Коментари

Молитвите се што побргу да сопре војната во Украина!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

По воениот напад на Русија врз Украина Македонија треба да превземе низа мерки за да не биде затечена во иднината. 

Уште во 2015 година тогашниот американски државен секретар Џон Кери одговарајќи на прашање на сенаторите за растечкото влијание на Русија во Европа одговори дека Македонија, Србија, Косово и Црна Гора се на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва“. Денес, некои аналитичари сметаат дека денес Русија може да се обиде да ги прошири своите активности во БиХ, преку поранешните членки на варшавскиот пакт Романија и Бугарија. Единствен излез од кризата е договор меѓу Рисија и Украина.

На 24 февруар 2022 година Русија ја нападна Украина од воздух, земја и море, една од најголемите воени агресии на територијата на Европа по Втората светска војна. Според Москва се работи за специјална воена операција која има за цел да изврши „демилитаризација и денацификација“ на Украина“. Како причини за акцијата на Москва се сметаат: зголемените притисоци врз руското и русофонското население од страна на радикалната украинска десница, постојаниите напади на отцепените региони Доњецк и Луганск, желбата на Киев да стане членка на НАТО и покрај постоечките согласности дека НАТО нема да се шири во Украина, како и со најавата на Киев за создавање на свој атомски арсенал што би била закана за Москва бидејќи тие ракети со атомски глави би можеле за неколку минити да долетаат до главниот руски град пред да можат  руските сили да реагираат.

Ваквото однесување на Киев се смета дека се потикнати од Вашингтон кој заедно со членките на НАТО пред 23 години, исто така на ден 24-ти, во март 1999 година, извршија агресија на тогашната СР Југославија без одоброение на Обединетите Нации. Воената операција на НАТО траеше од 24 март до 10 јуни 1999 година, при што беа оштетени и уништени бројни инфраструктурни објекти, училишта, зсраствени установи, медиумски куќи, амбасади, цркви и манастири и т.н, при што загинаа меѓу 500 до 1200 луѓе.

Војната на Косово и нападите на НАТО на тогашна СР Југославија, ја користи Владимир Путин како факт за да ги оправда своите постапки во Украина пред осудите на лицемерниот Запад. Имено, не само што ја нападнаа СР Југославија, истите тие, под името на заштита на човековите права, носење демократија и хуманизам, своето вистионско лице го покажаа во БиХ, СР Југославија, Ирак, Авганистан, Либија, Сирија.

Додека како последица на нивните воени дејства во овие земји беа огромен бран бегалци, загинати и повредени, како и разурнати домови, институции и др., дотогаш Западот профитираше од продажба на оружје, потоа давање кредити за обнова на земјите, како и користење на ресурсите кои не се нивни.

Македонија и Македонците одамна се изложени на лицемерната меѓународна заедница, како Западна така и Источна. По Втората светска војна, иако во сите три дела на поделена Македонија македонскиот народ учествуваше во антифашистичката борба, на Македонецот не му беше дозволено да се обедини во вистинските географско-етнички граници, а во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија беше изложен и на воена агресија и асимилиација.

Врз македонските партизани од Егејска Македонија за првпат Западот употреби напалм бомби.

Светската историја нема забележано народ кој бил изложен на толку многу терор, измачувања и истребувања како македонскиот народ.

Ваквиот однос продолжува и денес, кога Македонците за да опстанат, мораа да станат членка на НАТО и ЕУ но со сменето име, а сега Бугарија подржана пак од тие сили бара да ни се одземе идентитетот и јазикот!!!? Македонскиот народ согледувајќи како под притисок на Западот го изгуби својот суверенитет (без негова желба променето име, а сега на распродажба идентитетот, јазикот и историјата) ги намали своите симпатии кон него. 

Имено, Македонците беа изложени од агресија во 2001 година од страна на терористи (подоцна борци за чивекови права) кои доаѓаа од северозапад, претежно од територијата контролирана од КФОР, како „награда“ бидејќи за време на Косовската војна во 1999 година згрижи над 360.000 бегалци.

Војната се водеше по линијата на замислениот нафтовод АМБО.

Македонците денес сочуствуваат со страдањата на Украинците, кои се втурнати во војна за да се спречи гасоводот Северен ток 2 од Русија кон Германија, но и се згрозени од ирационалниот напад на Русија, као и тоа дека се против на промени на границите.

Македонија треба да биде загрижена по случувањата во Украина и треба да превземе низа мерки за да не биде затечена во иднината, бидејќи уште во 2015 г., тогашниот американски државен секретар Џон Кери одговарајќи на прашање на сенаторите за растечкото влијание на Русија во Европа одговори дека Македонија, Србија, Косово и Црна Гора, се на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва“. Инаку, некои аналитичари сметаат дека денес Русија може да се обиде да ги прошири своите активности во БиХ, преку поранешните членки на варшавскиот пакт Романија и Бугарија.

Единствен излез од кризата е договор меѓу Рисија и Украина

Ако се има предвид дека меѓудругото Русија бара НАТО да се повлече во границите од 1997 година, како и нејзините интереси на Балканот, тогаш може да се согледаат и активностите на проруските елементи во Бугарија против Македонија, кои ја сонуваат руската Санстефанска Бугарија.

Не е првпат Софија преку ноќ да смени страна.

Македонија не смее да истрчува со договори со Бугарија бидејќи светот не е ист како пред нападот на Русија врз Украина. После Кубанската криза во шеесетите години, светот повторно е исправен пред нова светска војна. Можеби разумот ќе превладее за да не се случи нуклерна војна, но промените на границите во Украина ќе ги зголемат апетитите на Турција против Грција, на Србија да го врати Косово, на Албанија да го припои Косово, на Република Српска да се припои кон Србија, на Бугарија кон Македонија и т.н. Сето ова, покрај Украина и Балканот го прави буре барут спремно да експлодира.

Оттука, молитвите се што побргу да сопре војната во Украина, да сопре страдањата на народот и да се вратат сите раселени здрави и живи дома и лудаците од едната и друга страна да не го притиснат копчето кое ќе го уништи светот.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top