Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 158

Martin Trenevski 1

1martin1

ЏАМБАСКИ СО “ХАЈЛ ХИТЛЕР” ОТПОЗДРАВИ СРЕДЕ ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

1. На   меѓународната безбедносна конференција што неделава се одржа во Минхен, Македонија беше претставена на мошне високо ниво. Владината делегација ја предводеше премиерот Димитар Ковачевски, а таму беше и претседателот на државата Стево Пендаровски. Фалеше само Талат Џафери, претседателот на Собранието, па целото државно раководство да биде комплет претставено на настанот во Минхен.

   Судејки по прикажаното – Kовачески се обрати на конференцијата, а МНР Османи говореше на посебен форум, македонска прва виолина на настанот во Минхен сепак беше премиерот Kовачески. Следствено, се поставува прашањето што бараше Стево Пендаровски таму? Во меѓународната пракса не е познато дека премиер и претседател на држава истовремено присуствуваат на ист настан! Осем тоа, Стевовата делегација броеше најмалку шест лица: тој (не ми е познато дали ја носеше и сопругата му), најмалку двајца обезбедување, најмалку двајца советници и најверојатно службен фотограф за да остави траг за историјата, дека и Стево бил таму. Не знам дали Стево бил поканет на конференцијата – најверојатно бил, но сепак можеле да се искоординираат со Ковачевски кој да оди, односно кој би бил погoленмиот ефект дали да оди премиерот или претседателот!? За двајцата истовремено секако нема оправдување, Впрочем и Албанија и Бугарија на конференцијата беа претставени од нивните премиери, а ние – небаре сме Швајцарија (дури и швајцарците штедат) па отидовме со две делегации. А трошпците? Помножите колку чинат шест авионски карти, шест соби за по најмалку три ноќевања, исто толку дневници и попатни трошоци. Водиш ли сметка за овие работи Стево или суетата ти налагаше по секоја цена да бидеш присутен и виден на настанот во Минхен? Очигледно не е во прашање само суета туку и комплекси што се лечат на сметка на македонските граѓани!

2. Владеењето на правото е тема којашто постојано ни се наметнува како главен предуслов за почеток на разговорите за членство во ЕУ. И со право! Македонија ја зацврсти својата позиција меѓу челните земји на бројни листи според корупцијата и невладеењето на правото.

    Во мојот прилог Цртички….бр. 156 пишував за  конкретен пример за невладеењето на правото во нашата земја. Конкретно за нестатурарната смена на легитимно избраниот претседател на Соузот на синдикатите на Македонија и нелегитимното поставување на негова позиција со решение на министер со  што брутално е нарушена автономијата на синдикатите на Македонија.

   Очекував дека македонското “истражувачко новинарство” ќе се инспирира(!) од овој скандал и ќе истражува за околностите под кои се случил, но од новинарите – молк.

   Па еве, одлучив да им помогнам на неистражувачките новинари со конкретни информации за конечно да се позанимаваат со оваа тема:

   1. Последниот редовен и легитимен 19 конгрес на ССМ е одржан во мај 2015 на кој  е д н о г л а с н о  е избран за претседател д-р Живко Митревски;

   2. Mинистерката во техничката влада Фросина Ременски со решение бр 08 819/2 oд 14.11.2016 го менува легитимно избраниот претседател Митревски на кафански ручек, на лист хартија без печат и потпис…

   3. Тринаесет од вкупно 17 синдикати во писмена форма укажуваат дека не ја признаваат оваа смена!

   4. Според законот за владата вака донесениот документ е ништавен;

   5. Светската и Европската федерација на синдикатите на 23.11.2016 со писмо бараат поништување на решението на Ременски и устоличувањето на негово место на Дарко Димовски,

   6. Министерот Ибрахим Ибрахими со писмо до Централниот регистер бара да се  брише Димовски и го поништува решението на Фросина Ременски  за смена на Митревски!

   7. Во управна постапка легитимниот претседател д-р Живко Митревски добива две пресуди во негова корист и тоа У-5 бр1773/2017 од 04.04.2019 и на Вишиот  Управен суд УЖ-3 бр 1114/2019 од 18.06.2020.

   8. Иако согласно чл 13 и чл 87 од Законот за управни спорови правосилните пресуди се задолжителни, Централниот Регистар не постапува по нив и не ја спроведува пресудата на Вишиот Управен суд која е конечна.

   Дали овие податоци се доволни “истражувачките новинари” да се позанимаваат со флагрантното кршење на слободата на организирање и автономијата на синдикатите – ќе видиме. А со несвикувањето на редовен конгрес (се доцни две години) даваме на бриселските бирократи дополнителен аргумент за невладеењето на правото во Република Македонија.

3. Неодамна американските власти им вратија на бугарскиот конзлат во Њујорк прекрасно сочуван антички шлем од четврти век пред нашата ера, откриен од диви копачи во Бугарија и прошверцуван во САД. По доказната постапка дека навистина се работи за илегално продаден антички шлем на црниот пазар на антиквитети, американците го одзеле и одлучиле да го вратат за земјата каде бил најден.

   Овој случај по кој знае кој пат го актуелизира проблемот со (не)враќањето на светскиот раритет познат како Кратерот од Коречница, кај Демир Капија, оценет како еден од десетте највредни артефакти во светот.. Имено, диви копачи во 1992 година откриле пребогата кралска гробница кај селото Коречница, меѓу останатото со извонредно редок бронзен сад, познат како Кратерот од Корешница. Кратерот, бил илегално изнесен од Македонија (Новинарката Мирка Велиновска своевремено во ФОКУС тврдеше дека тоа го сториле Бранко Црвенковски со тогашниот американски амбасадор Батлер), продаден е на аукција во Швајцарија за шест милиони долари и денес е во приватната колекција на богатото еврејско семејство Шелби-Вајт Леви во Њујорк. Новите газди изјавуваат дека се спремни да го ни вратат кратерот доколку Македонија понуди докази дека е најден кај нас, што е скоро невозможно бидејки за неговото пронаоѓање дивите копачи не оставиле никаква документација.

   Соевремено познатиот археолог Паско Кузман тврдеше дека работи на враќањето на кратерот од Корешница, но за сега од тоа нема ништо!

4. Бугарија не била фашистичка земја и фашистички окупатор на две третини од Македонија. Рака тврди званичната бугарска историографија, а така е запишано и во бугарските учебници.

   Арно ама таквите учења и ставови ги демантираше на многу театрален начин токму Бугарин, и тоа членот на Европскиот Парламент Ангел Џамбаски. Именуваниот напуштајки седница на ЕП отпоздравил со подигната десна рака во стилот “Хајл Хитлер”. Значи, не станува збор за непријателска пропаганда на Скопје, како што не ретко тврдат во Бугарија, туку очигледна манифестација на чувствата на новиот претседател на бугарската партија ВМРО-СМС Досегашниот претседател на таа партија Красимир Каракачанов – за кого поранешниот државен секретар во МВР Слободан Богоевски потврди дека  кога студирал во Скопје бил врбуван од македонската УДБА, поднесе оставка по поразот на последните парламентарни избори во Бугарија.

Ете, драги мои, со кого си имаме работа и кои снаги ги кочат нашите евроинтеграции!?

9123123

На сликата: Европратеникот Ангел Џамбаски поздравува во стилот “Хајл Хитлер”

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top