Коментари

Расцепот во православието причина за војна во Украина

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Расцепот во православието, каде еден славјански не признава друг славјански народ и  неговата црква, умешно го искористи светскиот полицаец. За да го врати својот примат во светот империјата во залез под паролата дека „православието преставува поголема закана за западната цивилизација отколку муслиманите..“ и користијќи ја методата раздели па вледеј (divide et impera) потикна два славјанска народа да влезат во братоубиствена војна.  

Верувајќи дека Западот ќе им помогне, Украина не се повинува на барањата на Моаква и ја предизвика со најавите за влез во НАТО и за нуклерна валкана бомба што резултираше со Руска воена интервенција. И додека православните славјански браќа се убиваат меѓусобно, а славјанската крв се лие по плодната украинска рамнина, огромна река од неколку милиони бегалци се слева кон земјите членки на ЕУ, која ќе биде нова робовска снага во Западот.  

Да не беа разединети православните држави, немаше да дојде до војна, а воената индустрија на империјата пак немаше да профитира продавајќи им оружје во огромни количини како на Украина, така и на самите земји членки на НАТО. Истовремено немаше да профитира и остарената ЕУ која се подмладува со образовани бегалци од Украина од кои голем дел сигурно нема да се вратат во своите разрушени домови и таму ќе работат за мали пари.  

Всушност Москва му помогна на НАТО и ЕУ.

Со својата интервенција таа ги сплоти членките на Алијасата и со продажбата на оружје, енергенси, храна и лекови ги поптпомогна заспаните и колабирани економии на САД и ЕУ поради пандемијата: Најголеми губитници се Украина, која ќе има огромни материјални штети и човечки загуби, потоа Русија која покрај економските штети и човечките загуби нема да го обнови панславизмот и нема да го оствари сонот за Третиот Рим.     

Инаку, уште од средниот век, по пад на Константинопол, Москва се обидува да стане Третиот Рим, центар на православието и последната тврдина на вистинската вера. Во втората половина на 19 век Москва повторно се обиде со панславјанското движење, за да ги обедини славјанските народи под концептот на Третиот Рим. Западот смета дека оваа идеја и денес  ја обликува надворешната политика на Москва, која вели дека Русите и Украинците се еден народ, во две држави, слично на односот на Бугарија кон Македонија.

Ваквиот пристап на Москва како и нејзиното непризнавање на Украинската православна црква – Киевска патријаршија, создаде отпор кај Украинците и погодно тло за империјата во залез, позната уште како светски полицаец,  да го поттикне Киев на постапки кои Москва ги сметаше за закана и поради што на 24 февруари 2022 година изврши воена агресија врз Украина,

Историски гледано, Украинскиот како и Македонскиот народ, постојано бил цел на напади на разни војски, Причина за ваквите напади како и извршените неправди врз Македонците и Украинците е положбата на нивната територија која се наоѓа на важни раскрсници и нивниот излез на море. Разни војски поминувале низ овие краишта, ги освојувале и ги управувале, ги делеле и го оспорувале нивното суверено право да управуваат со својата земја.

Дури кон крајот на 20 век, двата народи својата независност ја стекнале во 1991 година, по распадот на СССР и СФРЈ. Во текот на тридецениската независност и двете држави се соочија со воен конфликт, а Украина беше единствената држава која ја помогна Македонија со оружје за време на воениот конфликт во 2001 година. Без разлика на тогашниот мотив на Украина, без разлика што денес Македонија е членка на НАТО, Македонија има морална обврска да и помогне на Украина, но и да работи за да се прекине братоубиствената војна.    

Европа, со поддршката на Украина и испраќањето на воената помош на Киев само ја влошува состојбата и овозможива да продолжи непотребното крвопролевање. Затоа таа мора да извлече поука од случувањата во Украина, да согледа својата одговорност, со оглед на фактот дека го изневери Киев и допринесе за огромните загуби во таа земја. Исто така треба да има на увид дека пристапот на Москва кон Украина не се разликува многу од однесувањето на Бугарија кон Македонија, со што, покрај БиХ и Косово, Софија го прави овој регион невралгичен. ЕУ мора да ја спречи Софија со тоа што Македонија и земјите од Западен Балкан ќе ги интегрира во ЕУ. 

На ова предупреди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој во своето неодамнешно обраќање пред Советот на Европа во Стразбур ќе истакне: „Изминатите два дена, слушам од нашите украински колеги за страдањата со кои се соочуваат. Слушајќи ги овие шокантни сведочења, можам само да направам паралела со судбината и негирањето на македонскиот народ, и вековните спорови со нашите соседи кои биле и се поголеми и помоќни. Со векови нашите соседи ги оспоруваа Македонците како посебна нација, култура и посебен македонски јазик. Ние бевме жртви и протерувани за време на балканските војни и за време на грчката граѓанска војна, и конечно оспорувани во 21виот век. Негирањето на украинскиот јазик и тезата дека Украинската нација се творба на Ленин и комунистите е слична со тезата за негирање на македонската нација и јазик и тезата дека Македонците се творба на Тито и комунистичката коминтерна. Оспорувањето и омаловажувањето на двете нации и јазици има многу сличности и симболика, дури се употребуваат и истите зборови. Ова не беше случајно, што дури и големиот филозоф Францис Фукујама, авторот на легендарната „Крајот на историјата и последниот човек“ вели дека има многу сличности во наративите користени против Македонија и Украина и негирањето на Македонците и Украинците“. 

Иако е членка на НАТО и декларативно ја поддржува Украина, Бугарија како држава која е создадена од Москва гаи големи симпатии кон Русија, која впрочем и ја создала бугарската држава. Оттука не случајно што истата му наоѓа бугарски корени на Путин кој како и Бугарите застапува слична теза, меѓудругото дека државата на Украинците е производ на Коминтерната. 

Корените на Путин го открива, како што пренесуваат медиумите, проф. Д-р Добринка Раичинова. Таа вели дека истражувајќи ја гинеалогијата на рускиот претседател наишла дека потекнува од бугарскиот град Чипровци. Имено во Историјата на Бугарија од Иречек се наведува дека во востанието во овој град во 1688 година едно момче од семејството Путин, кое го преживеало масакрот и пребегнал во Русија и се населило во Санкт Патербург. 

Но, истражувајќи ја историјата на Чипровци, во слободната енциклопедија на бугарски јазик Уикипедия, наидовме на податок кој се повикува на истражување на бугарски историчар, дека во втората половина на XVI век, во Чипровци се населиле голем број православни Албанци, за кои некои бугарски истражувачи сметаат дека се „Бугари од Македонија“ (мислат на  Македонци), повикувајќи се на богослужбата на црковнословенски јазик спомната во изворите. Исто така се вели дека некои од бегалците кои избегале во Унгарија по востанието во Чипровци во 1688 г. продолжуваат да се идентификуваат како „Арнаути“,  

Во недостаток на свои синови и во недостаток на свои јунаци, очигледен е обидот на Софија да и се додвори на Москва, Таа го присвојува Путин за свој, исто како што прави со сите македонски дејци и со македонската историја. Меѓутоа, интересно е што никој врз основа на изнесените факти за Чипровци не се прашува дали постои можност дека Путин покрај бугарско, можеби има македонско-арнаутско потекло со оглед на неговата генетика (за разлика од соседите тој е паметен и не е прост, исто така воинствен  е и голем стратег). Инаку Арнаутин, незначи дека е Албанец, туку и православен припадник на македонските  славјани  од  Албанија. 

Двојните стандарди на Западот кои на виделина ги изнесе војната во Украина, треба да не загрижат, особено кога имаме соседи кои не ни го признаваат името, јазикот и идентитетот. Треба да не загрижат најавите на Софија дека ќе го стопираат гасоводот кој носи руски гас за Србија и Унгарија, со што ќе се нарушат нивните односи. Уште повеќе треба да не загрижува македонската марионетска влада која е способна се да распродаде само за да се задржи на власт, како и извештрајот од пописот од есента 2021 година. Со е можно и со евентуалните пописни игри, преку ноќ без војна да биде извршен геноцид врз Македонците, без испукан куршум да бидат истребени од земјата. 

Затоа, Македонци бидете на штрек!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top