Коментари

Трајче Т. Трајковски: ОБЈАВЕН ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ!

19687

19687

Трајче Т. Трајковски: ОБЈАВЕН ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ!

1dra1212.jpg

Неодамна излезе од печат книгата под наслов „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ во која е објавен значаен дел од автентичниот дневник на овој можеби најголем македонски револуционер во периодот по Втората светска војна, а воедно и основач на ВМРО ДПМНЕ.

Издавачи на овој дневник се задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид (Австралија), а во техничката редакција за подготовката на книгата се: д-р Виолета Ачкоска, Ангеле Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Александар Донски, Трајче Т. Трајкоски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Перт) и Предраг Ивановски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Аделаид).

Драган Богдановски (1929 – 1998) е познат во поновата македонска историја по тоа што преку својата активност во дијаспората ја промовирал, одржувал и застапувал идејата за обединета и независна македонска држава со македонската нација како нејзин носител. Тој е основач на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) кое во 1970-те и 1980-те години одиграло голема улога во националното осознавање на Македонците во дијаспората, но и во самата тогашна СР Македонија, посебно преку својот печатен орган списанието „Македонска нација“ и други печатени материјали. Во 1990 година тој ја основа и партијата ВМРО ДПМНЕ и е прогласен за нејзин почесен претсеател.

Поради својата активност, Драган Богдановски се нашол на удар на
југословенската, грчката и бугарската служба за државна безбедност, а посебно на југословенската, која во јуни 1977 година го киднапирала во Париз, по што тајно бил префрлен во Југославија, каде бил осуден на 13 години затвор, од кои одлежал 11 во злогласниот затвор Идризово.

Во неговиот Дневник во детали се опишани сите овие настани, како и тортурите низ кои поминал во долгото поминато време во предистражниот затвор.

Еве како го опишува чинот на самото киднапирање Драган Богдановски:
„На 4ти јуни точно во договореното време дојдов во станот на Ѓорѓи
Јовановиќ. Часот беше дванаесет, пладне. Хотелот во кој Јовановиќ живееше се наоѓаше на една мала улица која започнуваше на самиот влез на метрото “Пигал“ спрема картелот “Монтемарт“….Кога влегов во големата дневна соба бев зачуден кога видов осум за мене непознати луѓе кај седат и пијат на една долга маса. Од осуммината непознати една беше жена.

Гледајќи го моето чудење, Ѓорѓи ми рече: “Драгане да те претставам, ова се мои гости, кратовчани, дошле во посета на Париз, па како кратовци дошле да ме видат и ми донеле неколку шишиња домашна ракија и ми донеле поздрав од татко ми и мајка ми. Запознај се со нив“.

Се ракував со нив, ми беше понудена столица и ми беше налеана чаша ракија. Само неколку минути потоа, некој ме чукна толку силно одзади по главата, што јас си помислив дека главата ми прсна на парчиња. Во истиот момент радиото кое свиреше музика некој го пушти толку силно да не се слуша ништо горе на катовите.

Свеста не бев ја загубил од ударот, затоа почнав да викам на сиот глас на француски јазик “О секур“ – “На помош!“, меѓутоа неколкумина се нафрлија врз мене, ме легнаа на подот, а жената од својата женска чанта извади шише со етер, натопи памук и ми го притисна врз носот. Веднаш почувствував како ја губам свеста. Потоа почувствував како во вратот жената ми удри две инјекции. Етерот и инјекциите го направија своето, само како на сон се сеќавам дека бев пренесен во спалната бев фрлен на една софа (тросед).

Подоцна во Македонија од моите удбашки иследници разбрав дека жената која ме онесвести со етерот и со инјекциите била специјалист лекар анестезиолог, и дека удбашите ја довеле специјално за акцијата.

Првото делумно враќање на свеста беше нешто како бунило, чувствував дека само се возам некаде во кола, но каде се возам и со кого не знаев. Од средствата за наркоза, а можеби и од ударот главата ме болеше ужасно, додека костумот ми беше целиот извалкан од повраќање.

Во колата сум повраќал од мака. Бев фрлен на задното седиште во колата на Ѓорѓи Јовановиќ и притиснат од обете страни од по еден сопатник, од кои едниот беше жената што ме дрогираше. Колата ја возеше Ѓорѓи Јовановиќ, а патем се менуваше со еден од луѓето што ме нападнаа… До француско-
италијанската граница бев двапати дрогиран, а пред самата италијанска граница со сила ми беше отворена устата и во грлото ми беше истурена ракија за да мирисам на ракија, да изгледам тотално пијан човек во случај италијанските царинарници посомневаат нешто. Дел од ракијата ми беше истурена и врз алиштата. При секое мое будење мажот што седеше до мене ми покажуваше една полна инјекција и ми велеше доколку почнам да викам за помош ќе ми ја удри инјекцијата и само за неколку секунди ќе сум бил мртов…“.

Во продолжение читаме за сите измачувања низ кои поминал Драган Богдановски за време на сослушувањето од страна на југословенската Служба за државна безбедност кое се одвивало на неколку тајни локации каде Драган бил воден со врзани очи со автомобил или со хеликоптер. Воедно, преку процесот на неговото сослушување, во оваа книга се објавени и повеќе детали за неговата револуционерна дејност.

Оваа возбудлива книга, која буквално се чита во еден здив, е објавена во две посебни изданија на македонски и на англиски јазик.

Македонската верзија во Република Македонија може да се набави кај: Владо на неговиот моб. 077 842 815

Верзијата на англиски јазик во Австралија може да се набави кај: Трајче Т. Трајковски на:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ili +614 23 23 74 84

Со почит

Трајче Т. Трајковски

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top