Коментари

Марија Емилија Кукубајска : МАКЕДОНЦИТЕ – ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО, СОСЕДИТЕ – ЗА КРИПТО НИХИЛИЗАМ

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Александар Стамболијски, премиер на Бугарија, во посета на Белград, ноември 1922 година, изјавил: „Жалам што Бугарија нема остров па таму да ги испратам сите Македонци. Тогаш би бил мир на  Балканот!“Овој говор на омраза, со признавање дека македонците не се бугари, е објавен во „Политика“, 16.02.1923. Но, македонскиот народ не е (на) остров, туку е историски дел од светските копна, иако анти-македонската политика перзистира низ нови геополитички агенди.

Историјата на македонскиот народ од пред еден век ја документира и комунистичкиот агент, Џон Рид. При посета на Софија 1915 година, Рид евидентира дека половина население само во бугарската престолнина, веќе две години го сочинувале македонски бегалци. Историски факт е дека Бугарија, само во една година, 1913-14, ја менува својата демографија со 350.000 ново прогонети македонци, бегалци од Егејска Македонија. Во 1914, вкупното население на Бугарија е 4.85 милиони. Од нив најмалку половина биле Македонци од револуционерната и образовната популација која дотогаш делувала или се школувала во Бугарија, и од геноцидот и егзодусот од Егејска Македонија. Во 2021, Бугарија има 6.5 милиони жители. Од нив, најмалку половина се по потекло Македонци, со бугарско државјанство од пред 120 години. Од овие демографски причини, непризнавањето на македонско малцинство во Бугарија е многу јасно. Бугарија е примена во ЕУ на 1.1. 2007, иако тогаш претседателот на Германија Роман Херцог предупредува: неспремноста на Бугарија за тоа членство ќе биде скандал и огромна фарса. Од тогаш Бугарија ги злоупотребува македонските граѓани од Република Македонија – лукративно им продава бугарско државјанство, и ги уценува да лажат: Сакаш да одиш по Европа? Пиши дека си бугарин, со бугарски предци.

Историски факт е дека македонскиот народ е злоупотребуван и пред и после Мировниот договорво Букурешт, 10 август 1913, откако со тој договор претрпел катастрофална поделба. Воените и цивилни жртви кај македонското население биле поголеми од целата Балканската лига – Бугарија, Грција, Србија. Иако точниот број намерно се крие, постојат податоци дека од 110.000 убиени во Балканските војни, повеќе од половината биле Македонци. Од цивилното население, најмалку 100.000 починале од болести и од политички ликвидации, и повеќето од тие жртви биле Македонци. Уште во 1915, две години по Втората балканска војна, бројот на Македонци бегалци во Бугарија, изнесувал повеќе од два милиона. Историски факт е дека прогонот на Македонците го врши окупаторската грчка власт во Егејска Македонија, но и српската во Вардарска Македонија. Документирани се бугарската и грчката асимилација, геноцид, етноцид, културен, јазичен и црковен прогон и непризнавање на македонскиот народ, и од граѓанската војна во Грција и од агендата за еутаназија на македонскиот народ со мирнодобски, добрососедски договори.

Историчарот од Мала Азија, Херод, Ирод, (Herod-otus), бил роден во Турција, Халикарнас, тогаш под Персиска управа. И таму јонските, грчки, племиња биле познати по културно пиратство и историски плагијати. Но, Ирод непристрасно запишал дека почвата околу реката Hebrus (Марица, Тракија, 1.000 години пред бугарската инвазија од Азија) не е поразлична од почвата околу реката Axius (Вардар, Античка Македонија, со Балканска историја постара од 10.000 години). Ирод констатирал дека Македонците го носат генот кој создал голема империја, додека Тракијците тешко формирале и локални заедници. Треба ли во 21ви век да се очекува дека ЕУ, како и Римската империја, ќе дозволува инвертирана селекција и неправеден третман на народите, културите, религиите и јазиците на европскиот континент, и посебно на милениумски стариот и денес современ народ во Европа, Македонците? Спрема теоријата на Ото Сик (Seeck), Римското „право“согледувало генетски разлики и спрема нив спроведувало селекција на наследните карактеристики. Рим се плашел од генетски умните народи и поединци во империјата. Рим отстранувал или убивал лица и казнувал провинции кои биле супериорни и динамични во своите интелектуални, културни, духовни и биолошки потенцијали, склони кон независност и слобода. Затоа Рим поставувал на позиции корумпирани и сервилни фигури, склони на споделуван криминал и трговија со културите и идентитетите. Денес една ЕУ членка не признава Македонци.

Откако во вековни конфликти и војни не успеала да го искорени моќниот македонски гениј, денес бугарската политика во ЕУ го уценува македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија со негирање на неговата посебна македонска историја, култура, јазик, образование. А во современата дипломатија, ниедна држава не смее да одлучува за јазикот и идентитетот на друга држава.  

Неспорни се историските факти дека пред инвазијата во Македонија и Тракија, (5-7 в.) бугарските племиња живееле во Азија и зборувале неевропски Котан-Сака дијалект, мешавина од хунски,  монголски, ујгурски и татарски дијалекти. Бугарските племиња верувале во азиското божество Тангра. Кога ја окупирале Македонија, Бугарите одбивале да зборуваат непознат македонски црквенословенски јазик, но, по два века научиле од македонскиот народ да зборуваат македонски. Бугарите примиле христијанство во Македонија, 864 г., скоро 9 века по мисиите на Св. Павле.

Договори со ултиматуми, резолуции со комисии за ревизија и укинување на историјата на македонскиот народ и неговиот автохтон, иманентен и еминентен идентитет – ќе преминат во гротеска на дипломатијата и трагична пародија на соседската политика кон Македонија, ако не се прекинат. Ако продолжи бугарското агресивно негирање и менување на македонската архивска документација, човековите права и демократијата во ЕУ ќе бидат сопствена антитеза во „бенигната империја на Европа“ така наречена од американскиот политички известувач, Роберт Каплан (Балкански духови), во интервју за Танјуг. Со Букурешкиот договор, Македонија е поделена, редуцирана и редефинирана, но во 21-ви век светската демократија не смее да дозволи финално бришење на македонскиот народ на македонска територија, во соседни земји, и во дијаспората. Интригите на соседите против Македонија не се виртуелно дигитална игра, туку конфликти и интриги со еден жив народ, Македонскиот. Еден премиер на Македонија, Заев најави: „Живи луѓе ќе јадам“ (?). Но, од историја имаат потреба сите народи, демократии и дипломатии. И македонскиот народ има своја милениумска историја, и негова цивилизациска должност е да го брани своето наследство. Македонскиот народ имал кралства, независни од елинските градови-држави. Низ историјата бил признаен од Персиска, Египетска, Римска, Отоманска империја, се’ до Обединетите Нации. Македонскиот народ не може да биде бугарска ниту грчка сопственост,  интелектуална, историска, политичка. Македонците не биле дел од бугарските племиња од Азија, ниту биле елински градови и трговско-рибарски населби кои запишувале: се’ е грчко каде стигнат.    

ЕУ и ОН во 21 век гарантираат слобода на самоопределување и универзални човекови права. Но,  една земја, Бугарија, пред лицето на нивниот модел за демократија – го тиранизира својот сосед, Македонија, со дрска, насилна, фалсификувана и неосновано антагонистичка политика. Во бугарскиот лексикон, „братски народ“ кон македонците постанува циничен атавизам преостанат од степско-племенски, колективистичко-комунистички или монархо-хегемонистички јазик. Во состојби на первертирана актуелизација на поимот братство, апсурдно е да се бара братство, а да се убива братот, криејки се зад „дипломатски“ маскирани (не)пријателски, не-добрососедски уцени и закани. Уценувачите со  автократски, анти-македонски договори се квалификуваат себе си како прекршители на меѓународното право и демократскиот легитимитет, меѓународен и соседски.

Некои научни, етимолошки толкувања на називот булгари, се засновани и на генетиката во името. Една квалификација е прото-туркоманска и значи мешавина, бркотница, потрес (bulģha). Друга има сродно значење: предизвикувач на побуни и немири (bulgak). Ако е европска одлика и во 21-от век да се дозволат немири и блокади за рушење на идентитетот на македонскиот народ, со методи на политички потреси и дипломатски збрки против неговото постоење, во своја македонска држава, тогаш членките на ЕУ, Бугарија, и Грција, се анти-демократски диктатори против човековите права на својот македонски сосед.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top