Коментари

Во 1922 година бугарска влада смета дека Македонија не е бугарска…!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Бугарски политичари меѓу двете светски војни со свои изјави го демантираат денешниот став на Софија дека пред 1944 година Македонците биле Бугари и дека македонскиот народ е коминтерновска творба со Резолуцијата за постоење на македонска нација и македонски јазик донесена во 1934 година. Пред повеќе од десет години од Резолуцијата ма Коминтерната премиерот на Бугарија Александар Стамболијски при посетата на Белград во ноември 1922 година за белградскиот печат ќе изјави: „Јас жалам“, рекол тогаш „што Бугарија нема некој остров во колонија па таму да ги испратам сите Македонци. Тогаш би бил мир на Балканот!“

Александар Станболијски (1.03.1879 – 14.06.1923) е бугарски политичар и лидер на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС). Тој бил премиер на Бугарија во периодот од 1919 до 1923 година. Со цел да ги ублажи последиците од Втората Балканска и Првата светска војна,  во 1922 година бил одржан референдум за судење на виновниците за националните катастрофи. Подржувачите на БЗНС и БКП со големо мнозинство наложиле да се осуди дел од политичката и воена елита на Бугарија од време на војните од 1913 до 1918 година. Подоцна се спроведе политички репресии кон БКП и кон целата опозиција, кои ќе ја поттикнуваат македонската емиграција за пресметка со власта. 

Во текот на 1922 година Станболијски ќе посети повеќе европски земји со цел меѓудругото да издејствува поддршка во Лигата на народите за Бугарија да добие излез на Егејско Море, како и да избегне плаќање репарации. За да ја добие милоста на Белград, со кој спори заради влегување на македонските чети од Бугарија во Вардарскиот дел на Македонија, тој ги дистанцира Македонците од Бугарите, изјавувајќи дека Македонците „во крвта го имаат она што е најлошото од крвта на Србите, Бугарите, Грците, Турците и Албанците.“

Оваа политика на Стамболијски кон Македонија и неговите изјави дадени за неа во Белград во ноември 1922 година била одобрена и преточена во Резолуција од тогашниот Врховен совет на земјоделската партија. За оваа Резилуција пишува и белградска „Политика“ од 16.02.1923 г., каде на првата страна во текстот под наслов „Бугарските земјоделци и Македонија“ се вели: 

„После петоднево заседавање на Врховниот совет на земјоделската – тоест на денешната владеечка – партија донела неколку резолуции за досегашната и идната работа на Станболијската влада. Меѓу нив најкарактеристична е Резолуцијата за Македонија.

Врховниот совет во прв ред потполно ја одобрува и се согласува со изјавите кои Станболијски ги дал пред преставниците на белградскиот печат за време на неговата посета во Белград, во ноември минатата година. Станболијски тогаш изјавил: дека сегашната бугарска влада и со неа целиот земјоделски сојуз сметаат дека Македонија не е бугарска и дека тие никогаш повеќе нема не само да работат за неа, туку и никогаш нема ни да мислат за Македонија. Па не само за Македонците кои се во Кралството С.Х.С. туку не сака да слушне ни за Македонците кои се во самата Бугарија. „Јас жалам“, рекол тогаш „што Бугарија нема некој остров во колинија па таму да ги испрати сите Македонци. Тогаш би бил мир на Балканот!“ А во истата изјава додал уште и тоа, дека во крвта на Македонците се наоѓа она што е „најлошото“ од крвта на Србите, Бугарите, Грците, Турците и Албанците. 

Веднаш потоа, поради оваа изјава Стамболијски бил нападнат од „Мекедонствујушчих“ од Софија и од опозицискиот печат. Уште за време на неговиот престој во Лозана во Швајцарија биле испратени агенти на македонскиот комитет да го убијат таму. Обидот не им успеал, како и неодамнешниот за време на прославата на јубилејот на Националниот театар во Софија. 

Во истата резолуција, со која Врховниот совет ја одобрува Стамболијската изјава за Македонија, Советот му препорачува, да и понатаму како претседател на владата да ја продолжи истата политика према Македонија и да ги превземе сите законски мерки према „Мекедонствујушчих“. Чија работа оди само на штета на српско-бугарските интереси и на штета на самиот народ во Македонија.“ (Политика, 16.02.1922, стр.1) 

16.02.1923

Од текстот е видливо дека за Белград и Софија постојат Македонци кои тогашната корумпирана бугарска влада на Стамболијски се обидува да ги жртвува заради своите лични интереси. Подтикнати од опозицијата во Бугарија т.н. „Мекедонствујушчих“ ќе работат против Стамболијски и ќе учествува во неговата ликвидација. Во јунскиот преврат, Стамболијски е убиен од членови на ВМРО Автономистичка, водена од скопскиот војвода Величко Велјанов.     

Историски гледано Македонија и македонскиот народ бил монета за поткусурување. Поради интересите на големите сили и соседите, Македонија била поделена, македонското име било забранувано, а Македонците биле преставувани како Бугари, Грци или Срби. Сепак во одредени моменти, повторно за да ги заштитат сопствените интереси, соседите се дистанцираат од народот кој живее на етничката и географската територија на Македонија и го именуваат со вистинското македонско име. И кога Стамолијски вели дека во крвта на Македонците се наоѓа она што е „најлошото“ од крвта на Србите, Бугарите, Грците, Турците и Албанците, тој потврдува дека Македонците и Бугарите се близок но не се и ист народ

По речиси сто години од Резолуцијата на Врховниот совет на земјоделската партија  на Бугарија, изјавата на Стамбилијски дека Македонците се најлошите на Балканот Бугарија ја демантира.

Според постапките на Софија како уцените со вето за членство на Македонија во ЕУ, доколку македонскиот народ не ги прифати бугарските корени, изгледа дека Бугарите се тие кои се полоши од Македонците.

Оттука, денешните македонски власти кога разговараат и договараат со Софија треба да бидат внимателни. Едноставно Бугарија мора да заборави на максимата еден народ две држави. И единствена позција од која Македонија и Бугарија треба да тргнат во преговорите треба да биде разговор на две држави, два народи, две култури. Секое негирање на другата страна не води кон добро, а Бугарија мора да извлече поуки од Балканските и двете светски војни.  

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top