Коментари

За Нова година, нова книга за пандемијата, Коронизација, од Марија Емилија Кукубајска

1emili11

1kukub 13 1kukub 12 Проф. д-р Марија Леонтиќ

Пандемијата предизвикана од корона вирусот наметна ограничувања во движењето низ светот, физичка дистанца, затворање во домовите и кругот на семејството, поставување многу прашања и барање мудри одговори за тоа што му се случува на човештвото, за универзалните сили на природата, причинско-последичните односи и рамнотежата во светот, смислата на животот и неговите вистински вредности, суштински појави и настани.

Додека обичниот човек, како резултат на ограничување на слободите, стравот од вирусната зараза и од смртта, почна да размислува и дискутира на овие теми, нашата писателка и интелектуалец Марија Емилија Кукубајска ова го прави со децении во своето творештво како што го прави и сега во мини есеите и песните во нејзиното најново дело „Коронизација“. Короната видливо, физички го рони народот, но надеж има бидејќи, и според Кукубајска: „Сите струни на животот од Бога се дадени – совршени, и секоја независност е благословена да биде усогласена со закони во универзумот и во умот наш, Господов. Оваа болест е Новата змија, место со јаболко денес што приморува на брзо умирање, гасење на природните струи на свеста за светот и себе си. Но, и таа змија има крај. Сè што не е ни земен ни небесен рај, има крај. Само не Љубовта – Бог.“

Кукубајска се залага во една ваква пандемска фаза мисловно да го заштити човекот од отуѓување и да ја пробуди во него исконската добрина, благородност и доблест, со потсетување на универзалните човекови вредности, на националните вредности, на духовните вредности во религиите, на богатството на различните култури и народи, на историското цивилизациско наследство. Затоа во ова дело авторот прави синтеза на традиционални и современи мисли на Западот и на Истокот, преку традиционални и современи идеи за славења и оплакувања на животот, низ традиционални народни песни преведени на нејзин современ поетски јазик, а со музика инспирирана и од фолк џез интерпретации на Зоран Казаков, труба, Гоце Мицанов, саксафон, од филмската музика на Мориконе, модерната музика на Андре Селие, класичната музика на Верди, руската и кинеската традиционална народна музика, македонското црковно пеење…  интегрирани во текстот како мелодиска илустрација на книжевната мисла.

Тоа нè потсетува дека секоја култура и цивилизација се развива космополитски колку и локално и лично, дека се осовременува со надградување низ своите трагедии и триумфи, и дека заслужува почитување и негување на наследените и трајните вредности, а како што нагласува Кукубајска „Старите вредности ја отповикуваат (recall) меморијата кон својот идентитет и кон потребата од кохезија во денешната фамилија, татковина, човекова заедница“. 

Само еден човек како Кукубајска која ја загубила единствената ќерка Емилија во раната младост може да ја претпостави болката на луѓето чии најблиски се покосени од короната. Секој на свој начин се соочува со болката и наоѓа начин како да добие сила и мотив за понатамошен живот. Кукубајска верува дека по земната смрт следи премин во духовно постоење, и затоа по оваа лична трагедија својата љубов и творечка енергија уште посилно ја насочува кон другиот, ближниот,  своите студенти, својот народ, својата татковина, човештвото, творештвото. Во поетските есеи од овој период таа ја истакнува исконската потребата на човекот од исцелителната, смирувачката делотворност на духовната мисла која претставува дијалог со Бог преку светиот дух кој на човекот му носи душевен, духовен мир и здрав, разумен оптимизам. Кукубајска нагласува: „Молитвите и во оваа девијантна и смртоносна здравствена војна значат осветлување на физичките клетки на човекот со животна енергија, нивно оздравување во процесот на постојаната физиолошка регенерација. Во оваа вирус-војна, свеста за Бог се докажува како најсигурен извор на духовна снага во борбата за преживување и обнова“.

Ми беше чест и задоволство со месеци со проф. д-р Марија Емилија Кукубајска во заедничката канцеларија на Универзитетот „Гоце Делчев“ да разговараме на овие теми кои сега се преточени во есеи и песни во книгата „Коронизација“ која верувам дека ќе биде потребна и полезна за сите генерации читатели кои веруваат во вистинските вредности и придобивки на човештвото, во неговиот напредок во годините по пандемијата.    

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top