Коментари

Македонската држава од своето осамостојување во 1991 до денес е изложена на силен антимакедонизам, како од надвор, така и од внатре

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Во отворено писмо „Обвинувам“ објавено на 13 јануари 1898 година во весникот L’Aurore. францускиот писател Емил Зола го обвини францускиот претседател Феликс Фор и француската влада за антисемитизам и за неправедно притварање на Алфред Драјфус, офицер на француската армија со еврејско потекло, кој бил осуден на доживотна казна затвор наводно поради шпиунажа во корист на Германија. Писмото било отпечатено на насловната страна на весникот и предизвикало јавна реакција во земјата и странство. Набрзо потоа, на 23 февруари 1898 година, Зола бил обвинет и осуден за клевета на една година затвор. За да избегне затварање Зола пребегнал во Англија, а се вратил година дена потоа.

Драјфус бил невин и врз основа на измислени докази, воениот суд го прогласил за виновен и го затвориле на „Ѓаволскиот остров“ близу Француска Гвајана, во Јужна Америка. Во 1899 година Драјфус се вратил во Франција каде повторно му било судено. Бил пак прогласен за виновен, но бил помилуван. Ова се случува во време кога во Франција владее силен антисемитизам.

По повеќе од сто години од овој настан.

Македонската држава од своето осамостојување во 1991 до денес е изложена на силен антимакедонизам, како од надвор, така и од внатре.

По негирањето од страна на нашите соседи за постоење на македонски народ, јазик, историја и култура и попречувањето на евроантланските интеграции на земјата, надворешнит фактор во земјата ги доведе на власт антимакедонисти кои потоа го продадоа името, а сега се спремаат да ја продадат историјата, јазикот, култирата и традицијата. Секој кој во меѓувреме им се спротивстави беше изложен на прогон, а некои како македонските уставобранители поради инцидентот во Собранието од 27 април 2017 година беа обвинети за „тероризам“ и осудени на вкупна 211 години казна затвор.

16274

Уставобранителите денес гнијат во затвор, поради погрешно толкување на правдата, а оние кои ги наместија и осудија, пред да ја направат последната трговија со националните интереси си подготвуваат повлекување од пилитикатан и поднесуваат оставки. Тие се свесни дека ако се воспотави правната држава ним не им гине затвор, зошто обвинувањата изнесени од македонскиот народ и интелектуалците се тешки.

Така, слично како и пред 123 години, во колумна објавена на 10 декември 2021 година во весникот „Нова Македонија“ под истиот наслов „J’accuse!“ (Обвинувам), Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ ја обвини власта во земјата „за велепредавство, за изневерување на македонските принципи за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси.“ Исто така тој обвини за „распаѓање на Македонија по сите основи, по сите шафови“, како и за „поробена Македонија, демакедонизирана Македонија, за тоа што ја предадоа Македонија, онака доброволно, за ќеф, за грст долари…“.

Ова е жестоко обвинување упатено до корумпираната власт за пркршување на Уставот и Законите, како и на судството за монтиранте судски процеси. Ова обвинување има за цел да ја мобилизира јавноста за да се избори за предвремени избори, за да се воспостави правна држава, која ќе ја спречи понатамошната распродажбата на националните имтереси и да се воспостави судство кое нема да ја крши законитоста, судство во која вистинските виновци ќе лежат во занданите на „Ѓаволскиот остров“, а не уставобранителите, патриоти кои си ја сакаат својата држава.

Европа покажа дека без разлика што и да направиме таа не не’ сака во нејзино друштво сега за сега.

Доста со антимакедонизмот доста со кршење на Уставот и законите, доста со корупцијата и вратете се на корените и аманетот на македонските револуционери, борци за суверена и независна македонска држава, чувајте ја државата како зеницата на очите.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top