Коментари

Ламбе Арнаудов: Еколошко загадување на МАКЕДОНИЗМОТ

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

“Од кога ГОСПОД ја направил МАКЕДОНИЈА потоа ништо ново не создал, сé било само реплика на совршенството што личело на МАКЕДОНИЈА“

Ова стои во еден стар неколку векови запис во манастир што се наоѓа на брегот на прекрасно езеро.

Сега оваа чистотија, утринско ведра небеска бистрина е под закана од комплетно еколошко загадување на сé што личи на Македонија, нејзиниот народ, јазик, идентитет, историја, потекло, со еден збор кажано, комплетен брутален атак на МАКЕДОНИЗМОТ.

Луѓе на продажба, чии образи никако не можат да се калосаат, затоа што се КАЛЛИВИ родени, собрани во борд на злосторници во прв ред некои актуелни и поранешни функционери, премиери, претседатели, министри, претседатели на Собрание, универзитетски професори, академци, црквено свештеници, стопанственици, писатели, колумнисти и други подјармени суштества, управувани со историски застарена духовна технологија увезена од индустрискиот развиен свет и комшии, ниту кај нив ниту било каде во светот употреблива.

Овие бедници (далеку поразлични и поопасни од оние од романот на Виктор Иго) самопрогласени интелектуалци, кои својот ум го дале или продале на употреба и управување на непријателите на нашата татковина МАКЕДОНИЈА, се трансформираат во морони кои го изгубиле паметот.

Никогаш повеќе не ќе можат да размислуваат со својот ум туку ќе ги слушаат само заповедите на нивните наредбодаватели три пати поголеми трупци од нив. Ете до каде може да те донесе самопонижувањето.

Свесно од вашите усти направивте фабрички оџаци без филтри и постојано го труете и загадувате македонскиот воздух, без трошка размислување и патриотски резон, на својот народ место решенија му нудите само претпоставки, најчесто, поточно секогаш грешки, а потоа постојано се извинувате, но сега не на жртвата, својот народ туку на оние кои управуваат со вашиот мозок кој пак е во сериозен застој треперејќи дали доволно ефикасно сте ја сработиле зададената домашна  задача.

Еве, само еден пример тапчовци сте собрани во фабричките првостепени загадувачи.

Дали некогаш сте знаеле, или сега заборавиле дека ваквите формули од типот 4+1, 5+1, 6+1, финални решенија, се од ризницата на најголемиот загадувачи на народи во историјата, Хитлер и дружината. На што сте спаднале.

Како сте тргнале ни најсовремени филтри не можат да ви се вградат за да се прочистите. Не помагаат ни ЗЕЛЕНИТЕ.

ЗЕЛЕНИТЕ се со вас и се уште поголеми загадувачи. По сé изгледа од сé што е зелено поседувате само зелени глави, несозреани од топлото македонско сонце кое го затемнувате и го правите недостапно за луѓето навикнати на светлината на духот што им го внедриле нивните прадедовци.

Таму каде што разумот не функционира, филтрите прочистувачи не помагаат, треба да се разурнат и уништат фабриките на злото. Тоа ќе ве снајде.

Затоа што еден честит домаќин глава на семејството, кондураџија, земјоделец, учител, занаетчија, студент, средношколец, војник, офицер, било кој што умот го задржал за себе, правилно го употребил (употреба на умот) и не го продал на туѓинци да го управуваат, само еден од нив поединец е 100 пати посилен од сите вас заедно колку и да сте, клетници и отпадници.

На крај, со голема почит кон чесните новинари, им се обраќам на дел од носителите на ПИ АР-от на фабрикантите ЗАГАДУВАЧИ:

Тие, измет да ви сервираат слатко ќе го изедете и ќе се пофалите Леле колку убава торта сме се најале.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top