Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 159

Martin Trenevski 1

1martin1

НАСЛОВ: УКРАИНА – КОЛАТЕРАЛНА ЖРТВА НА СОПЕРНИШТВОТО МЕЃУ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ

Ретко кој можеше да претпостави дека во првата четввртина на 21от век, во срцето на Европа ќе се случи крвава војна која според жртвите (цивили и војници), но и употребената воена техника и опрема запрепастува до вчудоневиденост, а засега не и се гледа крајот!

После долги натегања и убедувања со таканаречениот Запад, поконкретно со воениот сојуз НАТО (чија членка е и Република Македонија) не беше постигнат договор и се случи најлошото: Претседателот на Руската федерација Владимир Путин нареди инвазија на Украина од копно, воздух и море.

Да се разбереме, без и најмала помисла да завземам став меѓу завоените страни во овој конфликт – Руската федерација и Украина, поаѓам од онаа – народната: “И за љубов, и за кавга, треба двајца”. Но морам да го изразам моето чуство на почит и длабоко жалење и кон двете страни што дојде до конфликтот бидејки обичен народ страда, a крajoт на конфликтот е сосема неизвесен!

Македонија и ние македонците сме благодарни и тоа никогаш не треба да и го заборавиме на Украина за помошта што ни ја даде (се разбира, ние плативме за тоа) за да се спротивставиме со оружје на балистичката агресија во 2001 година од тогај протекрторатот на ООН Косово! При тоа и самата Украина беше изложена на силни притисоци од страна тоа да не го прави (Државната секретарка Кондолиза Рајс лично патуваше во Киев за да притиска Украина да престане да го прваи тоа). Со оваа земја не врзуваат илјадагодишни  културни и духовни контакти (да не заборавиме дека македонскиот цар Самоил испрати свештеници и фрескописци во Киев да го промовираат православието како вера и глаголицата како писмо, а најстарите тамошни цркви и манастири се фрескоживописани во стилот на охридските цркви и манастири). На претседателот Путин пак сум му лично благодарен што во неколку наврати јасно кажа дека православието и писменоста во средновековна Русија дојдоа од  М а к е д о н и ј а, а не од Бугарија, што ги доведува бугарите до лудило!!!

Но зошто тврдам дека Украина е колатерална жртва на соперништвото помеѓу Западот и Истокот? Украина по распадот на СССР се ориентираше кон Западот со главни приоритети – членство во ЕУ и НАТО. Земјата, заедно со Грузија отворено и упорно настојуваше да постане членка на НАТО, но таа опција долго време не беше прифатлива за Алијансата. Впрочем, познат е критичкиот став на Русија за проширувањето на НАТО! Русија не сака да го има НАТО на своите граници, а на таа тема им порачува на американците: како ќе се чувствувате вие ако инсталираме наши ракети во Куба, Венецуела или Никарагва, или во Канада и Мексико???? Колку за потсетување: знаеме како помина Грузија со таквото настојување што ја испровоцира Русија воено да интервенира и дојде до отцепување на делови од нејзината територија.

Но Западот немаше слух за руските барања и континуирано испраќаше оружје и воени инструктори во Украина.

До своевидна кулуминација на нетрпението со Украина и Западот дојде во 2014та година кога Русија го анектира Крим, што по распадот на СССР Москва го користеше со финансиска надокнада од 1,5 милиони долари годишно. Но, во јавноста протече информација дека ЦИА и понудила  на Украина на САД до го изнајми полуостровот со сите објекти: пристаништа, сервиси, подземни бази за подморници и сл. со што беа запалени црвените светла во Москва бидејки тоа ќе значеше ненадоместив удар за Руската средоземна флота.

Друг мотив за континуираното настојвање да се ослаби Русија е непрегледниот Сибир – пребогат со енергенти, руди и минерали на кои Западните мултинационални кмпании  со голем апетит би сакале да стават рака.

Но има уште нешто што допрва ќе дојде до израз, а тоа е фактот што мразот на северот на континентот се толи и тие води ќе бидат проодни за воден сообраќај. Русија има 12.000 километри излез на северните мориња, а со тој воден пат се скратува патувањето на бродовите од Атлантикот кон Јапонија и остатокот на Азија за дури 10.000 километри. Можеме да претпоставиме колкави се тоа заштеди и профити.

Токму тоа се мотивите за континуираните притисоци економски и воено да се ослабне Русије и по можност да се отцепи Сибир, а како сретство за остварување на таа цел се ракетите што би биле поставени во нејзиното непосредно соседство, пред се во Украина, што Русија нема намера да го дозволи што се виде со воената интервенција што е во тек.

Русија даде 21 милион жртви според едни, а помеѓу 25 и 26 милиони жртви според други извори и сосема јасно е дека нема така лесно да се повлече од настојувањето да се одврати НАТО да дојде на нејзините граници. Впрочем, токму и заради тоа сметам дека Украина е колатерална штета на сценаријата на Западот за разнебитување Русија.

Но, денес Русија не е онаа Русија од времето на Јелцин и не исклучувам во сегашниов конфликт да употребени уште поубиствени средства. Ваков воен расплет предвиде уште пред десетина години воениот аналитичар Мирослкав Лазански кој предупреди дека ракети испукани од територијата на Украина на границата со Русија би можеле да стигнат до Москва за само четири минути!

Конфликтот трае, а обичниот народ страда, се крие во засолништа без храна и лекови, или бара спас бегајки во соседните земји. Па зарем мислите дека нокој во Хаг, Париз или Берлин се загрижи за обичните украинци кои гледаат да спасат жива глава? Ни случајно!

Владата на Македонија најави дека ќе понуди помош на Украина во оружје (!?), лекови и други материјали. Но би и сугерирал на Владата да понуди сместување на самохрани мајки, сирачиња од војната и други ранливи категории и така да покажеме солидарност кон страдалниот Украински народ.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top