Коментари

Во 2015 не случајно се појавија т.н. бомби и не случајно подоцна се сруши владата на Н. Груевски

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Македонска трагедија продолжува

Во последните години, поради спорот на САД и Русија околу Украина, постојано на линија на огнот се наоѓаат Србија, БиХ, Косово и Македонија.

Според Западот, овие земји се постојано на нишан на Русија која има намера тука да создаде кризни жаришта за да се одвлече вниманието од Украина. Оттука меѓудругото не случајно, проруските политичари во Бугарија, кои сметаат дека Крим во моментот е Руски, го одолговлекуваат приемот на Македонија во ЕУ, верувајќи дека еден ден Македонија пак ќе биде монета за поткусурување која ќе ги оствари нивните Санстефански соништа.

Во 2015 не случајно се појавија т.н. бомби и не случајно подоцна се сруши владата на Н. Груевски.

Мораше да се избере марионетската влада, која ќе ја подготви земјата за да послужи како монета за поткусурување доколку дојде до серија поделби и промени на границите во Украина и на Балканот. Оттука и подржката од надвор за да денес продолжи старо нова бинационална влада во која од 21 ресор 11 се Македонци и 10 Албанци.

Во време кога Канада ги опоменува своите граѓани без потреба да не патуваат во Украина, поради стационирањето на руска војска на границите со Украина и изјавата на Вашингтон дека Русија подготвува инвазија на таа земја доколку пропаднат преговорите со САД и НАТО, земјите на линија на огнот на Балканот се подготвуваат за наповолен развој на настаните.

Србија и Хрватска се вооружуваат, членот на претседателството во Босна и Херцеговина Мирослав Додик најавува повлекување од Одбранбените сили на БиХ и формирање на Војска на Република Српска, а лидерит на СДА, Бакир Изетбегович, најавува дека „ќе го подигне муслиманскиот свет“ (муџахедините) за да ги подржат Бошњаците. Исто така врие на северот на Косово, а Бугарија во Македонија гледа лесен плен за остварување на Санстефанскиот сон.

Политиката на Софија кон Скопје не се разликува многу од време на Балканските и двете светски војни, За жал владата предводена од СДСМ и ДУИ, подлегнува на политичките притисоци и игри на Софија, при што најдебелиот крај ќе го извлечат Македонците.

СДСМ како ништо да нема научено од војните на почетокот на 20 век кои на македонскиот народ му донесоа поделби на територијата, кавги, изгубени човечки и материјални ресурси.

Ни по три децении од независноста на Македонија, не беше снимен ниту еден филм кој би ги потсетил не само Македонците, туку и Бугарите, но и останатиот свет за поделбата на Македонија, на македонскиот народ, за предавствата и за ужасите кои ги претрпеле нашите претци. Можеби така ќе ги спречеше Заевистите да го сменат името, можеби немаше сега да бидеме доведени во оваа состојба кога иднината на државата е доведена во прашање.

Еве една сторија од Првата светска војна за нашиот народ, која некој може во иднина да ја искористи за одличен филм. Можеби токму оваа пишана сторија и покрај тоа сите кризи со кои се соочуваме, некого ќе го предизвика да размисли пред да направи нови непромислени чекори кои повторно ќе го поделат народот, земјата и ќе предизвикаат да исчезнеме како Македонци. 

Се работи за настан од Првата светска војна, кога бугарската армија по влегувањето во војна во 1915 година на страната на Централните сили и окупацијата на Македонија го мобилизирала таткото, а неговиот син останал да живее со бабата во Битола. Година дена потоа градот го освоиле сојузниците и синот останал од другата страна на македонскиот фронт. По дваесет години разделени со војната синот и таткото се најдоа во Битола. Еве што пишува авторот статијата потпишан со Н. за оваа битолска трагедија во белградска „Политика“ од 16.07.1936г.: 

„Се ова е неверојатно, сето ова личи на приказна, ама сето ова е вистина. Ристо Дамјанов(иќ) локален молер во улица Баштенска бр 6, се најде синоќа со својот син Ѓорѓи, кфалификуван мајстор во Војно-техничкиот завод во Крагуевац, после дваесет години, откако (Првата) сватската војна ги раздели. Тие одамна ја изгубија надежта дека ќе се видат. Мислејќи еден за друг дека веќе не се живи и дека светската војна како и многу други ги покосила.

Молерот Ристо Дамјанов(ич) го затекнала инвазијата на Бугарија во Битола, заедно со синот Ѓорѓи и мајката Марија. Жената му била умрена па бабата Марија се грижела за својот тригодишен внук Ѓорѓи. Меѓутоа непријателската власт го отргна Ристо од куќата – го земала во војска. Неговата мајка Марија останала да води грижа за малолетниот внук Ѓорѓи.

Во есента 1916 година Битола била ослободена. Бабата Марија со внукот Ѓорѓи, под налетот на непријателските гранати, избегале во Воден. Тука преставниците на нашите бегалци ги прифатиле, давајќи им помош во храна и други потреби за неа и внукот. Меѓутоа таа се разболе и ја пренеле во нашата болница. Со неа заедно болницата го прифатиле и Ѓорѓи. Таму наскоро старицата умрела.

Ѓорѓи, останувајќи без старател бил прифатен од г. др. Мишо Попович, лекар, и г-ѓа Даринка Груич, па бил одведен во Солун и подалеку во Мантон – Франција. По ослободувањето во 1919 година, Ѓорѓи со останатите деца – воени сирачиња, бил вратен во Белград – Кошутњак и после кратко време во Каменица – Срем – во дом за сирачиња –  задужбина на големиот добротвор на нашиот народ пок. Фротингам (Џон Фротингам – н.з).

Таму Ѓорѓи завршил основно училиште и два класа гимназија, па во 192 година бил испратен во Војнотехничкиот завод во Крагуевац, каде во 1929 година бил оспособен за државен мајстор и останал да работи.

Меѓутоа, Ѓорѓи постојано го копкаше да го побара и да го најде својот татко Ристо, меѓутоа за многу малку знаеше, само дека татко му се вика Ристо, мајка му Захарија и дека е роден во Битола. За мајка му знаеше дека е умрена.

Овие дена од управникот на Военотехничкиот завод добил неколку дена одмор. Наврзо дошол во Битола, каде го побарал својот другар од домот за воени сирачиња г. Јован Јованоч службеник на овдешниот окружен суд.

Двајцата се фатија за работа да го пронајдат Ристо, таткото на Ѓорѓи. Три дена се распрашувале за него. Меѓутоа без успех бидејќи не го знаеја презимето на Ристо (а Ѓорѓи се празивал по татко му – Ристиќ), неговата професија, нити било каков податок кој би им помогнал да го пронајдат.

Најпосле дојде спасоносна мисла, да по ова прашање побараат помош од црковните власти. Го знаат името на детето, мајката и таткото, па од протоколот на родените да најдат поблиски податоци. И навистина во книгите на црквата „Св. Димитрија“ најдоа дека на 26 јануар 1912 година родено дете Ѓорѓи од мајка Захарија и татко Ристо Дамјанови(иќ), овдешен молер кој живее во маалата Султанија во Битола. Морале да се обратат до битолската општина – од пописната книга за луѓето во Битола. Така тука пронајдоа дека во улицата Баштенска бр. 6 живее Ристо Дамјанови(иќ), молер. Оваа пак улица во турско време, покрај другите, влегувала во состав на именуваната маала означена во книгите на родените.

Повикан во општината и испрашан за тоа, Ристо изјавил дека имал син Ѓорѓи, меѓутоа од 1915 година ништо не знае за него.  Се сомневал дека воопшто е жив. Кога го донесоа Ѓорѓи и кога му рекле дека тоа е неговиот син, трогателна била сцената на средбата на таткото и синот после дваесет години. Топло прегрнати, видно возбудени и со солзи во очите, останаа на момент неми и без вборови. Бидејќи тој момент и без зборови нив многу им говорел….“

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top