Коментари

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Асанж Ве бара на втората линија господине Бајден

 Страшо АНГЕЛОВСКИ

Џулијан Пол Асанж е австралиски новинар и семрежен активист, најпознат по неговата работа на мрежното место Викиликс кое го основал во 2006 година. Од тогаш на Викиликс има објавено стотици документи во кои, спротивно на официјалните тврдења на американската администрација, ги разобличува војните во Ирак и Авганистан. Прогонуван од американската администрација, на 16 август 2012 година добива азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да, штом на 11 април 2019 година, Еквадор му го укинува азилот, тој е уапсен од британската полиција.

Со страшно влошено здравје, Асанж повеќе од две години се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш, каде очекува да биде екстрадиран во САД. Таму, според гарантираната слобода на говор, заради објавените вистини, Асанж се соочува со затворска казна од 175 години.

Од затворот, упорно, со месеци, се обидувал да стапи во телефонски разговор со претседателот на САД Џо Бајден, но заради презафатеност, телефонот постојано го префрлал на втората линија. Затоа, на 23 март, на денот на неговата венчавка во затворот, решил да го обелодени писмото испратено до американскиот претседател Бајден. Писмото во целост:

“Почитуван претседателе,
Веќе неколку месеци се обидувам да ве добијам на телефон, но апаратот постојано ме префрла на втората линија. Верувам дека сте презафатен со демократизација на светот и алтруистичко снабдување со тројно поскап гас на нашите европски партнери, па затоа е така. Па, се чудам, до каде може да оди Вашата подготвеност да страдате заради партнерите и пријателите, па сте подготвени дури да ја платите цената за болниот прекин на руски гас за Европа. Лично Вие. Хумано од Ваша страна, нема што. Но, се прашувам, ќе знае ли некој да ја цени таа Ваша несекојдневна добрина?

А сега,во неколку точки ќе ви напишам што сакам.

1. Најпрво да Ви посакам добро здравје бидејќи уште долго ќе му требате, како што самите велите, на слободниот свет за да го водите во битката против се’ поизразените недемократски режими. Само внимавајте на скалите на претседателскиот авион бидејќи се многу лизгави.

Кога сме кај здравјето, сакам да верувам дека памтењето уште добро Ве служи. Па, се сеќавате ли на Белград? Оној Белград чие бомбардирање, според вашите горди зборови, сте го предложиле? Се сеќавате на малата Бојана, едно од стотиците деца кои тогаш загинаа, чија мајка, или, според Вас, родител два, се’ уште и после 23 години секое утро оди на нејзиниот гроб. И секое утро Ве преколнува (тоа е еден стар, архаичен, традиционален балкански обичај), но сега, слушам се подготвува да замине во соседната држава, во Македонија, па на нотар да го смени полот и да стане татко, или, родител еден. Е тогаш, може да стане опасно и за Вас и за Вашата демократија, па од клетви да премине на пцости.

Како сте по дома? Како е син Ви Хантер? Предлагам да пие Билобил, зашто гледам почнал да заборава, па и лап топот го заборавил на сервис. Сосем доволно, оние, непријателите на демократијата да видат што се’ правел во Украина, нормално, како вистински син и со Ваша помош и притисок врз тамошните демократски власти. Не ќе е лошо да присоберете стотина милиони долари и да формирате некоја фондација за мир со неговото име, зашто како тргнал со биолошко оружје во украинските лаборатории, можеби еден ден ќе му затреба. И Нобел најпрво почна со динамит, нели?

2. Кога сме веќе кај Украина, јас сум убеден но сепак, Ве молам заземете се Зеленски секако годинава да го добие Оскарот за споредна машка улога, заради неговата веќе легендарна сцена со излитено ванелче со куси ракави среде украинската зима, каде ги кажува веќе култните зборови “дајте ни оружје, дајте ни уште оружје“. Или тоа беше Нобелова награда за мир, ќе ми простите, знам, беше едно од двете.

3. Се радувам што сте го укинале оној Достоевски, кој со секирата на Раскољников е инспирација за крвникот Путин, па и Толстој, кој со неговото дело “Војна“ е првиот геополитички стратег на Русија. Зашто народот не знае дека дури при американскиот превод на англиски јазик на насловот на книгата и беше додаден зборот “мир“, па сега сите ја знаат како “Војна и мир“. За да не ги мразат крвожедните Руси ширум светот заради десетиците, после книгата на Толстој, започнати војни – оние во Ирак, во Либија, во Виетнам, во Никарагва…

И, доколку некој се осмели да рече дека тоа е недемократски, кажете му дека имате еднаков аршин за сите – дека го укинавте и “Петар Пан“ за да не се навредуваат индијанците што ги истребивте и ги сместивте во резервати, па и слончето Дамбо, за да не се навредат луѓето со црна боја на кожата со чии животи, како со животи на робови тргувавте. Тргувавте, ама не како оние недемократине со комунистички државно формирани цени на било што, туку со либерално наддавање на пазарот на живи робови. Најдемократски.

4. Најсреќен сум што успешно се справивте со најжестоките планетарни терористи – руските спортисти и им забранивте настапи насекаде. Па, можам само да замислам едно кревко руско девојче, три-четиринаесетгодишно, со руса коса и тело како самовила, облечено во светкаво фустанче, што настапи на олимпијадата во Пекинг во уметничко лизгање, како, обучено во камповите на КГБ, за секунда ви го сече вратот со острата лизгалка. Затоа, добро е што тероризмот го сосекувате во корен.

Инаку, не стасав да гледам, како заврши во неделата трката во Формула 1, во Џеда, во Саудиска Арабија? Онаа Саудиска Арабија што пред неколку дена изврши нова воена агресија во веќе седумгодишната војна во Јемен.

5. Бидејќи имам многу слободно време во демократскава институција каде се наоѓам, читам, во некоја држава на Балканот, Македонија, некои терористи што се обиделе да го спречат Вашето малку погрубо инсталирање демократија добиле вкупна казна затвор повеќе од 220 години. Па, си велам, терористи беа или оперски певци, глумци и гајдаџии, кога јас самиот, во најдемократската држава на светот успеав да заработам 175 години. Ама пак, кој ми е виновен – или сум направил погрешен потег во вистинска држава, или вистински потег во погрешна држава. Па, си замислувам, да го сторев ова во Русија, или во Кина, досега седум Нобелови награди ќе добиев – за мир, за литература, за економија за… Дури можеби и еден Оскар како Зеленски.

6. И за крај. Поттикнат од она вирусот против кој се бориме веќе две години, оној де, што Вашиот син Хантер го создал додека јадел лилјаци во Украина ( ќе ми простите можеби пак измешав нешто), ќе Ве замолам да воведете задолжително миење раце барем 20 пати дневно. А, би Ве советувал и Вие лично да го практикувате тоа. Ќе ме прашате зошто?

Ова го видов во една кланица каде се колеше крупен добиток. Вработените на секое само ги миеја рацете. Кога ги прашав зошто така, ми одговорија – ЗАШТО КРВТА БРЗО СЕ ЗАСУШУВА НА РАЦЕТЕ, СИНКО!!!

Да живее демократска Америка
Ваш 175-годишен должник, Џулијан Асанж“

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top