Коментари

Ламбе Арнаудов: ХОЧЕШ НА СОЛУН, ЕВО ТИ ГА НА…

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

САКАТЕ ДА ДОЈДЕ МИЦКОСКИ, ЕВО ТИ ГО НА…

Седумдесет и седум години ист калап, иста омраза, исто колективно партиско бунило, исти одродени лидери антимакедонски, исто сценарио, иста сцена, иста режија, исти текст, исти глумци и исто застанато во место, време.

И, понатака вирее, цвета и дава род отровното семе посеано одамна. Род, чемерен горчлив самоуништувачки, а се продава како лек за секоја болест и долг и среќен живот спроведен во јасли со изобилство слама во штала, затворен без прозор и хоризонт. Вистинска среќа, за оние кои кога ќе се најадат ќе бидат среќни како и воловите кога ќе се најадат сено.

Луѓе нелуѓе, катасрофичари на кои предавството им е ВЕРА, а основното мото во животот ПРИЛАГОДИ СЕ И ЖИВЕЈ.

Никогаш во животот на Зоран Заев и како него сличните никој до сега не му кажал, ниту пак негде прочитал, но затоа неговиот ДНК состав на организмот, гледате, потполно ист како ДНК-то на Лазе Колишески и касапот на македонскиот патриотски колективен дух Светозар Вукмановиќ Темпо.

Темпо и Лазо ги испратија македонските патриоти на губилишта.

Зоран, Рускоска, Кацарска ги испративте машите патриоти на вековна робија.

Е, Зоране, Македонија не те ни познаваше, ама никогаш нема да те заборави. Пет години со нула вредност ама наоружан со најподлото и најнехуманото оружје во форма на прислушкувани разговори ги газеше и принудуваше на соработка во твојата срамна мисија во разнебитување на Македонија илјадници мажи во женски фустанчиња.

Гајле му е на народот дали некој крадел или имал љубовница па ќе си го растурел бракот. Не растурувајте ја Македонија. Таа ни е поважна од сé на светот. Не може Македонија да страда заради апаши, гангстери, предавници, трансексуалци и умислени ескорт дами.

Сé на виделина, на светлоста на денот, тајните сили нека се разоткријат, на предавниците нека им паднат маските, кукавиците нека се посрамотат, Македонија да се куртули.

Ова оружје во рацете на дегенерици од типот на Зоран Заев или неговиот клон, наполнетата птица Ковачевски е нуклеарно озрачување кое не се контролира и може да го уништи овој прекрасен  мини космос што се вика Македонија.

Почитувани сограѓани, мои Македонци ова е наследство што произлегува од тестаментот што го остава себичниот комунистички дух во завет и доградување на нивните идни антимакедонски поколенија.

За среќа од спротивната страна го имаме ВМРО-ДПМНЕ, верен почитувач и следбеник на изворното, историско ВМРО.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Лидерот Христијан Мицкоски денес е своевидна Академија каде се градат, формираат и утврдуваат критериуми вградени во личности со интегритет, авторитет и личен идентитет, идни вистински лидери кои научиле да го одбранат македонскиот дух знаејќи дека за ампутираниот дух нема протеза, не ни помислуваат да потклекнат пред ништо и пред никого кој и што ќе посегне да го загрози, ослабне или не дај Боже да го уништи, а да без соодветно не реагира.

И вие и ние остануваме истрајни и постојани, секој со својата идеологија и историско политичка филозофија. На патот одиме паралелно ама суштински се разликуваме и затоа никогаш нема да се доближиме едни до други.

Вие, срамните стотина години истрајувате и за милиметар не скршнувате во истурањето на злото врз Македонија и македонскиот народ.

Ние, овенчани со вечна слава, истрајни, издржливи, жилави во одбрана на доброто што ӣ го подаруваме на нашата татковина не размислувајќи при тоа во борбата со вас да изгубиме сé ама да ја сочуваме Македонија.

Ако сме ја сочувале Македонија ништо не сме изгубиле, сме добиле сé.

Безграничната верба во доброто што го правиме за Македонија ни создава интуиција и ни ги отвора сите врати на непознатото да го запознаеме и да го претвориме во предност недостижна за душманите, додека со нашата љубов, чест, сила, посветеност ќе ја оствариме конечната победа на доброто над злото.

Сé е на наша страна.

ВМРО-ДПМНЕ Е НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА.

И затоа ГОСПОД Е СО НАС.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top