страни, но едно е сосема сигурно: семејствата на загинатите очајно очекуваат одговор кој е виновен за прераната смрт на нивните најмили!?

5. Нашите источни соседи – бугарите, кои практикуваат да не нарекуваат нас македонците “свои браќа”, практично во секоја прилика, а особено на меѓународен план, се однесуваат како наши најголеми непријатели!!! Наместо да попримат некои манири од членството во ЕУ, каде скоро насила ги внесоа нивните традиционални стратегиски партнери од времето на Тројниот пакт на Адолф Хитлер, а и пред тоа, бугарите упорно опстојуваат на политиките и ставовите од 19от век. со што дирекно се одговорни за влошување на  меѓусоседските односи.

   Своевиден врв на бугарското непријателство кон нас – македонците, или попрецизно речено на непријателството на поединци – бугарски политичари на меѓународен план е настапот на европратеникот Ангел Џамбаски од удбашкото бугарско ВМРО-БНД. Овој наш “брат” (па нели така не чуствувале – како браќа!?) искажа таков излив на омраза кон нас – македонците, што не е својствен ни на наголем непријател. Џамбаски на форумот организиран од Фондацијата за европска реформа “Нов правец|” (New Direction), чиј потпретседател е тој, подржана од  полскиот Варшавски институт и унгарскиот Институт за надворешна политика и трговија тој рече, цитирам:”Братска и пријателска Албанија, па и Косово се проевропски и прозападни, а истото важи и за Црна Гора а за Македонија не!?”

   За Џамбаски “Македонија во никој случај не била пријателскуи настроена кон Европската Унија и има многу жестока, видлиува и зацртана антибугарска линија комбинирана со антиевропска политика. Целата оваа зацртана антибугаеска политика комбинирана со антиевропска реторика доаѓа од еден евроазиски центар”, рече Џамбаски и остана жив.

    Сличен излив од антимакедонски позиции манифестираше и европратеникот од партијата ГЕРБ Емил Радев коментирајки ги обидите на претставниците на левицата во Европскиот парламент да го внесат прашањето за македонското малцинство во извештајот на Групата за набљудување на демократијата, владеењето на правото и основните права, која ја посети Бугарија во септември, откако претседателката на делегацијата, холандската пратеничка Софија ин’т Велд од либералната група „Обнови ја Европа“, го презентирала извештајот на состанокот на Комитетот за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи во ЕП.  

   “Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување човековите права и правото на здружување на македонското малцинство”! Слични реакции имаше и кога американската конгресменка Клаудија Тени од Поткомитетот за надворешни работи во Претставничкиот дом исто така потсети дека Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство во Бугарија. Таа го праша заменик помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар, што прават американските власти за да осигураат дека Бугарија ги исполнува своите обврски како членка на НАТО, во врска со таквите прекршувања на човекови права! До денес, за жал, нема никакво ппомени на ставовите на званична Софија за ова прашање! Напротив, нивните ставови за непостоење на македонско малцинство во Бугарија се засилуваат се повеќе и тоа кога и двете земји се обидуваат да најдат решение за сите спорни прашања, заклучи  Клаудија Тени.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top