Коментари

Рубинчо Видое Јованоски : АДИО ЗОКИ

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, а од неделата вечер и прва личност на извршната власт на Република Македонија уште на самиот негов почеток ќе има полни раце работа за да ги избрише лагите на момчето од Мургино.

Познато е како бел ден на Ковачевски дека мнозинството во законодавниот дом е на стаклени нозе, благодарение на влезот на партијата Алгериатива од албанскиот политички кампус на чело со Африм Гаши. Овде, иронијата да биде голема гласноговорниците нагласуваа дека мнозинството во законодавниот дом е стабилен со 6+ пратеници.

Но, за време на гласањето владата на Ковачевски доби доверба со тешко мнозинство од 62 гласа.

Зоче пред неговата оставка со свиткана кичма на преговорите со лидерот на алтернатива Африм Гашиги ги прифати сите негови барања со цел неговата матична партија да остане што е можно повеќе на власт.

Многу е жално што од барањата на Гашо, момчето од Муртино прифати меѓународен мониторииг за кривичните случаи под кодното име Моисгрум и диво насеље на себе.

Ковачевски го смени Никола Димитров во преговорите со Бугарија и на негово место го назначи Бојан Маричиќ.

На брифингот Димитров како мало дете “лелекаше” зошто е сменет од функцијата.

Во оваа прилика да не заборавиме дека на последната владина седница е разрешен и затвореникот Владо Бучковски како олеснувач во преговорите во нашата земја со источниот сосед.

На крајот новиот премиер на Република Бугарија Кирил Петков дојде во Скопје со најава за авиолинија помеѓу Скопје и Софија и продолжување на работите за изградба на ѓелезничката инфраструктура помеѓу 2-те земји.

Но, за жал тврдиот вето став на Бугарија кон нашата земја останува непроменет.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top