Коментари

Предизвиците со „македонскиот синдром“ на Бугарија – Може ли Кирил Петков да ги реши?

1omd

1omd1

Во пресрет на посетата на новиот бугарски премиер Кирил Петков во Македонија денес, престижниот Емерџинг Еуроп објави статија од Мето Колоски, претседателот на Обединета македонска дијаспора (ОМД).

thumbnail-img-9569-120x120 

Линк до статијата ОВДЕ.

Предизвиците со „македонскиот синдром“ на Бугарија – Може ли Кирил Петков да ги реши?

Во 1971 година, ЦИА го измисли терминот „Македонски синдром“ поврзан со интензивната преокупација на Бугарија со тврдењето дека Македонија е една и иста како Бугарија. Кампањата отсекогаш била распространета, а доби на сила за време на комунистичкиот режим, кога Бугарија беше советска марионетска држава. Западњаците никогаш не можеа вистински да ја разберат оваа чудна и невозвратена опсесија со Македонија.

Последователните бугарски влади во минатото се надеваа за обединување на македонски територии со Бугарија – и ако се цени по неодамнешниот протест во Софија, на кој беа истакнати постери на кои пишува „Македонија е Бугарија“, тогаш овој сон е жив и цврст меѓу општата популација.

За среќа, милиони не излегоа на улиците како во Грција пред повеќе од 30 години со натписите „Македонија е грчка“. На последните бугарски избори бевме сведоци на видеа на одредени политички кандидати со бесрамни територијални аспирации за македонски територии. Можете ли да замислите дека ова се случува и се толерира во земја-членка на НАТО и Европската Унија?

Бугарската политичка елита, историчарите и академиците, тврдат дека Македонците не се ништо друго освен западни Бугари, а нивниот јазик е западно-бугарски дијалект.

Ако Македонците и Бугарите биле браќа, зошто Кралството Бугарија во август 1941 година потпиша договор со нацистичка Германија за окупација на Македонија и експлоатација на македонските ресурси?

Зошто Бугарите не беа пречекани со раширени раце од Македонците, туку се спротивставија како фашистички напаѓачи?

Зошто бугарската војска уби над 25.000 Македонци ако се браќа?

Тоа е трагично минато, со кое Бугарија до ден денешен не сака да се помири и да се извини, вклучително и за депортацијата на 98 отсто од македонското еврејско население.

Камен на сопнување

Но, ајде за момент да ги ставиме на страна историјата и политиката за идентитет и да разговараме како да бидеме модел за пример во регионот.

Пред околу 30 години, на 15. јануари 1992 година, Бугарија стана првата земја во светот што ја призна независноста и суверенитетот на Македонија, поставувајќи домино ефект каде до 2018 година вкупно 140 земји го следеа примерот.

Денес, Бугарија е прв камен на сопнување, со директно вето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. За каква цел и во чиј интерес?

Таа не го блокира отворањето и затворањето на поглавјата или членството, што ќе трае веројатно со години. Таа го задушува процесот да почне. Прашањето е зошто.

Бугарската влада честопати се занимава со познатата практика на одвлекување на вниманието на сопственото население од проблемите дома преку поттикнување прашања со Македонија. Според најновиот извештај на „Евростат“, населението на Бугарија се намалило за 11,5 отсто во последната деценија – младите масовно заминуваат за подобри можности. Новоизбраниот премиер Кирил Петков има бројни предизвици со кои ќе треба да се соочи неговата администрација, вклучително и борбата против криминалот и корупцијата, владеење на правото, недоволна вакцинација против ковид-19, странските директни инвестиции и многу повеќе.

Ветувачка реторика, само на хартија?

Реториката што доаѓа од Петков изгледа ветувачка на хартија, но дали тој навистина ќе може да направи целосен пресврт со оглед на неговите коалициски партнери и екстремистичките позиции на бугарскиот претседател Румен Радев, кој бара Македонија да додаде Бугари во нејзиниот Устав?

Радев очигледно го крие фактот дека Бугарија 16 пати, да повториме – 16 пати, има добиено пресуди од Европскиот суд за човекови права дека ги крши човековите права на македонското малцинство во Бугарија. Досега немало случаи кога Македонија ги прекршила правата на Бугарите во Македонија изведени пред домашни или странски судови.

Да се вратиме на проблемот „Македонски синдром“.

Ветувачки е што Петков доаѓа во посета на Македонија денес, за да ја одбележи 30-годишнината од бугарското признавање на земјата, и останува да го видиме исходот.

Се надеваме дека тој ќе се претстави како некој што на македонските лидери гледа како на рамноправни партнери кои се дел од НАТО, а не како поранешниот премиер Бојко Борисов, кој зборуваше и ги навредуваше македонските лидери во многу наврати, или, пак, како поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој предупреди дека ќе ја испрати бугарската Армија во Македонија доколку не се исполнат нивните барања.

Во право е Петков што се прашува зошто нема директен лет меѓу Скопје и Софија, ниту воз меѓу двата града. Сега единствен начин да се патува меѓу двете земји е со автомобил или автобус. Побрзо е да се лета од Скопје преку Истанбул до Софија, отколку да се вози од Скопје до Софија.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

Малтретирањето не е европски принцип.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top