Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 153

Martin Trenevski 1

1martin1 РАСИЗМОТ НА ДЕЛО ВО ВРВНИОТ СПОРТ     

Оваа цртичка и отровна стреличка одлучив да ја посветам на спортот, попрецизно речено: на злоупотребите на спортот зa политички цели. Конкретно, за илустрација: во Мелбурн беше уапсен и пет дена малтретиран по затвори светскиот тениски ракет број 1 Новак Ѓоковиќ; а се погласни се заканите за бојкот на претстојните зимски олимписки игри во Пекинг и сл.

   За мене особено провокативен (од новинарски аспект) e случајот со првиот тениски ракет во светот (цела една деценија и повеќе) Новак Ѓоковиќ. Човекот кој дури девет пати го освоил големиот (гренд слем) тениски турнир во Мелбурн и на покана на организаторите на турнирот со уредна австралиска виза издадена од австралиската амбасада во Белград, си ги спакувал куферите и оп, по пристигнувањето во Мелбурн му ја поништуваат уредната виза, со часови го малтретираат (демек испитуваат) на аеродромот, за на крајот да заврши – во затвор за илегални емигранти!

   Дека сета оваа заврзлама е политички монтирана – немам апсолутно никаков сомнеж! Наместо да го искористат светскиот шампион и деветкратен победник на турнирот во Мелбурн како бренд за популаризација на самиот турнир, за тенисот воопшто, па и за максимално привлекување на гледачи на тениската арена, некои тамошни политичари инценираа случај кој, на нивна штета, доби невидени глобални размери и осуди во целиот спортски и демократски свет!

   Нема да навлегувам во стилот “кој рекол – што рекол”, но сета оваа рошомонијада ми укажува на една работа, а тоа е дека станува збор и за еклатантен пример на прав расизам на дело! Во ситуација кога Ѓоковиќ важеше за апсолутен фаворит за победник на турнирот, а со тоа и да постане единствен тенисер во светот кој освоил дури 21 гренд-слем турнири, некому самата таа помисла многу му пречеше и за да не дојде до тоа – од авион – Ѓоковиќ дирекно во затвор. Во општото лудило што владее ширум светот “супериорниот (ариевскиот) запад” не може очигледно да свари: како тоа некој си Балканец да победува девет пати на елитниот турнир во Мелбурн, со можност тоа да го стори и по десетти пат и да постане најдобар тенисер на сите времиња со освоени најголем број гренд-слем турнири!? Тоа за политичарите во Мелбурн и во Канбера, но секако и вон Австралија, очигледно е недозволиво!?

   Колку за потсетување, Ѓоковиќ – Балканецот, беше елиминиран и од ланскиот гренд-слем турнир ЈуЕс-Оупен, заради смешен, тривијален и ненамерен “инцидент”, а неколку сезони по ред е исвиркуван и на познатиот турнир во Вимбледон.  Да не заборавиме дека и медиите во Холандија пред десетина и повеќе години се исмеваа и на самиот физички изглед на Балканецот Ѓоковиќ – каква му била главата и слично во тој стил!. Ќе потсетам и на инцидентот со светската шампионка – тенисерката од Балканот Моника Селеш, која сред тениски турнир во Германија со нож во грбот ја прободе еден Ариевец (Германец) кој не можеше да прифати дека оваа Балканка (Селеш) е подобра од ариевката (Германката) Штефи Граф!

   Па да прашам: што се сите вакви манифестации ако не излив на расизам и нетрпеливост дури и во врвниот спорт кон секого што потекнува од Балканот???

Австралија практикува мултикултурализам подолго од половина век, тоа не е спорно (Терминот мултикултурализам го промовира професорот на Австралискиот национален универзитет во Канбера од полско потекло Јержи Зубрицки). Но на политиката на мултикултурализмот и претходеше брутална асимилација на новодојдените доселеници (особено по 1945г.) кога веднаш по пристигнувањето со бродовите им даваа англосаксонски имиња и нов идентитет.

Бројни нацисти (од Германија, Украина, Романија…) беа згрижени и најдоа безбедно скровиште, далеку од правдата, на петтиот континент – со новиот идентитет, се разбира, со цел како искусни војници да се најдат (ако затреба) во првите редови за евентуален воен судир со надоаѓашкиот брутален сталинизам.

   И уште нешто за австралиската мултикулултура. За разлика од космополитска Канада, која и самата е земја на доселеници, малкумина на петтиот континент се свесни за еден принцип, или подобро речено практика, која е појака и од уставот и законите на Австралија, а тоа е дека процентот од вкупното население на континентот мора да се 60 % од англосаксонско потекло, а останатите 40% – се останати! И, не може да има отстапување од тој принцип, за што се грижи Федералното биро за статистика во Канбера. Ете така стојат работите!

   Случајот Ѓоковиќ многу ме асоцира и на еден настан во далечната 1988 година кога австралиските подземни служби монтираа инцидент пред генералниот конзулат од тогашна Југославија во Сиднеј. Имено, распадот на Федерацијата беше многу очигледен, а за да помогнат и тие да се забрза тој процес, австралиските служби инсценираа сериозен инцидент: младо момче, Хрват, влезе во дворот на конзулатот и се обиде да го запали државното знаме. Чуварот испукал  еден куршум  в о   в о з д у х  (!!!) за да ја исплаши веќе навлезената толпа (имаме непосреден сведок и очевидец на настанот кој живее во Скопје), а подземните австралиски служби одглумеа дека, наводно, од пукањето бил ранет еден демонсрант – на телевизиите го покажаа “ранетиот” како се смешка во болнички кревет (па ако си ранет со куршум не ќе да ти е до смеење, нели!?). Следеше затворање на конзулатот и протерување дипломати од обете страни, Но пропагандниот ефект сепак беше постигнаат на штета на обете страни!

   Пропагандниот ефект и во случајот со апсењето и малтретирањето на Ѓоковиќ со фашизоидни методи несомнено е постигнат, но најмногу на штетa на “демокреатска” Aвстралија, бидејки се множат реакциите и осудите и од пошироката домашна јавност, од локалните медиуми и глобално со осуда на однесувањето и на локалните власт на државата Викторија чиј главен град е Мелбурн, но и на федералната влада во Канбера бидејки ваков скандал навистина е без преседан.

   Во меѓувреме, после пет дена малтретирања по затвори и центри за емигранти, Ѓоковиќ на суд ја доби битката со политички (и не само политички) монтираниот случај и од притвор веднаш истрча на терен за да тренира и да си ја поврати формата пред почетокот на гренд-слем турнирот закажан за 17ти јануари.

   Но има уште еден екстремно важен детал врзан со скандалот во Мелбурн. Имено, според правилата: доколку некој тенисер е 10 пати победник на турнирот, неговата биста  м о р а  да биде поставена пред “Род Лејвер” тенискaтa аренa што, сосема извесно, некому ептен многу му пречело  дека тоа може да биде бистата на Балканецот Нован Ѓоковиќ

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top